Слаткар(истика)

Член од
28 јануари 2010
Мислења
21
Поени од реакции
2
abe dur bese underground dobri pesni imase ama nikoj ne go slusase, sega od ko snimi 7-8 komercijalni pesnicina site go slusaat..stvarno nemam komentar... :S go postovam radi toa sto go razvi hip hopot vo makedonija... ovie legijata pravat super pesni ama pak nemaat faca za na TV toa e fakt...moras da imas i faca :) ...kako i da e ne se zamarajte so ovaj prael komercijala vaka taka...ako sakate underground slusajtesi undergound.. dzabe komentirate gledam 160 strani za nego imate ispisano upm pa posle nebil slaven....samo glupo e toa sto ima mnogu ovozavateli koi ustvari go cenat radi izgledot i nekoi jaki fori vo tekstovite..retko koj od ovie sto vristat po slatkar i voopsto SLUSA RAP MUZIKA... btw ovaj 4ekeraukc albumov e CISTO SRANJE neznam kako stasale do ovde...ako veke pravete komercijala barem pravete komercijala ama prijatna za uvo... 'jas sum koka kola za tebe brat' WTF?? :vozbud:
 

El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
abe dur bese underground dobri pesni imase ama nikoj ne go slusase, sega od ko snimi 7-8 komercijalni pesnicina site go slusaat..stvarno nemam komentar... :S go postovam radi toa sto go razvi hip hopot vo makedonija... ovie legijata pravat super pesni ama pak nemaat faca za na TV toa e fakt...moras da imas i faca :) ...kako i da e ne se zamarajte so ovaj prael komercijala vaka taka...ako sakate underground slusajtesi undergound.. dzabe komentirate gledam 160 strani za nego imate ispisano upm pa posle nebil slaven....samo glupo e toa sto ima mnogu ovozavateli koi ustvari go cenat radi izgledot i nekoi jaki fori vo tekstovite..retko koj od ovie sto vristat po slatkar i voopsto SLUSA RAP MUZIKA... btw ovaj 4ekeraukc albumov e CISTO SRANJE neznam kako stasale do ovde...ako veke pravete komercijala barem pravete komercijala ama prijatna za uvo... 'jas sum koka kola za tebe brat' WTF?? :vozbud:
шо има WTF во ова? братот стварно е кока кола во споредба со нас... тој е бренд ние не. Рефренот на песната е интересен, али делот од Пука.....:tapp:......
 

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Денес во Вулкан се слушаше музика од Слаткаристика и влегов на влез колку да видам...и сите беа 14-16 годишни дечиња кои изиграваа рапери :pos2::pos2:

Којзнае дали ова му е примарна публика на Слаткар.
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
32
Ја прашува синот мајка си:
-Мамо,вистина е дека Слаткар има,прраппрааппрааппраа дедо?
-Не сине,Слаткар д'тка!
Продолжуваат „исмејувањата“ за неговата говорна маана.

Зарем не мислите дека се спуштате на премногу ниско ниво со тоа што го „исмејувате“ со нешто што не е уопште човечка ствар?

Кажав еднаш и ќе кажам пак: Срамота -.-
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Најдов нешто интересно и старо...
"убавината не е во музиката да пцуеш."
Колку контрадикторно не? :icon_lol:
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
"убавината не е во музиката да пцуеш."
Колку контрадикторно не? :icon_lol:
Колку сте вие неразбрани и неподносливи. -.-
Кога ќе разберете дека парите се одговорот на сето ова?
Ама битно го слушате Слаткар.
Битно темава замре и ја оживеавте пак.. вие кои не го слушате..
 

tufekciev

Барсa <3
Член од
6 февруари 2009
Мислења
2.242
Поени од реакции
802




Марко Маринковиќ – Слаткаристика

Соголен, како во еротски филм...

Верувате ли во бајките? Сеедно каков е одговорот - животната приказна на Марко Маринковиќ, многу попознат како Слаткаристика, ни оддалеку не е тоа. Единствено што по многу години поминати во длабок андерграунд, денес таа има среќен епилог.

Со други зборови, фузијата меѓу талентот на Марко Маринковиќ и продуцентската глазура на Јован Јованов го катапултираше Слаткаристика во самиот фокус на главните случувања на домашната музичка сцена. А тој, каков што е, воопшто не е сменет заради успехот, иако веќе сега сите го познаваат на улица, а песните од деби-албумот Слаткаристика будало сигурно владеат на ФМ-скалата. Големиот бум треба да се случи на 13 февруари, кога Слаткаристика ќе настапи пред скопската публика, на голем концерт во Метрополис арена...

Ако го забележавте на ТВ последниот спот на Слаткаристика, за неговата животна тема Да полетам, верувајте дека главниот актер воопшто не се разликува во приватниот живот од она што го гледаме на екранот. Уште на стартот се забележува дека Марко е обично момче од соседството, кое воодушевува со својата скромност, едноставност и искреност. Во животот одлично знае што сака, а уште повеќе што не сака. Иако, за разлика од порано кога беше декинтиран, сега џебовите не се празни, тој не одава впечаток дека е фасциниран од гламурот и лажниот сјај кој со себе го носи естрадната сцена.

Пуританците можат да забележат дека неговиот вокабулар е претерано дрзок за медиумите, но, дефинитивно, Марко знае каде и што зборува. Со нескриени страсти, како што раскажува за својот успех, зборува и за успехот на младите хипхопери, кои се дел од групацијата Токсикологија, на која и самиот и припаѓа, напоменувајќи дека е само еден меѓу еднаквите. Интензивно се подготвува и искрено му се радува на првиот голем концерт пред скопската публика, кој на 13 февруари ќе се случи во Метрополис арена...

Прв голем концерт пред скопската публика
Ова не ми е ниту прв, ниту голем концерт, но дефинитивно е и прв и голем пред скопската публика. Изминатава година имав успешни настапи во Охрид, Штип и Струмица, па ова му доаѓа како продолжување на континуитетот...
- вели Марко, а на забелешката дека концертот во амфитеатарот во Охрид го следеа коментари слични на оние за контроверзниот Мерлин Менсон во пулската Арена, бидејќи ѕверот не е за таков простор, смета дека ништо лошо не му направил на театарот...
Амфитеатарот остана недопрен и чист, јас не го извалкав. Порано знаеја да ме извадат од такт таквите коментари, знаев бурно да реагирам, бидејќи сум дете растено на минус 20, а не некој пејач што отпеал две-три песни, кои му ги платил татко му, па ништо не го засега. Денес како да огуглав на сето тоа со помош на Јован Јованов, кој постојано ми зборуваше дека таквите коментари не треба да ме допираат. Јован е постар од мене, поискусен, и добро знае како одат работите. Затоа, престанав да читам што за мене се зборува во јавноста...

Иако на музичката сцена е повеќе од една деценија, како дел од некои хипхоп-групации, пошироката јавност слушна за Слаткаристика лани, откако ја започна соработката со Јован Јованов, на својот деби-албум Слаткаристика будало. Неговата решеност да соработува со еден од најпознатите домашни продуценти од помладата генерација, на стартот предизвика револт кај неговите хипхоп-фанови и колеги...

Сите се прашуваа што барам јас со Јован. Ми велеа: тој е таков, ваков, онаков... А јас верував, дека штом е таков, ваков и онаков, веројатно е најјак од сите. Заради успехот, тој им е трн во око на 80 проценти од нашиве колеги... Всушност, нивни колеги, мои не се, бидејќи уште на старт се дистанцирав од естрадната сцена.
Неодамна гледав едно ТВ-интервју на Влатко Стефановски, кого многу го почитувам како име и како гитарист, иако сметам дека не знае да пее. Тој убаво си кажа:
Луѓето кои не се задоволни со својот успех, се преокупирани со работата на другите. Јас ако сум задоволен од мојата работа, ќе бидам насмеан од девет до девет, и сe ќе ми биде рамно...

Не сакам шаблони!
Секако, Марко е презадоволен од успехот што го постигна со својот деби-албум Слаткаристика будало, и се надева дека континуирано добро ќе продолжи и во иднина. Деновиве, како најава за концертот, на ТВ-каналите се врти спотот за неговиот актуелен сингл Да полетам, песната која на некој начин претставува негова автобиографска исповед...

Во спотот и во песната сум соголен како во еротски филм. Вистинските хипхопери и во животот, и во кариерата, ги води само една мисла - биди реален, каков и да си. Ако си идиот - кажи дека си идиот, ако си мангуп - кажи дека си мангуп. Тоа ме води напред, тоа ме стимулира да продолжам, а веројатно им се допаѓа и на луѓето кои ја слушаат мојата музика.

Марко вели дека последнава година, откако излезе од андерграундот, неговиот живот многу се сменил. Денес важи за еден од главните играчи на сценава. Сепак, смета дека лично успехот, и тоа што го препознаваат на улица, воопшто не влијае врз него..

И понатаму многу пцујам, а тоа го правам веќе десет години. Сето тоа е збир на гнев и комплекс, бидејќи долго време сум во работата, а дури сега луѓето ме забележуваат. Ми пречат забелешките од типот: Како детево излезе пред два месеца, а одма прави концерт?. Никој не гледа дека јас од 1998 година се обидувам да кажам нешто, да направам нешто. Јас не правам песни кои мора да станат хитови. Не сакам такви шаблони, сакам да направам нешто што ќе остане, што велат Некст тајм. (се смее)

Во својата работа Слаткаристика е крајно самокритичен, мери, премерува, пишува, кине, повторно и се враќа на тетратката... Ама ако нешто од сработеното му се допадне, веднаш го дава на увид на најблиските, да го слушне и нивното мислење.

Многу знам да си се восхитувам на своето дело, ако евентуално ми се допадне песната. Тоа можеби не го полни егото, ама го полни срцето. Тоа ме тера да си повторувам: Ајде, имаш, можеш, јак си... И спротивно - ако некаде зезнам - Господ Бог нема да може да ме убеди дека тоа е добро. Јас јавно излегувам и велам: Сум зезнал!. Еве, неодамна се вратив од Швајцарија, бидејќи имав настап во Берн. Таму настапував пред 20 души! А пред 20 души не сум настапувал уште од 2001-ва, кога настапував во Копакабана. Не сакам да ги наведувам причините зошто имаше само 20 души во публика, ама си врзав во крпче дека имав неуспешен настап. Луѓето од таму, промоторите, беа кул и многу профи, а и публиката беше сосема океј. Ветив дека ќе се вратам пак кога уште малку ќе поработам на себе. Тоа се тешки работи, кога човекот треба самиот да се сознае, но ако си искрен, биди искрен до крај.
Иако за неговата работа последниве години се грижи продуцентската куќа Јованов рекордс, Марко гордо истакнува дека е дел од групацијата Токсикологија, каде иако е еден од основоположниците, потенцира дека е само еден меѓу еднаквите.

Нема многу пари од Токсикологија, но таму има многу љубов. Екипата работи во студио од 300 квадрати, кое е наше. Со нас се и тројца млади артисти, кои ќе утепаат на таа хипхоп-сцена.

Слаткар сум од четири години!
Марко Маринковиќ, попознат како Слаткаристика, вели дека цел живот го носи прекарот Слаткар...

Слаткар сум од своите четири години. Нормално, прекарот е бидејќи јадев многу благо. Знаев во еден локален минимаркет, каде семејно фамилија Маринковиќ беше на рецка, да земам кило колачи, и со украдени 20-30 денари од дома, да отидам на флипери. Јади колачи и пукај. И, момчето од таа флиперница ме нарече Слаткар. Од Слаткар, некаде кога имав 20-21 година станав Слаткаристика, а тоа ми го закачи Деко од Клан Исток, кој го сметам за таткото на рапот. И мене и Скит, тој од деца не исчувал и ни ги открил сите тајни на оваа професија, поради што сме му многу благодарни.


Зборувајќи за своето детство, Марко, кој е роден на 15 август 1986 година, истакнува дека годините што изминале биле навистина бурни...

Моите беа строги, но, иако никогаш немав пари, имав многу љубов, а тие секогаш беа тука за сe што треба. Кога имав 14-15 години, како и секој тинејџер, малку откачив, па на моите им беше тешко со мене сe до 20-тата, 22-рата година. Но, после тоа ми дојде паметот. Сега моите ми се качуваат на глава од други причини. Ми велат: Те гледавме ваму, таму, на таа телевизија ти одеше спотот... Но, тоа не ми пречи премногу. На моите им годи мојата популарност, а освен тоа, и финансиски сме постабилни од порано. Секако, и од моја страна има повеќе разбирање за нив, а и повеќе внимание. Сепак, тие ми го покажале вистинскиот пат кој оди напред!

Патот напред за првата дестинација ја има Метрополис арена во Скопје, каде Слаткаристика ќе има голем концерт на 13 февруари.

Продукциски и визуелно, концертот му е целосно доверен на Јован Јованов и неговиот тим, бидејќи бескрајно им верувам. Од оној музички аспект, како гости ги најавувам комплетната Токсикологија, сосе Сиги, кој има нов албум, но и Џака Накот, Скит Скитара, Кацар, Аце НЛ, Пука козметика, диџеј Чваре, и секако, еден од моите најдобри пријатели Тони Зен.

Запрашан за плановите во 2010 година, Слаткаристика вели дека и тоа како размислува за новата музика, без оглед што актуелниот албум Слаткаристика будало со 17 песни, сe уште има синглови кои ќе го потхрануваат етерот.
Би се чувствувал многу некреативно ако во 2010 година немам ново издание. Размислувајќи за вториот албум, би сакал тој да биде мјузикл, со многу случувања и интересни приказни на кои веќе работам. Секако, ќе продолжи мојата сесрдна помош за сите млади музичари кои имаат што да i дадат на публиката.

Сa уште млад за да омекнe
Ставот кон поп-сцената и евровизиската приказна, која е актуелна, кај Марко е непроменет отсекогаш. За тоа не само што не размислува, туку и не сака премногу да зборува.

Сe уште сум млад за да омекнам и да го сменам мислењето - е единствено што сака да каже по тоа прашање.

Зборувајќи за високото образование, Марко истакнува дека освен музиката, единствено нешто што искрено го сакаше во животот е историја на уметност и археологија. За жал, беше одбиен при апликација на своите посакувани високообразовни установи, но се запиша на етнологија и антропологија...

Јас сум нереализиран етнолог и антрополог. Одамна не сум бил на факултетот, и којзнае што ќе биде понатаму. Сега размислувам да се запишам на маркетинг и менаџмент...

Сепак, музиката и понатаму останува главната преокупација на Слаткар. Вели дека постојано создава, во зависност од инспирацијата, која ја наоѓа во сe и сешто. Себеси се смета за поет, и жал му е што новинарите постојано го канат на интервју затоа што тој е позната фаца, а не затоа што се запознаени со неговото дело. Тоа го фрустрира, и често знае да одбие гостување во емисија...

Луѓето од медиумите ги дели на мангупи и на тие за еднократна употреба. И повеќе ги почитува мангупите, бидејќи во споредба со овие другите, тие се упатени во она што го работат. А само упатеноста и посветеноста се добра база за нечиј евентуален успех.

Десетте андерграунд години на Марко Маринковиќ, денес многу попознат како Слаткаристика, се најдобар доказ дека само со упорноста и искреноста може да се стигне до ѕвездите.

Ова не е бајка. Ова е само приказна за еден млад човек кој поминувајќи низ бројни искушенија, ги добил заслужените пет минути. И, само тој, преку своето дело, решава за тоа дали ќе загосподари со времето, или ќе согори во зенитот на својата популарност...
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Од кај е интервјуво?
 

Dacky_Cs

art is not a crime.
Член од
2 декември 2008
Мислења
383
Поени од реакции
7
Еве го интервјуто..

Код:
http://www.mmm.com.mk/?ItemID=15D5A3F0DE5B4F41A51FF9A11AFE38FE
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
Продолжуваат „исмејувањата“ за неговата говорна маана.

Зарем не мислите дека се спуштате на премногу ниско ниво со тоа што го „исмејувате“ со нешто што не е уопште човечка ствар?

Кажав еднаш и ќе кажам пак: Срамота -.-
a ne e stramota i grev sto toj ne gnavi so los rap?
jas seuste si stojam na idejata deka vo podobra korelacija e da se vika stranjeristika no i d'tkaristika e prifatlivo
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Едно прашање до хејтерите на Слаткар...

Зошто толку го мразите? Еве јас сум неутрален и сакам само да добијам што повеќе одговори на ова прашање. Ако може се разбира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom