- Член од
- 8 декември 2008
- Мислења
- 643
- Поени од реакции
- 41
P-S-G скоро сите навивачки песни кои што може да се слушнат по нашиве спортски арени без разлика дали станува збор за фудбалски кошаркарски или ракометен натпревар се увезени од надвор! Да точно е тоа дека во Комити сакаме да расчистиме со ѕвездашите и со партизановците, меѓутоа песните што ги пееме и ние а можат да се слушнат и од Делије и од Гробари не значи дека се измислени од нив. Колку за пример многумина не обвинуваа дека "Оооооо, Вардаре ти си живот моооооооој, чука и срце за овој град ..." ни е украдена од навивачите на Панатинаикос кои што ја пеат под наслов Horto Magiko () меѓутоа се испостави дека песната потекнува од израелската тифо сцена, што значи дека цел балкан копира и краде песни од остатокот од светот. А што да кажаме за PAOKARA !!!??? Сите сме анти-грци, па вие ја препееавте за вашето Ѓорче, и Фемили си ја препеаа за нивниот МЗТ, а утре можеби и ние ќе измениме два три збора па ќе ја пееме и за Вардар и не гледам што е тука проблемот!
Да направиме разлика меѓу препевување од една страна и прекопирање од друга. Значи ја сум против овие вториве и мислам дека сите песни од каде сака нека се увезени што се прекопирани не треба да се пеат, мислам дека ме свати.