Вангелија Гуштерова, позната како Баба Ванѓа, е една од најпознатите пророци во историјата. Самото нејзино име Вангелија, преведено од грчки јазик значи „Гласник од Благословениот Свет“. Нејзините способности за предвидување се појавиле откако останала слепа како мало девојче и од тогаш многу луѓе ја бараат нејзината помош.
Баба Ванѓа лекувала со природни лекови од растенија и цвеќиња, затоа што сметала дека премногу апчиња не дозволуваат организмот сам да се избори против болеста. Исто така препорачувала луѓето кои применуваат природни лекови, да користат растенија и билки од средината и земјата каде живеат.
Нејзината дарба како јасновидец и претскажувач била посебна. Таа видела многу работи и покрај тоа што била слепа, можела да зборува со цвеќињата и да посетува различни места на земјата.
Баба Ванѓа ги објаснила своите исклучителни способности, со присуство на невидливи суштества на кои не им го знаела потеклото. Тие и ги давале информациите за луѓето, и нивниот живот и бил како филм пред неа од нивното раѓање па сè до смртта.
Таа не се плашела од смртта и велела дека не постои смрт.
„После смртта телото се распаѓа, како и сè што е живо, но делот од телото, душата или како да го наречам, не се распаѓа. Зборувате за повторно раѓање. Не знам што е тоа. Она што останува од човекот, тоа е душата, која продолжува да се развива во повисоки нивоа и тоа е нејзината вечност“, вели таа во разговор со еден човек од театарот.
Баба Ванѓа сметала дека човекот се раѓа за да прави добри дела. Според неа ниедна лоша работа која ја направил човекот, не останува неказнета. Секогаш следува казна, ако не на оној кој сторил лошо, се одразува на неговите деца.
Таа зборувала и за иднината иако не сакала. Според нејзините кажувања, за 200 години човекот ќе оствари контакт со браќа по умот од други светови. Дури вели дека многу вонземјани живеат на Земјата со години и дека се од планетата која на нивен јазик се нарекува WAMFIM и тоа е трета планета од Земјата.
Баба Ванѓа почина на 11-ти август 1996 година. Таа ја знаела точната дата на својата смрт, и пред да почине рекла дека дарба како нејзината наследило 10-годишно слепо девојче кое живее во Франција и за кое наскоро ќе слушнеме.
Многу познати политичари, меѓу кои и Хитлер, ја имаат посетено. Тој излегол видно вознемирен од нејзината куќа.
Најстрашните предвидувања на Баба Ванѓа се за нуклеарната подморница на Русија, Курск која потона во август 2000 година, за која таа уште во 1980 година предвиде дека ќе предизвика катастрофа.
Таа ги предвидела и нападите на Кулите Близначки во Америка уште во 1989 година каде рекла дека невина крв ќе биде пролеана.
Меѓу останатите предвидувања за иднината се:
2008 - Обиди за атентат на четворица претседатели. Конфликт во Индонезија кој ќе биде причина за почетокот на Третата Светска Војна.
2010 – Почеток на Третата Светска Војна, во ноември 2010 и ќе трае до октомври 2014. Ќе почне како обична војна, но потоа ќе биде користено нуклеарно и хемиско оружје.
2011 – Поради радиоактивното зрачење, на Северната хемисфера нема да има животни и растенија. Муслиманите ќе започнат војна со хемиско оружје против Европејците кои се уште се живи.
2014 – Поголемиот дел од луѓето во светот, ќе имаат рак на кожа и други болести поврзани со кожата. ( како резултат на војните)
2016 – Европа е скоро празна.
2018 – Кина станува новата светска сила.
2023 – Орбитата на Земјата постепено ќе се менува.
2025 – Европа е се уште одвај населена.
2028 – Развивање на нов извор на енергија. Гладот полека престанува да биде проблем. Се развива вселенски брод со пилоти за Венера.
2033 – Топење на поларниот мраз. Расте нивото на океаните во светот.
2043 - Светската економија е во подем. Муслиманите владеат со Европа.
2046 – Секој орган може да биде произведен. Размената на човечки органи станува секојдневен метод за лекување.
2066 – За време на нападот на Рим, кој е под контрола на Муслиманите, Америка користи нов метод на развивање на оружја, кој влијае врз климатските промени, смрзнување.
2076 – Нема класно општество (комунизам).
2084 – Обновување на природата.
2088 – Нова болест. Луѓето остаруваат за неколку секунди.
2097 – Пронајден лек за оваа болест.
2100 – Човечки направено Сонце ја осветлува темната страна на Земјата.
2111 – Луѓето стануваат роботи.
2123 – Војни меѓу помалите земји. Големите земји не се инволвираат.
2125 – Постои глад, и ќе се добијат сигнали од вселената. (Луѓето уште еднаш ќе се сетат на Баба Ванѓа).
2130 – Колонии под вода. (совети од вонземјаните).
2154 – Животните стануваат пола-луѓе.
2167 – Нова религија.
2170 – Голема суша.
2183 – Колонијата на Марс станува нуклеарна нација и бара независност од Земјата.
2187 – Успешно се стопирани две вулкански ерупции.
2195 – Колониите во морињата се целосно снабдени со енергија и храна.
2196 – Комплетно мешање на Азијците и Европејците.
2201 – Термонуклеарните реакции на Сонцето се забавуваат. Температурите опаѓаат.
2221 – Во потрага по вонземски живот, луѓето се соочуваат со нешто застрашувачко.
2256 – Вселенските бродови носат нова застрашувачка болест на Земјата.
2262 – Орбитите на планетите почнуваат прогресивно да се менуваат. Марс е под закана од удар на комета.
2271 – Микс од жолта, црна и бела раса. Нова раса.
2279 – Енергија од ништо. (најверојатно од вакуум или црни дупки).
2288 – Патување низ времето. Нови контакти со вонземјани.
2291 – Сонцето се лади. Се превземаат обиди за негово обновување.
2296 – Сонцето свети. Силата на гравитацијата се менува. Старите вселенски станици и сателитите, почнуваат да паѓаат.
2299 – Во Франција, има партизан кој се крева против Исламот.
2302 – Се откриваат нови важни закони и мистерии за универзумот.
2304 – Мистеријата за Месечината е разрешена.
2341 – Нешто застрашувачко од вселената се приближува кон Земјата.
2354 – Несреќа со едно од човечки направените сонца, ќе резултира со суша.
2371 – Огромна глад.
2378 – Нова и брзо растечка раса.
2480 – Двете сонца направени од луѓето ќе доживеат колапс. Земјата е во темница.
3005 – Војна на Марс. Траекторијата на планетите се менува.
3010 – Комета ќе се забие во Месечината. Околу Земјата ќе има појас на карпи и прашина.
3797 – До оваа година, сè што живее на Земјата, умира. Но луѓето се способни да започнат нов живот на нов ѕвезден систем.