Дечки ај немојте на нероден Петко да му правите капа, Победа ја разбивме со 3:0 ама ова е само почеток , до крај имаме уште 30 утакмици за играње. Точно е тоа дека сме главни фаворити за двојната круна ама тоа ќе треба да го потврдиме веќе на наредните три натпревари (со Пелистер и Ренова на градски и со Милано во Куманово). Ако успееме на нив да освоиме максимални 9 бода е тогаш веќе ќе може отворено да се зборува дека ова дефинитивно ќе биде Вардарова сезона (нешто што сите го посакуваме).Квалитетот искуството и реномето се на наша страна, меѓутоа на секое гостување ќе ни биде да не речам ѓаволски тешко пошто сите ќе сакаат да одиграат најдобро токму против Вардар а и стадионите ќе бидат полни со луѓе кои патат од комплекс наречен Вардар.би додал и дека тунелот на градски е единствен безбеден тунел на стадионите ширум Македонија, на секое гостување ќе бидеме на нож што би се рекло.СЕПАК ВАРДАР Е ЕДЕН И ВЕЧЕН, ГОЛЕМ А СЕПАК МАЛ ЗА ВО СРЦЕ ДА СЕ НОСИ, И НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ ОСТАВЕН САМ ОД СВОЈАТА АРМИЈА НАВИВАЧИ. со мојот најдобар пријател со којшто редовно одиме на натпревари секогаш се поздравуваме со следново : ТИТУЛА ИЛИ СМРТ!