Ај јас ќе пробам да одговорам иако не сум еден од оние кои несакаат стечај, но од друга страна и не сум ни од оние кои само во стечајот го гледаат единственото решение. Најпрво незнам какви ви се тие споредби со Фиорентина и со наполи. Ако убаво ме држи сеќавањето двата клуба доживеааа банкрот и од најниските лиги заитааа кон сериа а. Немаше тука никаков стечај, никаква ликвидација

Потоа, ова е Македонија. Значи тврдам, дека ниеден спонзор нема да сака да инвестира во клуб од четврта лига. Сите вбикате ќе најдеме спонзори, те овие те оние... Абе убаво е да се каже, ама реалноста е сосем друга

За да прогчласиме ликвидација и да создадеме нов клуб, некој треба тоа да го направи. Кој ќе го направи тоа??? Кој ќе прогласи стечај, кога во моментов немаме управа. Искрено во последниве неколку години немам три чисти кој ни се во управа. И да се прогласи стечај, кој ќе не дигне одново од мртвите? Некој ќе треба да се постави како лидер а такви во моментов немаме :raz:
Брацо судски се врати и тоа е неоспорно, и за некое време он ќе биде тој лидер, а сигурен сум дека ќе има некои други замисли. Се прават мучки по лигиве, ненајавено се очекува дека и вторите екипи од третите лиги ќе влегувааат во втора, а тоа само наведува кон проширување на лигите. И самиот ваљда има некое предзнаење дека клубот ќе остане административно во прва лига.
Единственото што мене ме интересира е што би станало кога два клуба би се фузирале. Тогаш би требало да се избришат долговите :raz:
Брацо е длабоко влезен во Лисиче, и тимот се гура за после да се направи нешто меѓу нашите два клуба (дали ќе им ја лапнеме некако лиценцата за настап во прва лига, ако се пласираат), или фузија врска немам...
А ќе се навратам и малку поназад кога некој ме праша зошто сум очекувал некој од државата да ни го покрие долгот???
Овој долг е направен и по вина на државата. Сто пати биле пријавувани криминалните дејствија во Вардар, илјадници пати сме излегувале по телевизии и сме ги кажувале матните зделки, па никој иако тоа им е обврска не ги реши случаевите. Зависиме од долг кој ни самите не знаеме дали постои и колкав е...
Кога ќе добиеме лидер, и кога ќе излезе на прес да каже се, е тогаш ќе заживееме како клуб, дотогаш не стечаи, не ликвидации не петти лиги, ни Мајка Јана не не соасува.
Бтв зошто Пандо веќе неколку меча не е во соатавот??? Во моментов сме уште послаби, а гледам во Тетово не играл ниту Ристов. Исто така многу дискутабилна одлука, е што во првото полувреме Џони го извадил од игра нашиот најдобар дефанзивец годинава,
Бојан Георгиевски, за да влезе уште помладои дете. Нешто ми мириса тука, игра кој сака, кој сака го снемува па се појавува, а никој не излегува да каже ДОСТА Е!