Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
има ли нешто ново со вардар???нови играчи???
 
има ли нешто ново со вардар???нови играчи???

Нема ништо ново. Засега единствено официјално засилување е Вандаир, а се очекува деновиве да се официјализира и пристигањето на останатите фудбалери од Работнички.
 
Вардар и Пелистер главни неплаќачи!!!
Вкупно осум клубови се санкционирани со по 1.000 евра и забрана за трансферни активности, покрај овие два прволигаши казнета е и Брегалница, а од второлигашите казнети се Беласица, Новаци, Локомотива, Влазерими и Влазними

Голем број наши клубови, три прволигашки и пет второлигашки, не си ги плаќале картоните "заработени" во текот на оваа есенска полусезона. Па затоа дисциплинскиот комесар Зејди Салиу пред новогодишните празници по автоматизам ги изрекол следните санкции. Прволигашите Вардар (Скопје), Пелистер (Битола), Брегалница (Штип) и второлигашите Беласица (Струмица), Локомотива (Скопје), Новаци (Новаци), Влазними (Струга), Влазерими (Кичево), се казнети со по 1.000 евра. Притоа им се забрануваат сите трасферни активности сe додека не само ја платат сумата која ја должат за жолтите и црвените картони туку и ја платат и казната од 1.000 евра, која им доаѓа како камата.

Од убаво поубаво..... казни од сите страни фрчат.
 
Номадските преселби во мак-фудбалот завршуваат

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F2EB3DD11D550E46B16030B722CBAC46

Неизвесно е дали „црвено-црниот“ дрес во иднина ќе го носат Роберту Карлуш и Зе Карлуш Фиљу, кои доаѓаат во Македонија, но можно е да заминат во Тетекс.

Добро е, може две дрва помалку да дојдат. Сеа уште да испадне некако да не дојдат и Фабио и Марсио, и ќе биде одлично :)
 
Ајде СРЕЌНА НОВА ГОДИНА и од мене, па 2011 да биде многу попродуктивна и посреќна од 2010 :)

Што се однесува до бразилциве и јас се согласувам со Гоксо, слободно нека одат во Тетекс, Ринија или Локомотива, нас вакви продавачи на крофни од Копакабана не ни се потребни...
 
sega ke lupaat kazni za da lapnat paricka bidejki vleze braco

seuste braco ne e oficijalno vlezen vo vardar

:icon_mrgr

И јас се согласувам дека не ни требаат гореспоменатите Бразилци, но ме загрижува тоа што ќе го пропуштиме Секуловски и особено Богатинов. И кој ќе ни брани на крај???
Ќе останеме со лептириве или па ќе дојде наркоманчето... :tapp:
Битно го осигуравме Бојовиќ :)
 
Sto s umarate koa ne ispagjame od leto zdravje so mn pojaki igraci i da celime kon titulata najmala raka liga evropa
 
:icon_mrgr

И јас се согласувам дека не ни требаат гореспоменатите Бразилци, но ме загрижува тоа што ќе го пропуштиме Секуловски и особено Богатинов. И кој ќе ни брани на крај???
Ќе останеме со лептириве или па ќе дојде наркоманчето... :tapp:
Битно го осигуравме Бојовиќ :)
Шо ќе ти го Љаки!? И тој врска нема. Нека оди слободно во Тетекс. По таа лева страна добро би било да вратат едно младо дете од Локомотива, Стојанов ми се чини беше. Добар играч. Не знам зашто го пуштија да си оди.
Богатинов добро би било да се задржи, ама се надевам дека и доколку не успеат, ќе се најде адекватна замена за него.
И една ексклузивна информација. Брацо преговарал и со Баже Тодоровски, што играше за Ренова, а е всушност наше дете, да дојде во Вардар. Само моментално очекува да ги добие документите од Романија за да стане слободен играч.
 
Па помеѓу него и Ристов сигурно би го избрал Љакито :)
Искрено не знам кој е овој Стојанов, али Љаки би ни дошол добро бар до крајот на оваа полусезона па после нека крши глава...
Реално не останува некој квалитетен голман, кој би можеле да го земеме. Ако не успееме да го донесеме Богатинов, ондак незнам кој би ни бранел. Голманот на Работнички што бранеше против нас Димитровски (или како и да беше) би требало да биде наша мета, но сепак мислам дека Работнички ќе си го задржат. Имаат и уште еден добар млад голман, Кандикјан, па може и него да го лапнеме :)
Од нашиве не бива ништо, ако веќе не се најде тука голман, Брацо треба да донесе некое засилување од Србија на пример...
За Баже Тодоровски, ќе биде одлично ако дојде, и токму вакви засилувања ни требаат во овој момент. Истотака, приоритет треба да биде задржувањето на Настевски и Фако и особено потпишување на договори со нив, за кога ќе си заминат од кај нас да лапнеме некој денар а не како досега...
Што е со Глигор Глигоров???
Игра ли некаде :raz:
И Костуранов каде е во моментов???
 
Настевски веќе има исписница од Брацо во џеб за ако најде трансфер да оди, а ако не најде ќе остане до летоска, така да пари од Иван не гледаме.
 
Па помеѓу него и Ристов сигурно би го избрал Љакито :)
Искрено не знам кој е овој Стојанов, али Љаки би ни дошол добро бар до крајот на оваа полусезона па после нека крши глава...
Реално не останува некој квалитетен голман, кој би можеле да го земеме. Ако не успееме да го донесеме Богатинов, ондак незнам кој би ни бранел. Голманот на Работнички што бранеше против нас Димитровски (или како и да беше) би требало да биде наша мета, но сепак мислам дека Работнички ќе си го задржат. Имаат и уште еден добар млад голман, Кандикјан, па може и него да го лапнеме :)
Од нашиве не бива ништо, ако веќе не се најде тука голман, Брацо треба да донесе некое засилување од Србија на пример...
За Баже Тодоровски, ќе биде одлично ако дојде, и токму вакви засилувања ни требаат во овој момент. Истотака, приоритет треба да биде задржувањето на Настевски и Фако и особено потпишување на договори со нив, за кога ќе си заминат од кај нас да лапнеме некој денар а не како досега...
Што е со Глигор Глигоров???
Игра ли некаде :raz:
И Костуранов каде е во моментов???

Првиот чека трансфер во Чешка а вториот моментално настапува за Фк Скопје .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom