Северна Македонија - официјален предлог на Метју Нимиц

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И да надополнам, со ставот на Грчката опозиција денес, која најверојатно го кажува ставот и на Грчката Влада која избегнува да збори поради притисокот од Америка.

Nimetz's proposal were REJECTED today by the main greek opposition party (socialists) because:
а) of the "Macedonian" language and basically
b) even though your country's name in every international organization will be North Macedonia , it leaves a window for billateral relations for every country to call you as they want.
 
Член од
29 јули 2008
Мислења
247
Поени од реакции
3
pregovorite trebase da se prekinat uste vo april samo sto za toa treba politicar so madinja da gi prekine a ne lazaci i marketing majstori
 
DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
167
абре не сваќате дека нема добар и прифатлив предлог за промена на името
ако се промени името замина и народ и јазик и се јабана
и толку нема повеќе назад
ќе се посереме на се за што се бореле пред нас генерации и генерации
сите (цела генерација) ќе бидеме предавници

веднаш прекин на преговори , разговори што и да се
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Крив е Грујо, али крива е и бастрата која 14 годнини уназад е на власт било како претседател или премиер, и некој кој беше еден од креаторите на спорот.

Нарочно последната година, кога се интензивираа преговорите, човеков јавно по медиумите ги менуваше мислењата за решавање на спорот, како чораплари, и секое ново мислење беше во корист на штетата на својата земја. Во моменти кога од другата страна цела година никој глас не пушти, впрочем не ни знаеме како се вика нивниот претседател, а не пак да дал изјава негде, овој се утепа од ,,ЛАЕЊЕ,,. Зошто?
Затоа што:
Администрацијата на Буш е на власт уште нецел месец.
Затоа што поголем подржувач од Буш лично, ќе немаме во наредните 20 години.
Затоа што во наредниве години, американската политика, Македонското прашање ќе го стави на 20-ти или 30-ти приоритет.
Затоа што, без американска помош, Македонија нема шанси да води дипломатска војна со греција.
Затоа што јужњациве многу добро знаат дека после заминувањето на Буш, можат многу полесно да дишат.
Затоа што се се врти околу Буш.

Е затоа Македонија требаше да биде крајно конструктивна, за да дојде до предлог кој ќе го зациментира идентитетот, јазикот и националноста.
Во кој ќе стои дека државите кои не признале и кои евентуално ќе не признат под уставното име, да не ословуваат како Македонија.
Во кој немаше да се менува уставот.
И кој ќе остави простор за идно исправање на неправдата од страна на некои попаметни генерации Македонци.

Ете затоа.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Разговорите не треба да се прекинат,единствено треба да се назначи и јавно објави “црвената линија“ со која Македонија ќе ги истакне своите последни ставови или одстапки до кој може да оди а тоа е:

-Македонија за сите,освен за Гејлада,која може да не нарекува како сака доколку дозволи и ние да ја нарекуваме како сакаме,или ако медијаторот предложи Северна Македонија,во ист контекст да употреби и име за Гејлада које би го употребувале нашите граѓани при комуникацијата со соседите,во спротивно сето тоа е само едностран ултиматум а не билатерални разговори за компромис.
 
Добро е АБЦ....сега врати се во РЕАЛНИОТ свет :)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346

Па, реален, така опишано од АБЦ, и би требала да изгледа македонската реалност, не искривена од сончев или портокалов диоптер на очилата.
А, како што гледам...на работ на амбисот сме...да станеме некоја безлична маса...или Македонци за по дома.
Преку таквото ми дојде од апокалиптичните најави за распади, за изолации и за што ли уште не...ако не свиеме 'рбетот...и не влеземе во НАТО или ЕУ.
НАТО и ЕУ, демек, симболи за слобода, просперитет, рамноправност и уште 3000 други пропагандистички срања...
А нас што не притискаат?
За апсолутната негација на сето тоа, како услов за прием во нивното друштво.
Епа...македонскиот 'рбет издржал и пожестоки напади. И ова ќе го издржиме.
А предлогот...веднаш треба да се одбие и да се прекинат сите т.н. разговори, преговори, или како ли се не.
И, не ми требаат референдуми за нешто за кое јас не сум одлучил. За тоа одлучиле сите оние знајни и незнајни дејци македонски вложувајќи се себеси за оваа Македонија.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Е затоа Македонија требаше да биде крајно конструктивна, за да дојде до предлог кој ќе го зациментира идентитетот, јазикот и националноста.
Во кој ќе стои дека државите кои не признале и кои евентуално ќе не признат под уставното име, да не ословуваат како Македонија.
Во кој немаше да се менува уставот.
И кој ќе остави простор за идно исправање на неправдата од страна на некои попаметни генерации Македонци.

Ете затоа.
Ти не си го ни прочитал прашањето, ама ајде.

А во најновиов предлог не само што е сменето името скоро ерга омнес, туку идентитетот, јазикот, и националноста не само да не се зацементирани туку се лимунадизирани.
И при тоа не се застанува тука. Отворено им се признава на грците дека тие имаат Македонци, и...ПРЕГОВОРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ, до бескрај.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Па, реален, така опишано од АБЦ, и би требала да изгледа македонската реалност, не искривена од сончев или портокалов диоптер на очилата.
А, како што гледам...на работ на амбисот сме...да станеме некоја безлична маса...или Македонци за по дома.
Преку таквото ми дојде од апокалиптичните најави за распади, за изолации и за што ли уште не...ако не свиеме 'рбетот...и не влеземе во НАТО или ЕУ.
НАТО и ЕУ, демек, симболи за слобода, просперитет, рамноправност и уште 3000 други пропагандистички срања...
А нас што не притискаат?
За апсолутната негација на сето тоа, како услов за прием во нивното друштво.
Епа...македонскиот 'рбет издржал и пожестоки напади. И ова ќе го издржиме.
А предлогот...веднаш треба да се одбие и да се прекинат сите т.н. разговори, преговори, или како ли се не.
И, не ми требаат референдуми за нешто за кое јас не сум одлучил. За тоа одлучиле сите оние знајни и незнајни дејци македонски вложувајќи се себеси за оваа Македонија.
Вистината е едно, а реалноста сосема друго друже Струмикс.
Сите ние ја знаеме вистината, но од друга страна ја гледаме реалноста која ми е напишана два/три поста погоре.

Ти не си го ни прочитал прашањето, ама ајде.

А во најновиов предлог не само што е сменето името скоро ерга омнес, туку идентитетот, јазикот, и националноста не само да не се зацементирани туку се лимунадизирани.
И при тоа не се застанува тука. Отворено им се признава на грците дека тие имаат Македонци, и...ПРЕГОВОРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ, до бескрај.
Па тоа де тоа.
Требаше конструктивност за подобар предлог.
А не двојната формула па двојната формула....ко ќорав за стап.
Мене а и Македонија не не интересира што сака греција.....туку каков предлог ќе достави Нимиц.

Инаку многу добро знам што сакаат грците.
Едноставно е.
Сакаат да не нема.
Ни помалку ни повеќе.
И многу добро работат на тоа :toe:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Реалноста е таа,и доколку сме ставени пред чинот “земи или остави“,јас би одбрал она “не би зел сега“.Всушност дали Македонските дебили од преговарачи досега поставиле некаков услов кој бил прифатен во УЛТИМАТИВНИОТ ДИКТАТ кон нас?
Треба да им се каже на Нимиц и другите дека од денес натаму Македонија ќе ги нарекува преговорите УЛТИМАТИВЕН ДИКТАТ.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ако нешто ме нервира во животот тоа е кога некој ми вели немаш опции.
Го гледам на АЛСАТ онаа пропалица од човек Бучковски како и предвидува распад на Македонија ако не прифатела компромис.
Така се распаѓавме и кога прогласувавме независност, како ние сами без Југославија, дај ќе пратиме уште 1000 млади војници нека гинат, нека ја спасуваат Југославија.
Бадентер им вели вие имате услови држава да имате, Глигоров - Изетбегович мислиш Маршаловиот план е, големи визионери.
Туку по некоја година кога се префарбаа во националните бои, државотворни станаа, без нив ништо.
Они ако не се, апокалипса, крај на светот е .
А да идете у три лепе, кој оставен, кој без деца, кој ебава секретарки додека со децата од првата жена политички спотови снима, кој пие, кој се дрогира, кој 5 мин работен стаж нема.
 
H

HITCH

Гостин

Еј.... ќути уште ми текнува на Саше душичка кога го влечеа од тенкот АИР ДА НЕ ВИДАТ!!!
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Реалноста е таа,и доколку сме ставени пред чинот “земи или остави“,јас би одбрал она “не би зел сега“.Всушност дали Македонските дебили од преговарачи досега поставиле некаков услов кој бил прифатен во УЛТИМАТИВНИОТ ДИКТАТ кон нас?
Треба да им се каже на Нимиц и другите дека од денес натаму Македонија ќе ги нарекува преговорите УЛТИМАТИВЕН ДИКТАТ.
Мразам кога се повторувам.
Али кад морам.

Земи или остави требаше да биде наменет за грците.

Значи.
Земи Северна Македонија кај што сега е FYRОM.
Не им го дирај идентитетот, културата и јазикот на луѓето.
Остави ги сите држави да ја нарекуваат кој како си милува.
Не ги терај да прават промени во уставот.
Земи го овој поледен предлог грку еден смотан пичка ти материна, и остави ги луѓето да напредуваат, зашто ако одбиеш, ќе наебеш.

Никој не може да ми докаже дека неможевме ова да го постигнеме.
Само требаше да се игра мудро...а не двојна та двојна.

Е од сега па натаму ќе има.
Земи Северна Македонија македонче, оти ти нема друг спас.
И ќе трае.....ќе трае........трае и трае.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.175
Поени од реакции
4.133
да бе лесно ти е тебе од форум да матиш кајгана...
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
ЌЕ ја заматиш водата туку пастрамките златни од приватизацијата ги извадиле главите.
Ама нема кој да ги удри.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom