Потребна ви е помош околу мобилни? Пишете тука!

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
По што јас си немам поим со мобилни во последно време, ме интересира што е подобар избор I-phone или Нокиа N97, ама од реална гледна точка...а не ако има некој од наведените само колку да си го одбрани своето :)
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885

Ајфонот ... повеќе е популарен, повеќе држи цена, безброј апликации ... интересен телефон што ќе го засакаш и нема да можеш без него (од искуство) :helou:
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Она со “три пати да се испразни до гасење па да го пуниш 12 саата“ го практикувам моментално на новиот самсунг с8000, само дали да си го чачкам до гасење или да го остаам сам да се троши?
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.431
Поени од реакции
6.078
Она со “три пати да се испразни до гасење па да го пуниш 12 саата“ го практикувам моментално на новиот самсунг с8000, само дали да си го чачкам до гасење или да го остаам сам да се троши?
И ти си го земал самсунгот па кажи кога ке пробаш Wi-fi-то дали ке ти се конектира на нет. Пошто јас 100 пати пробав и со супер сигнал и не успева да отвори ни една страна и ми ги пушта преку 3г нетот(а пишува дека е конектирано со врската).
 
си фура вај-фајот бе
фул брзина
супер се
од прва се конектира
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.431
Поени од реакции
6.078
си фура вај-фајот бе
фул брзина
супер се
од прва се конектира
Абе и кајмене се конектира ,со сигнал топ али не ги отвара страниците и ми вика дека дали да ги отворам преку другиов од т мобиле нетов...
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Абе и кајмене се конектира ,со сигнал топ али не ги отвара страниците и ми вика дека дали да ги отворам преку другиов од т мобиле нетов...
па моеш да бираш од кој нет да зима
изглеа си избрал 3г некад и си ставил Allow, ask once и сеа ...:)
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.431
Поени од реакции
6.078
па моеш да бираш од кој нет да зима
изглеа си избрал 3г некад и си ставил Allow, ask once и сеа ...:)
Абе пробуе да отвори преку wi -fi -то али од кога нема да успее отварањето на страницата и ме прашува дали сакаш преку 3г...
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Она со “три пати да се испразни до гасење па да го пуниш 12 саата“ го практикувам моментално на новиот самсунг с8000, само дали да си го чачкам до гасење или да го остаам сам да се троши?
Нема врска тоа со трите пати ... останало од древното време на никел кадмиумските батерии ... и да го чепкаш и не исто ти се фаќа нема да има гајле
 
Orkad

The Master
Член од
5 октомври 2007
Мислења
1.010
Поени од реакции
10
Aј некој ако знае и ако може да ме инфорира на кој начин може да се најде загинат телефон. Сум слушал за тоа преку GPS дека се лоцират некако ама кој е принципот ако некој мојт да ми објаснит и дали требит да се знает некакви дополнителни информации или да се има документи од телефонот?
 
Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
ќе одиш во полиција со некој документ (кутија, гаранција, откупен лист) да докажеш дека телефонот е твој и ако имаш среќа т.е. телефонот да се уклучи на македонска мрежа ќе го лоцираат, ќе го идентификуваат моменталниот корисник и ќе му го одземат телефонот.
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Денес му се случи нешто на мојот телефон, ми откажа верност не знам зошто... му немав ништо згрешено се грижев максимално за него... го видов и целиот екран беше црн меѓутоа се гледаше малку на него бледо.. го исклучив и го пуштив и се си беше во ред првите 20 минути потоа пак исто се случи, но овој пат не се појавуваше ништо од кога го исклучив, по неколку време се обидов пак и успеав да го пуштам но за кратко, ме интересира некој дали знае што е проблемот, од причика да ме насочи за да не ме врзат овие во сервисите и да ми го сменат дисплејот и да ми земат не знам 3000,3500 денари инаку станува збор за KC500 LG
Однапред Благодарам :)
 
Ако си сам свој мајстор пробај би ти рекол флет или екран не ми мириса на софтвер

А телефонот веројатно ти е LG KC550 ?
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Ако си сам свој мајстор пробај би ти рекол флет или екран не ми мириса на софтвер

А телефонот веројатно ти е LG KC550 ?

Да да KC550 грешка направив, не сум свој мајстор си има професионалци не се ни обидувам да направам нешто сам. Знам дека не е проблем до софрверот бидеќи во последните минути на живот почна да ги менува боите на екранот, од прилика колку пари би ми зеле на сервис?
 
Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
до сега сум имал само 2 случаеви да не е до екран, но за жал испаднаа да не се прават.
но за разлика од твојот случај овие цело време имаа црн екран, ти велиш кај тебе понекогаш се појавува понекогаш не.

цената без монтажа на екранот е 1250 денари, со монтажа е 1600 денари.
барем кај мене, контакт - 02,5211745 или skype: alfa.mobil

а ова почесто се случува не само кај ова елџи туку и кај едни сониериксони што имаат фабричка мана, стаклото од маската е многу припено до екранот и од мал притисок може да се оштети а екранот има голема плоштина е и е премногу тенок, помалку од 3мм има :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom