Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ова штотку осамна на fаcеbook па се чувствував должен да го споделам и со вас!
26955_384025966379_12245646379_3619777_3379078_n.jpg
 
Ова штотку осамна на fаcеbook па се чувствував должен да го споделам и со вас!
26955_384025966379_12245646379_3619777_3379078_n.jpg


хах, и ја прееска налетав на оваја слика, ама имаше уште една боња од оваја, нешто за АнтиСрбомани . Т.е. дечурлаанава наши што се попалени по србиве
 
Немаат ништо боље фудбал од нашиот а се палат на нив :tapp:
Ај можам до некаде да ги разберам оние што имаат некое српско потекло (ма да и ја иам) али овие другиве бе не можам да ги сварам никако.....
 
Нека не се пишува постови за тие србоманчиња да не се трошат за џабе страници...чим се напалени и дркаат на нив:tapp: тоа сигурно ние нема да го смениме на форум..
 
^^^ Не ми се верува дека од оваа посрана утакмица извадивме две клипчиња. Баш претходно се зачудив зашто во првиот клип го нема навивањето од вториот дел. Мислам дека максимално ја увежбавме новата песна за следните дуели, и иако напочетокот малку зарибуваше после се беше совршено. Одлично навивање во вториот дел!
 
Добра песна дефинитивно.

Дај напишете го рефренот, не го разбрав најубаво:)
 
Добра песна дефинитивно.

Дај напишете го рефренот, не го разбрав најубаво:)
Скопје е градот кој го сакам
За Вардар јас живеам
Тука сум роден јас
Тука и ке умрам
Таква е мојта судбина...

Реф. Лала ла ла ала

Минавме многу години
Заедно јас и ти,
На запад приказни,
многу запишани
и желби не остварени

Реф. Лала ла ла ала

Играјте црно црвени,
Играјте за Комити,
За сите Скопјани ,
Верни навивачи,
Сонот да ни се оствари...

Реф. Лала ла ла ала
 
Скопје е градот кој го сакам
За Вардар јас живеам
Тука сум роден јас
Тука и ке умрам
Таква е мојта судбина...

Реф. Лала ла ла ала

Минавме многу години
Заедно јас и ти,
На запад приказни,
многу запишани
и желби не остварени

Реф. Лала ла ла ала

Играјте црно црвени,
Играјте за Комити,
За сите Скопјани ,
Верни навивачи,
Сонот да ни се оствари...

Реф. Лала ла ла ала
Супер е песнава, ко пролетно освежување доаѓа

Може и да се сними на почиста снимка, да грми подобро....или на стадион со повеќе души :)
 
Супер е песнава, ко пролетно освежување доаѓа

Може и да се сними на почиста снимка, да грми подобро....или на стадион со повеќе души :)
Тука само еден дел е по различен од тоа што го пееме на трибина
 
Симов ги спасуваше "црвено - црните"!!!
*Иако "црвено - црните" по исклучувањето на Вајс 30 минути имаа играч повеќе, далеку беа од посакуваната победа
Скопското дерби на "Филип Втори" заврши без победник, но и без голови. Главна карактеристика на овој натпревар е тоа што Вардар одигра сосема очекувано на реми, момците на стратегот Илчо Ѓорѓиоски, впрочем како и досега оваа пролет, играа да не загубат по секоја цена. На моменти мислеа на противничкиот гол, но далеку беа од евентуален триумф иако дури 30 минути играа со играч повеќе откако во 60. минута Мирослав Вајс, стоперот на Металург, беше исклучен поради втор жолт картон. Металург треба да жали за останатите два бода. Избраниците на Жикица Тасевски имаа повеќе од играта, создадоа неколку шанси за гол, но повторно потфрли кај нив реализацијата. Ова е трето реми по ред за "железарците", малку за амбициите за овој клуб.
На почетокот од средбата се чинеше дека Вардар е тој што ќе ја диктира играта, што ќе инсистира на три бода. Во 12. минута Артим Положани беше во продор, мина 2-3 гостински фудбалери, но неговиот шут од 12 метри беше непрецизен. Во 28. минута, првата поголема шанса за Металург. Трајчев изведе слободен удар од околу 30 метри, нафрли остро во петерецот на Симов, но голманот на Вардар со прекрасна парада ја спасува својата мрежа, исфрлајќи ја топката во корнер. Во 44. минута Ејупи е во продор во домашниот шеснаесетник, и место да асистира до Костовски и Илијоски, тој се одлучи да шутира од тешка ситуација и, јасно, погреши. Во следната акција на гостите Илијоски се најде очи во очи со Симов, шутира, но голманот на Вардар уште еднаш покажа одлични рефлекси, уште еднаш го спасува својот тим.
Вториот дел од овој натпревар почна со шансата на Јове Костовски. Тој од околу 10 метри со "ножички" шутираше кон голот на Симов, но топката за малку заврши крај десниот дирек на голот на Вардар. Да не биде без ништо, и на спротивната страна имаше какво такво изненадување. И овој пат Положани се одлучи да шутира во 53. минута од околу 15 метри, но и овој пат неговиот шут беше далеку од каква било закана за голот на Јорде Георгиевски. Во 60. минута поради остар старт, капитенот на Металург, Мирослав Вајс, доби сосема заслужено втор жолт картон и од страна на судијата Владимир Кипријановски беше предвреме испратен на "ладење". Но ни тоа не беше којзнае каков знак за "вардарците" да тргнат порешително кон противничкиот гол. Уште повеќе, Металург беше тој што тргна по останатите два бода. Но, напаѓачите на оваа екупа повторно потфрлија. Костовски, па Миле Крстев и сосема на крај Баже Илијоски беа во можност, но никако не успеаја да го пронајдат патот до мрежата на одличниот Горан Симов. Па така на крајот, по последната свирка на судијата Кипријановски резултатот гласеше 0:0.


ВАРДАР - МЕТАЛУРГ 0:0
Стадион: Национална Арена "Филип Втори" во Скопје. Гледачи: 800. Судија: Владимир Кипријановски (Скопје). Помошници: Марјан Кировски и Тони Стојановски (Скопје). Делегат: Абдула Сахипи (Липково). Ж. Картони: Мојсов, Положани, Трипуновски (ВАР), Георгиевски, Димитровски, Вајс, Крстев, Ејупи (МЕТ). Ц. Картони: Вајс 60' (МЕТ).
Играч на натпреварот: Горан Симов (Вардар).
ВАРДАР:
Симов 3
Илиевски 2
Симовски 2
Митрев 1.5
Милевски 1.5
Мојсов 2
Ристов 1.5
(65' Христов /)
(83' Арб. Нухии /)
Положани 1.5
Ард. Нухии 1.5
(52' Ѓурѓевиќ 1.5)
Трипуновски 1.5
Настевски 1.5.

МЕТАЛУРГ:
2 Георгиевски
2 Петковски
2 Лазаревски
2 Михајловиќ
(2 Ѓуриќ 57')
2 Димитровски
2 Вајс
1.5 Трајчев
(2 Цветановски 77')
2 Крстев
1.5 Ејупи
1.5 Костовски
(2 Костенцовски 66')
2 Илијоски 2.
 
Во недела на сите на стадион!!!

26955_384436291379_12245646379_3631272_8057646_n.jpg
 
Ова е една од поважните мечеви. Работнички е слаб и мора да биде совладан. Ако победиме сигурно ќе рипнеме некого од Турново, Тетекс и Победа! Затоа во недела сите на стадион.
One love, one life :back::vardar:
 
Шо бидна со Кировски ?
Доби дозвола да игра или слабо...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom