Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Објавено е и на фејсбук, па ете и овде официјално првото засилување е играчот кој не доведе до најголемите успеси, Дос Сантос Вандаир!
Па сега не би рекол баш дека не доведе до најголемите успеси. Да, во поновата историја може, ама купот и првенството од бивша Југославија се сепак најголеми успеси на клубот.
Инаку, од Работнички се повлечени сите играчи на Брацо, освен Фернандо, Фабио и Богатинов (за него поголеми се шансите да замине негде во странство), и тренерот Стратев. Брацо остварил разговори и со Настевски и Ѓурѓевиќ, па ако не одат во странство, остануваат во Вардар.
 
Значи Брацо почнал да крои планови за иднината на Вардар,ајде нека донесе добри играчи и се надевам во новата година ке тргне на добро!
 
Ѓурѓевиќ на Фејсбук има слики со дрес и тренерки на Ленс, можно е да остане таму, нели беше на проба во ПСЖ. :kesa:
 
Поповски се раздружи со Брацо!!!
"Она што сакав летото да го направам го сторив сега, со Слободан Вујчиќ - Брацо се разделуваме најкоректно и најпријателски. Ова го сторив во интерес на сите, во интерес на Работнички, на Брацо, но и во мој интерес. Клубот и натаму ќе ги има истите амбиции, секоја година да атакува на највисок пласман и редовно да настапува во фудбалска Европа", вели првиот човек на "романтичарите", Драган Поповски
И дефинитивно и официјално од вчера Слободан Вујчиќ - Брацо нема повеќе никакви конекции со Работнички, со екс трикратниот шампион и двократен освојувач на Купот и најдобриот клуб во Македонија за последните десет години според ИФФХС. Ова ни го соопшти првиот човек на Работнички, Драган Поповски, по интензивните разговори и преговори кои ги водеше лично тој со Брацо изминатиот викенд.
Прекината соработката и со Стратев
Од вчера Работнички остана и без шеф на стручниот штаб. Зоран Стратев и официјално, како што ни потврди Поповски, не е веќе прв стратег на екипата. Значи по една и пол година Жути не е повеќе во Работнички.
"Со Стратев се знаеме долго време, можеби повеќе од 30 години. Лично го почитувам и како човек, но и како тренер. Овој потег што го направив е во интерес на Работнички", посочи Поповски.
Што се однесува, пак, до Стратев, неофицијално тој можеби својата тренерска кариера ќе ја продолжи во Вардар. Но за тоа место конкурира и стратегот на Тетекс, Тони Јакимовски.

извор: http://www.sport.com.mk/?ItemID=45188F5671212C44A45E41DFAD539081
 
Сега само ќе им држи место на помладите. Реално гледано, Вандаир е далеку од оној што беше 7-8 години.

Таа е реалноста... Мислам дека неговото присуство и искуство може да биде од голема корист за тимот, но не би требал да се форсира само поради името. Во моментов Настевски и Ѓурѓевиќ (доколку останат) ни се подобра солуција од Вандаир, но како што кажав, мислам дека супер би бил како back-up варијанта. :)

Поповски се раздружи со Брацо!!!
"Она што сакав летото да го направам го сторив сега, со Слободан Вујчиќ - Брацо се разделуваме најкоректно и најпријателски. Ова го сторив во интерес на сите, во интерес на Работнички, на Брацо, но и во мој интерес. Клубот и натаму ќе ги има истите амбиции, секоја година да атакува на највисок пласман и редовно да настапува во фудбалска Европа", вели првиот човек на "романтичарите", Драган Поповски
И дефинитивно и официјално од вчера Слободан Вујчиќ - Брацо нема повеќе никакви конекции со Работнички, со екс трикратниот шампион и двократен освојувач на Купот и најдобриот клуб во Македонија за последните десет години според ИФФХС. Ова ни го соопшти првиот човек на Работнички, Драган Поповски, по интензивните разговори и преговори кои ги водеше лично тој со Брацо изминатиот викенд.
Прекината соработката и со Стратев
Од вчера Работнички остана и без шеф на стручниот штаб. Зоран Стратев и официјално, како што ни потврди Поповски, не е веќе прв стратег на екипата. Значи по една и пол година Жути не е повеќе во Работнички.
"Со Стратев се знаеме долго време, можеби повеќе од 30 години. Лично го почитувам и како човек, но и како тренер. Овој потег што го направив е во интерес на Работнички", посочи Поповски.
Што се однесува, пак, до Стратев, неофицијално тој можеби својата тренерска кариера ќе ја продолжи во Вардар. Но за тоа место конкурира и стратегот на Тетекс, Тони Јакимовски.

извор: http://www.sport.com.mk/?ItemID=45188F5671212C44A45E41DFAD539081

Што во превод значи "нов тренер на Вардар"... :)
 
Ako Vandair prodolzi da igra kaj nas kako sto igrase vo Rabotnicki dosega, mozam slobodno da kazam deka e podobro da igrame so igrac pomalku otkolku da e on na teren. Go kazuvam ova svesno poso gledav nekolku natprevari na Rabotnicki polusezonava, a i mi imaat kazuvano lugje sto gi pratele site nivni utakmici. Ne znam za vas, ama jas premnogu sum razocaran od slucuvanjata vo Vardar, pogotovo od negovite "navivaci" koi im se raduvaat na site onie na koi do pred nekoe vreme im vadea paroli, peeja pesni (megju koi i JORDE NARKOMANOT!!!! a se povekje lugje srekjavam koi bi bile zadovolni dokolku se vrati!).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom