Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија на 1 јуни 2009 година ќе ги започне подготовките за претстојниот квалификациски циклус за учество на Европското првенство 2010 година во Австрија.
Селекторот Илија Темелковски за претстојните подготовки ги повика следниве ракометари:
1.Ристовски Борко Р.К.Металург
2.Ангелов Петре Франција
3.Митревски Никола Р.К.Вардар Про
4.Алушевски Стевче Р.К.Вардар Про
5.Макалоски Гоце Р.К.Вардар Про
6.Недановски Владо Р.К.Металург
7.Мојсоски Златко Р.К.Вардар Про
8.Јовиќ Александар Р.К.Металург
9.Георгиевски Гоце Р.К.Металург
10.Павловски Игор Романија
11.Маркоски Никола М.Р.К.Вардар
12.Наумовски Левко Португалија
13.Лазаров Филип Р.К.Металург
14.Стоилов Мите Р.К.Металург
15.Маркоски Велко Р.К.Вардар Про
16.Јоновски Ацо Босна и Херцеговина
17.Мојсовски Наумче Р.К.Вардар Про
18.Миркуловски Филип Р.К.Металург
19.Кузмановски Горан Шведска
20.Лазаров Кирил Хрватска
21.Мајнов Лазе Словенија.
Селекторот Темелковски го скрати списокот со играчи,со тоа што од него принудно поради повреди отпаднаа Темелков и Митков.Сметам дека неиграњето на Темелков ќе е голем хендикеп за нас,ако се знае дека тој е еден од најдобрите играчи во репрезентацијата во последно време и сигурно најквалитетното крило во тимот.За Митков сметам дека не е некоја посебна загуба,ако се земе предвид тоа што тој и така немаше некоја поголема минутажа, офанзивните квалитети му се слаби,но и на неговата позиција е повикан и Мајнов кој може да пружи добри партии.Стојановиќ сосема очекувано испадна од првобитниот список,а истотака и Ангеловски,па како алтернатива за лев бек остана само Кузмановски.