Слаткар(истика)

Ме праша за ХаЦе ти реков...
Нема што он да изјави дали е комерцијала или андерграунд... ДОволно си слушала ти рап за да знаеш да го определиш... Или не си слушала? :smir:

:uvo: Сине, јас неам намера тука да се натпреварувам со тебе кој боље ќе се докаже дека го познава овој музички правец.
НС рече за Нл? Знаеш пред колку години е извадена Ново Лисиче WOW? Рековте се префрлил на комерцијала, океј комерцијала нека биде.. Самиот никаде не напоменал дека е андерграунд, даваш грешно инфо, мешаш баби и жаби.
Слушај си што ти прија тебе и јас моето, ама не збори нешто без врска кога си немаш поим. Бива? :smir:
 
:uvo: Сине, јас неам намера тука да се натпреварувам со тебе кој боље ќе се докаже дека го познава овој музички правец.
НС рече за Нл? Знаеш пред колку години е извадена Ново Лисиче WOW? Рековте се префрлил на комерцијала, океј комерцијала нека биде.. Самиот никаде не напоменал дека е андерграунд, даваш грешно инфо, мешаш баби и жаби.
Слушај си што ти прија тебе и јас моето, ама не збори нешто без врска кога си немаш поим. Бива? :smir:

Хехе.... Ајде сестро ... чао чао...

П.С. Уште сто пати да ти кажам дека комерцијала/андерграунд е индивидуално?! Секој гледа како што сака на тоа... Епа тоа е и причината што ти ми се скара мене... Никој рапер нема кажано дека е андерграунд. Или има?
 
Абе џабе го мразиме -Не му можеме ништо!!
Сепак пола Македонија е затрескана во него!
Него Колку мани му вадат , ама пак е најдобар!


и мислиш постигна нешто повеќе од сите други на темава што напиша со огромни букви? :будала:
 
абе луѓеее! муабетиве не одат никаде... џабе се карате дали Слатар(истика) е хард кор копиле или естраден уметник ко тој во своите песни вика хард кор е поим за клошар, а во едно пак не бил естраден уметник :raz: .... нема везе... тој беше и едното и другото.
Според мене стариот Слаткар беше баш вистински хип-хоп... "Рап Тврдина"... па таму има песни за кои пола од фановиве на Слаткар немаат слушнато. Побарајте (само не на YouTube пошто нема да најдите) Полтрон, До Коска, У Курац.... посебно Полтрон, таму Слаткар вади флоу кое досега не е чуено и не е достигнато. И признавам, јас бев фан на Слаткар се до Жолта Штампа.
Е сега денешниот Слаткар т.е. Слаткаристика повеќе не прави вистински хип-хоп, повеќе не прави музика за културата, пошто повеќе не е напален тинејџер кој сака да биди како Биги и Тупак. Сега братот има 23 години и не е вработен, слабо дека некако му се учи.... па мора од негде да ги вади парите. Најнормален потег беше да почни да се продава. И сега заебаниот дел. Тој не е крив што има песни како Топ, Идиот, Шопинг, туку криви се македонските љубители на хип-хопот (ако и постојат такви :toe:). Тие сакаа срање песни, тој им даде, а воедно и си ги напрај парите. хаха..... па тој го напрај најдобриот чекор во бизнисот.... почна да прави песни на кои се палат тинејџери на кои им врие крвта и хормоните и кои имаат кеш. Значи не велам дека само тинејџери го слушаат Слаткар, но тие го направија олку познат за сега да се расправаме на форумоф за него. Заеби. Ова го пишав за да го прочитаат сите кој го знаат Слаткар после Жолта Штампа и го пишувам без никакви негативни критики кон Слаткар. Јас за него можам да речам само дека повеќе не прави хип-хоп каков што правеше. Сега повеќе наликува на "ringtone rapper", а таквите слабо дека ги почитуваат во хип-хоп културата.
Можеби некој и не свати што сакам да кажам, сеедно, ако имате нешто повеќе да кажите... слободно
 
Го мразев слаткар пред едно недела дена,но според песните заедно со тони зен,едноставно неможам да не го засакам:toe:
 
Еве ги `разделените` Скит и Слаткар и целата екипа Токсикологија за рапот во Македонија.
 
48!!!
WOW!!!
Знаеш дека форумов дневно го посетуваат одприлика 1000 луге?

Нема лошо да си коомерцијала. Лошто е што изиграваш андерграунд а цел свет знае дека си комерцијала... Сфаќаш? Или да цртам?
Епа што кур серат за тоа како е он комерцијала па не чинело па незнам шо? А?
Еве ја ќе ти кажам за што, нема за што друго. Прочитај ја дискусијата па после прашувај дали на некому треба да му биде нацртано, оти тоа очигледно си ти!!! Не си сватил за што е поставено прашањето!!! Што да правиш таа е.

BTW, HC и андерграун се два различни поима.
 
Не зборувај за македонците зошто како прво ти ги омаловажуваш со тоа "македонче".
Да не одам оф топик многу ама ние самите се омаложуваме со тоа што се замараме со минорни работи и спремни сме да се испоубиеме заради тоа. Ова јас што го кажувам ја дава реалната слика за нас. Тој збор македонче не пресликува во реалниот свет. Не ме сфаќајте како антимакедонист, ја сакам Македонија од се срце ама од секогаш животот сум го гледал од реален аспект. Ако сакаш да дискутираме за ова најди соодветна тема и ПП ме, дека баш и темава не е погодна за вакви дискусии.
 
82 страни...:tapp:
Бог да чува и да бранко.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom