Формула 1 сезона 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување

Дали правилата конечно ја направија Ф1 интересна и рамноправна?

  • Да

    Гласови: 86 41,3%
  • Не

    Гласови: 122 58,7%

  • Вкупно гласачи
    208
Браун ГП (поранешна БАР Хонда)
17. Батон
18. Баричело
BAR Honda > Honda Racing > Brown GP:wink:
-сезонава што следува....јас мислам дека ќе нема тим којшто нема да забележи победа...како што рече џиш,ист мотор,иста коњажа,иста тежина,мењач и тн.само штелувањето,возачот и стратегијата со гориво одлучуваат....
-сите возат со исти гуми 3 сезони уназат....bridgestone:nesum:
 
А трките со Шумахер беа интересни? Значи тебе интересно ти е да се знае кој е победник на шампионатот уште од 8 трка. нц нц нц

Ми беа интересни од проста причина што навивав за Шумахер :wink:. Меѓутоа ако си прател Формула 1 (а мислам дека си прател) тогаш исто така ти е познато дека Шумахер секогаш одеше на победа. Значи и тие неколку сезони кога не беше шампион тој секогаш возеше агресивно (рака на срце понекогаш и премногу агресивно), за разлика од Хамилтон кој ако направи разлика во поени на почетокот од сезоната, потоа цела сезона калкулира и оди на сигурно. Е од тој аспект не сакам такви возачи и новите правила ќе го направеа првенството поинтересно. Меѓутоа како што кажаа погоре правилата ќе се воведат од следната (а не од оваа година) па затоа ќе видиме што ќе биде дури во 2010.
 
во ерата на шуми,не гледав ф1 поради него....предосадно беше некако....
 
Ми беа интересни од проста причина што навивав за Шумахер :wink:. Меѓутоа ако си прател Формула 1 (а мислам дека си прател) тогаш исто така ти е познато дека Шумахер секогаш одеше на победа. Значи и тие неколку сезони кога не беше шампион тој секогаш возеше агресивно (рака на срце понекогаш и премногу агресивно), за разлика од Хамилтон кој ако направи разлика во поени на почетокот од сезоната, потоа цела сезона калкулира и оди на сигурно. Е од тој аспект не сакам такви возачи и новите правила ќе го направеа првенството поинтересно. Меѓутоа како што кажаа погоре правилата ќе се воведат од следната (а не од оваа година) па затоа ќе видиме што ќе биде дури во 2010.

А се сеќаваш како се заеба Хамилтон пред две сезони? Се префорсира последната трка во Бразил и се заеба. Иначе да не беше Хамилтон пак ќе гледавме досадни трки (или можеби Маса vs Кими).
 
А се сеќаваш како се заеба Хамилтон пред две сезони? Се префорсира последната трка во Бразил и се заеба. Иначе да не беше Хамилтон пак ќе гледавме досадни трки (или можеби Маса vs Кими).

Па мислам дека се префорсира баш заради тоа што постепено ја губеше предноста во генерален пласман. Башка тоа му беше прва сезона така што немаше искуство, а и самиот не се надеваше дека ќе стигне во позиција да се бори за шампионска титула. Меѓутоа тоа што го успушти пред 2 сезони предходната го доби (на ваков или онаков начин). Што се однесува до вториот дел од постот мислам дека немаше да гледаме досадни трки. Баш напротив ќе постоеше ривалство меѓу Фернандо Алонсо и двоецот на Ферари, а можеби и Кубица ќе добиеше шанса. Во секој случај едвај чекам да започне новата сезона и поради фактот што сите велат дека Браун ГП (порашна Бар Хонда) се исклучително брзи оваа година, па ме интересира како на тоа ќе одговорат старите добри гиганти:vozbud:.
 
Кој датум започнува F1 сезоната ?
 
Ова крајно бесмислено предлог правило на недела дена пред почетокот на сезоната од страна на ФИА е едногласно одбиено од сојузот на на Ф1 тимовите, но за оваа сезона .. 2010 можно да биде подетално разработено и воведено ... :jaj:
 
Мислам дека предлогот и не е лош. Така би гледале повеќе борба за прво место, а не педерско возење постојано на 2 - 3 то место и ссобирање бод по бод.
 
може некој да направи посебна тема за оваа Ф1 сезона со убав вовед па да има место каде што ќе можеме да водиме дискусија:):smir:
 
ок, не е проблем само прашав, нов наслов и готово:smir:
 
многу глупо...никој од возачите ни хамилтон ни маса, кими не се согласиле! - Зошто?
А што ако на пример маса победи на 6 трки, а хамилтон е 6 трки втор, останатите немора да ги вози више:toe:нека влезе резервниот, пропаѓа цела сезона натака?
не дека нема теоретски шанси него се намалува борбата мислам...
Според мене најдобро ќе е да ги стават бодовите
1. Прво место - 12 бода
2. Второ место - 8 бода
3. Трето место - 6 бода
Вака ќе има поголема разлика од 1 и 2 место така да ќе биде значајно дали си тепал или си втор:toe:моментално 10 и 8 и не е некоја разлика
 
јас не би се замарал многу со бодувањето мене ми е убав и стариот начин:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom