Во периодот 1996-2007 да не претерам но сум пропуштил околу 10-тина трки. Значи незамисливо беше за мене секоја втора недела да не се нацртам пред телевизорот и да се нервирам или да се радувам ко луд.
Е сега, последните 2 години Ф1 е чисто срање преку кое единствено се перат пари.
Сите ги испофаќаа со финансиски и којзнае какви скандали, изменија 100 правила со што и ја изедоа душата на Ф1, возачите станаа како роботи, ги отстрануваат легендарните писти како Индијанаполис а сега и Силверстон, да не зборам за Спа Франкосамп.Мене ми е јасно дека спонзорите и парите го вртат спортот, но ова се претвори во циркус. Маса го забуби првенството лани наместоно, кога двајцата клошари се пропуштија меѓу себе за да Хамилтон за 1 бод избие пред Маса... итн, итн, итн...
Само уште Шумахер фалаше да се врати во друг тим освен Ферари, па сега ни 1 трка не планирам да гледам.