- Член од
- 21 јули 2007
- Мислења
- 10
- Поени од реакции
- 0
ajde ako moze poveke podatoci okolu studiranjeto tamu i mene me iteresira
Koj ти е братучед бе??братучед ми е на Американ.....многу е лесно за изш однапред даваат прашања( барем кај него на смер-финансии), али малку повеќе ги замараат со проекти али сепак немаш многу за учење.
ТОЕФЛ тест можеш да полагаш на повеќе места ( зависи каде ќе се регистрираш и каде ќе има термин и место). Оди на www.ets.org регистрирај се за полагање( само внимавај термините се многу ограничени) и да, треба да платиш 150 долари.koga se upisite obicno i koga treba da se polaga toefl test i kade
Го има бројот на нивната страна. јави се,ќе ти објаснат се.Видов тоа, но сакав нешто посвежи информациии.
Thanks anyway. :smir:
Koj ти е братучед бе??
Баш на финансии не даваат прашања.Јас сум тој смер. Само еден предмет дадоа али треба сам да си ги одговориш.
Иначе наставата...Ако сте поише студенти ве делат на групи не поголеми од 40-50 души и слушате предавање во различни термини.Предавањата ги држи професор зааедно со асистент.Нема шкртања по табли и такви ствари туку презентаци на power point со проекторче.Секад даваат практични примери од материјата шо се изучува или кажуваат лични искуства.По секој предмет(скоро по секој) треба да се направи семинарска или па некој есеј да се пише.Некад треба и проекти да се прават(претежно у прва),5-6 души заедно у power point презентации.Носат понекогаш и гости предавачи од фирми или некој јавен сектор. Има 3 предавања од 45 минути споени у едно со 10 минути пауза измеѓу.Значи денес на пример имам само економија и толку, па утре друго предавање задутре трето и тн.Присуството е задолжително за редовните студенти.Дозволени се 3 одсуства од еден предмет(9 предавања инаку МОЖЕ да не ве пуштат на полагање.Али мислам дека може да упали некое оправдање овде.
Униформи нема.Има само ID картички.
Професорите имаат супер однос со студентите.Ептен ко другари да ти се се понашаат.Си пијат кафе со тебе у бифе,помладиве и асистентите и у град понекад идат со нас.Се шо ти е нејасно моеж да си идеш у канцеларија кај него и да ти објасни а некој и мобилни даваат за да се јавиш ако у тек на учење имаш нејаснотии некои.
Има опција за студирање у странство само не сум сигурен дали после 1ва или после 2ра година.Имаш Американ Колеџ у Елада,у Швајцариа у Америка и уше неколку земји беа не ми текиња сеа.
За плаќањето...Јас коа се упишав(2006) беше 2000еура. и у тие 2000 ти е платено СЕ.Единствени трошоци одпосле ти се 100денари за ID картичката и 60денари мислам за изнамујвање книга од библиотека за цел семестар.Имаш и попуст од 10% за плаќање у готово и 10% фамилијарен попуст.Е сеа е сменето нешо.Фамилијарниот мислам го нема више али овој за у готово си постои.Има и некои измени за библиотеката али незнам тачно како е пошо за мене важат тие правила шо биле коа сум се упишал.
За полагањето испити. Имаш Midterm и Finals.Првите се полагања на пола материјал(нешо ко колоквиум ќе му дое) а вториве као на цел испит али тоа само ако паднеш на првиот(мада и тоа не е секад така).
Е сеа,ако паднеш на "колоквиумиве" имаш уште една шанса да полагаш цел испит(тие од прв семестар у јуни а тие од втор у септември) и ако пак паднеш плаќаш 200еур за предметот и го слушаш од почеток. Али и ова немора да значи дека мора да биде така.Годинава математика дадоа + 2 испитни сесии.
Толку ми текиња у моментов.Ако ве интересира нешо друго пововелелелетееее.....