Нафтата со најниска цена во изминатите 13 месеци, регулаторната комисија спие?

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.247
Поени од реакции
12.459
Поправете ме ако грешам, но мислам дека сегашнава цена на горивата е иста или за денар-два слична кога нафтата беше добро над 100 долари по барел...Сега е едвај 75 долари по барел и никаде не гледам регулаторна комисија да се состане...да си поприкажат нешто околу ова? Или јас грешам?

А летово и на 1 долар разлика цената растеше уште наредниот ден, а сега?

Падот на цените на нафтата и натаму продолжува, при што барел сурова нафта достигна цена помала од 78 долари.

Ова е најниската цена на нафтата во изминатите 13 месеци, а цените на црното злато се намалија на половина во споредба со рекордната вредност од близу 150 долари за барел, која беше регистрирана ова лето.

Во Њујорк американската лесна нафта поевтини за 8,89 долари и достигна цена од 77,70 долари за барел.

Во Лондон европската нафта „брент“ се намали за 8,57 долари и достигна цена од 74,09 долари за барел.

А1
 
Дури можат да искористат... а има и друг феномен... цената на нафтата паѓа а расте цената на меѓуградскиот превоз, повеќе од колку што беше кога нафтата беше најскапа.
 
Да си крцнат што повеќе тоа е битното..
 
Нема да ја слезат толку бе... Ке видите, моја прогноза е дека најмногу 10 денари ке поевтини по литар, повеќе ич.

А инаку принципот на регулаторната комисија е дека цената се корегира на секои 2 недели. Последната корекција беше пред некои 7-8 дена, така да очекувајте намалување на цените кон крајот на идната недела (и не турајте гориво по многу за истите пари ке ставите повеќе).
 
Море мамата нивна лоповска, дај нека излезе некое алтернативно гориво доста ни го пукаат к со нафтава
 
Пааа... додека има нафта, воопшто не се надевајте на алтернатива. А инаку би рекол следново: цената се дигаше бидејки имаше раст на светските економии и недостаток на нафта и секој гледаше да купи денес без разлика на цената. Сега е обратен случајот. Економиите се во рецесија, нафта има одвишок, побарувачката е драстично намалена и оп... цената полека полека ке се врати на разумни граници.

Ако подржи хистеријата со економиите, ке им треба децении да се опорават. Тоа значи дека од една страна се вратиа 20 години наназад, а од друга нафтата ке биде стабилна додека ја има.
 
Цената кај нас неможе толку брзо да паѓа и да расте како на светските берзи, дури и таму не се менува многу за еден ден. Прво ние имаме резерви кои сме ги купиле по стари цени кога ќе се продадат истите тогаш ќе се намали цената и кај нас соодветно.

Исто е и со превозниците, друго што е интересно е дека на пазарот кога ќе ги покачиш цените чекаш конкуренцијата да ги намали, па и вие соодветно. Значи неможе за еден ден наеднаш да кажеме цената доле или цената горе има многу фактори кои влијаат на истата и оваа во моментов е реалната цена која треба да биде на пазарот.
 
Дури можат да искористат... а има и друг феномен... цената на нафтата паѓа а расте цената на меѓуградскиот превоз, повеќе од колку што беше кога нафтата беше најскапа.
Абе смрдени вампири.Го исцицаа народов.:tapp:
 
Абе треба да се види коа била оклу цената на нафтата порано колку била малопродажна, ама телевизииве наши се зафатени со друго.

Ги нема таксистиве да се бунат, да се регулира цената.
 
Цената ко шо знам, од вечерва падна за ЦЕЛИ 2 ДЕНАРИ од литар.... БРАВООО!!! Просто се восхитувам на потезите од регулаторната комисија и владата! :pusk:
Лопови!
 
Тие креатури сега ќе ти кажат оти бензинот е скап зашто нафтата ја купиле порано со повисока цена. Интересно што истата логика нема примена во обратниот случај. А најсмешен во сето ова е онаа креатура од топлификација. Цело време вриштеше скотот да поскапи парното оти нафтата рипнала, е сега: “Е не може да поефтини парното оти гасот поскапувал, а тој имал удел 60% во греењето (парафразирам)“ :pos2::pos2::pos2: А најсмешно е што сето тоа ние како локумче го голтаме!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom