Денови за реконструкција на Вардар
* Одлуките за промена во функционирањето на Собранието на ФК Вардар, како и одлуките околу идните раководни структури треба правно и технички да бидат реализирани во текот на денешниот ден
Во обидот да се извлече од повеќемесечната сопствена агонија најтрофејниот македонски клуб по Собранието во средата деновиве низ интензивни активности за комплетна реорганизација на сите раководни структури почнувајќи од спортскиот па с$ до финансискиот дел.
Како што истакнуваат новите колективни членови во Собранието на "црвено-црните", домашните компании "Мода и спорт" и "ЈН Менаџмент спорт", кои сега имаат по пет делегатски места во новата собраниска структура, овие денови најдоцна до среда ќе бидат завршени сите неопходни трансформации, од правен и од организационен аспект, околу идното раководење и финансирање на клубот. Деновиве дефинитивно треба да биде утврден и комплетниот состав на новиот Управен одбор. Како што пренесовме претходно, во средата била извршена промена на Статутот на ФК Вардар и за нов претседател е избран Ванчо Шехтански, додека досегашниот Драги Сетинов треба да биде новиот спортски директор во клубот.
Официјално, одлуките за промена во функционирањето на Собранието на ФК Вардар, како и одлуките околу идните раководни структури треба правно и технички да бидат реализирани во текот на денешниот ден.
"Најважно е што Вардар повторно треба да ја врати сликата на највлијателен домашен клуб. Токму поради тоа е извршена оваа трансформација. Веруваме дека ние како компанија ќе ги пренесеме нашите позитивни искуства од досегашната соработка со Македонија ЃП и во ФК Вардар... Оваа сезона секако желбата е обезбедување опстанок во прволигашкото друштво, а за следната сезона се враќаат шампионските амбиции", велат од страната на новиот колективен член, "ЈН Менаџмент Спорт", притоа дополнувајќи дека кон средината на следната недела комплетно пред јавноста ќе ги соопштат своите визии, размислувања и амбиции за новиот Вардар.
В.Булатовиќ
МОМЧИЊАТА КОИ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ НА ГРБ ГО НОСЕА "МРТВИОТ" ВАРДАР ВО НЕИЗВЕСНОСТ
Актуелните фудбалери не смее никој да ги заборави!
Низ деновите на итна трансформација и во спортскиот дел на "вардарци" во најголема неизвесност се фудбалерите кои изминатите месеци во ниту еден момент не им свртеа грб на црвено-црните бои.
Отворен немир деновиве се чувствува меѓу фудбалерите на тренинзите со оглед и на појавените шпекулации околу можно ослободување за дел од поискусните поради "напливот" на нови имиња, меѓутоа новите колективни членови, "Мода и спорт" и "ЈН Менаџмент спорт" демантираат какво било "лишување" од нивните услуги.
Јасно е дека апсолутно никој не смее на само еден ден пред стартот на пролетниот дел да ги заборави момчињата кои неколку месеци на грб го носеа "мртвиот" Вардар. Без разлика дали се работи за квалитет или не, иако во овој наш измешан фудбал тешко е и да се изработи проценка за (не)квалитет, оние кои уште од првите денови од јануарскиот подготвителен период јасно застанаа зад Вардар а досегашните раководни структури два месеци ги молеа да не заминуваат од клубот во ниту еден момент не смеат до крајот на сезоната, сега под некакви нови услови, да бидат непожелни на "Филип Втори". Затоа што сите тие почнувајќи од новиот капитен Ристов па с$ до младите надежи Најдоски, Ѓоргиевски, Пандовски..., ако ништо друго, со својата трпеливост сите овие изминати месеци а пред с$ тажни зимски калливи подготвителни денови барем малку го задолжиле Вардар. Дали ќе изборат место во некој нов сега поамбициозен прв тим на "црвено-црните" е посебно прашање, но Вардар пролетва треба да биде нивна куќа.
Сосема еднаква е приказната и во стручниот штаб, иако од тој аспект јасно е дека тренери се менувале и ќе се менуваат и тоа во ниту еден момент не може да биде спорно. Меѓутоа, нема бегање од вистината дека ФК Вардар како и да е мора да најде признание и соодветно место во клубот и за досегашниот шеф на стручниот штаб Ѓорѓи Тодоровски, кој заедно со неговите асистенти осамени во голема мера од организациска смисла го "крпеа" спортскиот дел изминативе два месеци. Многу често домашните тренери се свесни дека кога ќе им мине "рокот за употреба" тие најлесно биднуваат отфрлени, меѓутоа доколку ФК Вардар, ете, по којзнае којпат во последните шест години означува нов за себе почеток тогаш нека биде нов и од аспект на морални вредности. Затоа што, без потценување кон останатите клубови, меѓутоа ќе доживееме ли конечно Вардар повторно по долги години да биде тој кој ќе ги диктира условите во македонскиот фудбал?
Николовски: "Илчо е договорен за Вардар"
Илчо Ѓоргиоски, иако најавено за текот на вчерашниот ден, од денеска треба да го преземе стручниот штаб на "црвено-црните". ФИФА менаџерот Јовица Николовски, чии клиенти се Илчо Ѓоргиоски како и веќе најавените осум фудбалери од Македонија ЃП кои треба да пристигнат во вардаровите редови, потврдува дека веќе и официјално е постигнат договорот со ФК Вардар.
"Може да зборувам единствено како поединец во име на моите клиенти, и може да потврдам дека Илчо Ѓоргиоски има договор со Вардар за нов шеф на стручниот штаб. Па, од утре (н.з денеска) треба да се вклучи во тренажниот процес на Вардар заедно и со претходно најавените неколку нови фудбалери", ни соопшти вчера Николовски.
Меѓутоа, со оглед на с$ уште нерасчистената финансиска ситуација со поранешниот тренер Пане Блажевски на кој Вардар според одлуката на Арбитражниот суд при ФФМ треба да му исплати финансиска отштета, најтрофејниот клуб с$ уште не може на клупата на првенствените дуели да има нов тренер.
А, "вардарците" утре ги очекува дуелот со Милано од продолжението на шампионатот. Вчерашниот тренинг на помошното игралиште беше одработен од Ѓорѓи Тодоровски, кој го "крои" тимот за саботниот дуел со кумановци.
Илиевски и Амбурует се приклучуваат
Поранешниот фудбалер на "лавовите", Габонецот Жорж Амбурует треба да биде најновото засилување во редовите на "црвено-црните" за пролетниот дел од сезоната.
23-годишниот репрезентативец на Габон, поранешен фудбалер на француски Седан, е еден од најдобрите странски фудбалери кои настапувале во македонското првенство кој дефинитивно ќе биде од големо значење за тимот во пролетниот дел од сезоната. На "вардарците" ќе им се приклучи и десниот бек, искусниот Милан Илиевски по нереализацијата на интернационален трансфер за себе, а голема е веројатноста нов фудбалер на Вардар да биде и Васко Митрев, кој с$ уште е низ преговори со чешкиот прволигаш Бохемијанс. Како што е познато, нови играчи на Вардар ќе бидат и Настевски, Милевски, Ѓурѓевиќ, Силјановски, Симовски, Јакимовски.