Бре-е-е-е-е-е стопанката пак изгубивме :kesa:.
Незнам што воопшто да пишам, не ми се прави анализа на натпреварот. Прво полувреме ај се јадеше некако, колку толку имаве некои импресивни акции до душа како по обичај без завршница. ама второ беше мизерија, што е најтрагично на наша грешка ја изгубивме утакмицата (Лазар Станишиќ неможам да го гледам повеќе, мивка невидена, прв треба да си замине во преодниот рок).
Со тешко срце ама сепак на крај можеме само да им честитаме на провинцијалците од Џорџ Town, Македонија знаеше што сака на овој натпревар и стрпливо чекаше Вардар сам да си се победи.
Виктор господ здравје да ти даде, ме изнасмеа со тоа што му го пиша на жико бт, ама изгледа си го пропуштил второто полувреме од мечот со Милано во 4-то коло. Цела среќа што се изнапромашува Глигоровски инаку и тогаш ќе беше 4:2 за нив.
Со Марко би се сложил дека муабети од типот "што ќе беше ако беше" (т.е она што во англискиот се нарекува 3-rd conditional) се безсмислени, меѓутоа сепак кризата започна уште додека беше (К)Ратко така да чисто се сомневам дека со него ќе беше значително подобро, сигурно ќе имавме некој бод повеќе ама не верувам дека ќе бевме први.