Брзо пристигна и директен одговор од Атина. За грчкото МНР ова е мешање во внатрешните работи на Грција. Портпаролот Кумуцакос во изјавата го нападна премиерот Груевски за водење националистичка политика.
- Груевски нека се реши. Грчките граѓани немаат потреба од самопрогласени адвокати и тоа со очигледни намери. Наместо тоа, нека ги насочи напорите кон подобрување на влошената состојба на демократијата во земајата, нешто потврдено од меѓународните организации и набљудувачи - вели Јоргос Кумуцакс од грчкото МНР