Јас вака гледам, Љубе како знак на благодарност(читај враќање на услуга) кон СДСМ(читај Бучковски, кој самиот се нарекуваше КРУНСКИ СВЕДОК, а тоа никој не го порекна) ќе се кандидира за претседател и ќе откине голем дел од гласовите на ДПМНЕ.
За тоа време СДСМ и ДПМНЕ ќе се борат кој да го подржи Срѓан Керим, доколку СДСМ успее да го добие Керим за кандидат тогаш има реални и огромни шанси да победи. Во таа ситуација најреален кандидат на ДПМНЕ ќе биде Бојо Андревски(мајкоо

) што несомнено уште пред почеток на изборите ќе се знае дека ДПМНЕ не оди во вториот круг без разлика на рејтингот.
Во ситуација кога Андревски би водел борба со Керим а без при тоа Бошковски да биде кандидат, борбата ќе биде тесна и неизвесна. Сепак во ситуација кога е Бошковски кандидат, а ДПНМЕ би одел со Андревски, СДСМ со Керим мислам дека е прилично чисто кој оди во втор круг и уште почисто кој ќе победи.
Сепак, мислам дека ова не е сценарио само за на краток рок, туку ова оди и подалеку.
Доколку СДСМ успее да ги постави вака работите пред Претседателските избори тогаш има реални шанси после долго време да забележи победа на едни избори, што само по себе ќе издигне партијата на многу повисоко ниво, и многу поспремна ќе ги дочека парламентарните избори.
Е сега има голем знак прашалник дали СДСМ може да го изведе тоа, пречка нормално се моменталните рејтинзи.
Прашање е Керим дали би ризикувал да оди со партија која има моментално многу понизок рејтинг(иако знаејќи дека ако Андревски му е против кандидат, рејтингот на ДПМНЕ и нема да игра голема улога) или пак би се одлучил да игра на сигурно и да оди со ДПМНЕ.
Сепак доколку оди со СДСМ позицијата за да се пазари(за разни работи) ќе му биде мн. поповолна отколку да прави договор со ДПМНЕ.
Мислам дека сценариава ми држат вода и се доста реални.:smir: