Нема да одкријам нафта ако кажам дека милано има добар тим за наши услови и дека заслужува полн респект.Меѓутоа најдобар начин да им покажеме респект е и нив да им напикаме тројка и тоа на нивен терен.
Ги читав изјавите во денешен спорт на Достаниќ и на Глигоровски, и мило ми е што нашиот стратег најавува дека нема ништо да менува и дека нема да отстапува од напаѓачката стартегија ниту на ова прво гостување.Исто така ме радува и тоа што плејмејкерот на милано е некако пресамоуверен во квалитетите на неговата екипа,се надевам дека нашите момци на теренот ќе му ги разбијат илузиите и ќе го вратат во реалноста,која пак вели,дека Вардар го има најквалитетниот и физички најподготвениот состав во лигата, но сепак тоа ќе мора да се потврди в недела долу на теренот. Напред Вардар!
П.С. да,убаво што ќе има пренос на А2,меѓутоа јас ќе бидам посреќен ако видам во Куманово да тргнат минимум 3 автобуси со навивачи од Скопје.