- Член од
- 25 февруари 2006
- Мислења
- 254
- Поени од реакции
- 28
Социјалдемократите презентираа предлог за промена на уставното име Република Македонија. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера и официјално се огласи. Тој побара референцата ПЈРМ да се замени со име со географска одредница, што значи во меѓународната заедница, светските организации, да не ословуваат под друго име. Заев оди и понатаму и вели дека сите држави, меѓу кои и земјите кои не признале под уставното име, а станува збор за 124 држави од околу стодеведесетина членки на Обединетите нации, да одлучат како ќе не ословуваат.
-Се согласуваме со решение во однос на замена на досегашната референца ПЈРМ со име со географска одредница кое ќе биде прифатливо за двете страни во разговорите. Опфатот на компромисното решение треба да е идентичен со опфатот на сегашната референца ПЈРМ. Тоа значи дека во билатералните односи, сите држави ќе имаат право на избор кое име ќе го користат, вели Заев кој по ова наведува дека "за вакво решение не е потребна промена на Уставот на Македонија. Тоа значи дека во пасошите ќе стои уставното име и притоа нема да има потреба од компромис во однос на идентитетот, културата, јазикот и нашата национална посебност".
Според в.д. лидерот на социјалдемократите двојната формула по Букурешт не е реалност. Заев ја објаснува и разликата меѓу двојната формула и нивниот предлог. Разликата вели е во тоа што, "двојната формула значи другото име да е само за билатералните односи со Грција, а предлогот на СДСМ, употреба на новото име во меѓународната заедница". Тоа значи дека земјава во меѓународните организации ќе биде под евентуално договореното ново име. Тука станува збор за НАТО, Европската унија, ОБСЕ и слично. За владиниот став за референдум, Заев укажува дека тоа е одлука на Владата, пред се на Собранието. Преодниот социјалдемократски лидер вели "неговата партија е за брзо решавање на ова прашање".
Ставот на владата пак за спорот со името одамна е јасен. Премиерот Никола Груевски по последната лидерска средба одржана во четвртокот повтори дека двојната формула е единствениот прифатлив компромис. "Во исчекување сме да го видиме новиот предлог на Метју Нимиц. Компромисот на кој сме подготвени е двојната формула. Тоа е предвидено и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Според двојната формула, уставното име на Република Македонија ќе важи за меѓународна комуникација со сите останати држави, а со Грција да се преговара за компромисно решение во билатералната комуникација", изјави Груевски. За постигнатото решение со Грција последниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум.
За спорот со Грција ќе се разговара во понеделник на лидерска средба во присуство и на претседателот Бранко Црвенковски, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и преговарачот Никола Димитров. Лидерската средба ја свика премиерот Никола Груевски
- Имајќи го предвид барањето на СДСМ за свикување на нова лидерска средба и фактот дека партијата одбива да разговара за Изборниот законик и уставните измени без да се свика лидерска средба за името, а во контекст на очекуваниот предлог од медијаторот Метју Нимиц, премиерот Груевски одлучи да излезе во пресрет на барањето на СДСМ, се вели во владиното соопштение.
Лидерската средба се одржува во пресрет на состанокот на посредникот во спорот Метју Нимиц со преговарачите од македонската и грчката страна. Средбата во Њујорк е закажана за во среда, а на неа според најавите се очекува посредникот да претстави формален предлог.
Вечер