абе луѓеее! муабетиве не одат никаде... џабе се карате дали Слатар(истика) е хард кор копиле или естраден уметник ко тој во своите песни вика хард кор е поим за клошар, а во едно пак не бил естраден уметник :raz: .... нема везе... тој беше и едното и другото.
Според мене стариот Слаткар беше баш вистински хип-хоп... "Рап Тврдина"... па таму има песни за кои пола од фановиве на Слаткар немаат слушнато. Побарајте (само не на YouTube пошто нема да најдите) Полтрон, До Коска, У Курац.... посебно Полтрон, таму Слаткар вади флоу кое досега не е чуено и не е достигнато. И признавам, јас бев фан на Слаткар се до Жолта Штампа.
Е сега денешниот Слаткар т.е. Слаткаристика повеќе не прави вистински хип-хоп, повеќе не прави музика за културата, пошто повеќе не е напален тинејџер кој сака да биди како Биги и Тупак. Сега братот има 23 години и не е вработен, слабо дека некако му се учи.... па мора од негде да ги вади парите. Најнормален потег беше да почни да се продава. И сега заебаниот дел. Тој не е крив што има песни како Топ, Идиот, Шопинг, туку криви се македонските љубители на хип-хопот (ако и постојат такви
). Тие сакаа срање песни, тој им даде, а воедно и си ги напрај парите. хаха..... па тој го напрај најдобриот чекор во бизнисот.... почна да прави песни на кои се палат тинејџери на кои им врие крвта и хормоните и кои имаат кеш. Значи не велам дека само тинејџери го слушаат Слаткар, но тие го направија олку познат за сега да се расправаме на форумоф за него. Заеби. Ова го пишав за да го прочитаат сите кој го знаат Слаткар после Жолта Штампа и го пишувам без никакви негативни критики кон Слаткар. Јас за него можам да речам само дека повеќе не прави хип-хоп каков што правеше. Сега повеќе наликува на "ringtone rapper", а таквите слабо дека ги почитуваат во хип-хоп културата.
Можеби некој и не свати што сакам да кажам, сеедно, ако имате нешто повеќе да кажите... слободно