Полска ќе ги кастрира педофилите

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Трипати ура за Полска...
Урааа, Урааа, Урааа

така треба... браво Полска .. а ред е и кај нас тоа да се примени
 
Единствена контра мерка на Педофилите е или доживотен затвор или смрт.

А кастрацијата е сепак измеѓу. Или можеби Праведниот ќе ги спаси следните жртви на педофилија.

Боже, какви радикали има на форумов. А што викаш за рехабилитациони центри, како затвор со еден куп предавања. Додека не научат како треба, нема излегување. Зашто толку екстремни казни?
 
Интересно..доста варварски посебно што се сметаме за цивилизирано општество...Ама човек да не знае што е побрутално...кастриран педофил..или девојче кое ќе остане трудно по силување од педофил...и ќе роди дете со лик на човекот која ја силувал...

Многу од педофилите се и самите сексуално малтретирани во нивното детство..така да некаде треба да се стави крај..ама не сум сигурен дека со тоа би го спречиле потполно следниот пат да настапи...подобро вечен клуч на врата..
 
Se soglasuvam so zakonov. Toa e soodvetna kazna ze pedofilite. Ama pokraj kastriranjeto treba da se dodadat i nekolku godini pritvor
 
Боже, какви радикали има на форумов. А што викаш за рехабилитациони центри, како затвор со еден куп предавања. Додека не научат како треба, нема излегување. Зашто толку екстремни казни?

А ти мислиш дека они НЕ ЗНААТ како треба?

Мислиш дека не е пробано со рехабилитациони центри, психолози и затвор?

И пак се повторува делото?

Кастрирањето не подлега на сечење и отстранување на органот, туку му ги онеспособуват тестисите за да не лачат машки хормони, значи само му го стопират нагонот.
 
Интересно..доста варварски посебно што се сметаме за цивилизирано општество...Ама човек да не знае што е побрутално...кастриран педофил..или девојче кое ќе остане трудно по силување од педофил...и ќе роди дете со лик на човекот која ја силувал...

Многу од педофилите се и самите сексуално малтретирани во нивното детство..така да некаде треба да се стави крај..ама не сум сигурен дека со тоа би го спречиле потполно следниот пат да настапи...подобро вечен клуч на врата..

Kако што напиша marcus многу полошо е малолетно девојче да биде силувано од педофил и да остане трудно, да роди дете со ликот на "таткото" кое кога ке порасне може да го има истиот ген како татко му и се така да се продолжува "традицијата"...:toe::toe:

Браво за законот, ај сега биди педофил во Полска де да те видам, да ти го зготват после тоа и да си го изедеш...:toe::vozbud::vozbud::pos2:
 
да јас сум за “таа група“ на суштества да биде третирана од рангот на големи злодејци - се разбира соодветно според законите - но кастрирањето е далеку радикална мерка : што ако се поправи “ѕверот“ ? а кога би бил кастриран ... ?

затвор , психотерапии ....

никогаш не можеш да знаеш што носи времето -

да сум за мерки , но не за кастрирање - затоашто ниту една институција не му дала живот , ниту една институција не се грижела соодветно ( ако човекот бил луд ... ) - сепак има човечки права .
 
А ти мислиш дека они НЕ ЗНААТ како треба?

Мислиш дека не е пробано со рехабилитациони центри, психолози и затвор?

И пак се повторува делото?

Кастрирањето не подлега на сечење и отстранување на органот, туку му ги онеспособуват тестисите за да не лачат машки хормони, значи само му го стопират нагонот.

Ме зезаш, ова за Македонија збориш? Кај нас никој не бил во никаков рехабилитационен центер. А тие можеби знаат што е погрешно, но незнаат како да си ги обуздаат нагоните.
 
Боже, какви радикали има на форумов. А што викаш за рехабилитациони центри, како затвор со еден куп предавања. Додека не научат како треба, нема излегување. Зашто толку екстремни казни?
Да бе рехабилитациони центри...си праеле тие курќејф, па ќе ги прогласиме педофилите за жртви на општеството, па ние со наши пари после ќе им плаќаме смештај, храна, воспитување......ептен богата држава сме...море најефтина варијанта за нив...7-8 грама олово.
 
Ме зезаш, ова за Македонија збориш? Кај нас никој не бил во никаков рехабилитационен центер. А тие можеби знаат што е погрешно, но незнаат како да си ги обуздаат нагоните.

Би те замолил да не се правиш луд. :)

Зборам во светски рамки.

Беља работа, педофил ти е исто што и силувач. Настраност и употреба на сила или злоставување на деца залажувајќи ги со пари/подароци.

Не се работи за НЕЗНАЕЊЕ кога се во прашање сексуални нагони исклучиво кон пр. 5-6 годишни деца(малолетни). Тука веќе за нешто друго се работи.
 
Казната мора да биде еднаква на тежината на деликтот, а не да се прави пример од луѓето и за другите да знаат што им се случува на педофилите.

Па целото право ако видиш право е заплашување. Ти вика ако направиш деликт, ќе одговараш. Па да, кастрацијата според мене Е еднаква казна. Тоа дете никогаш нема да има нормален живот, ќе има трауми од тој човек, имало жртви на педофилија кои се самоубиле во подоцнежните години, затоа што биле прогонувани од тоа што го преживеале. И зашто тој педофил да служи само казна затвор? Дали е иста тежината? Тој човек со самото тоа што го направил тоа покажува дека нема скрупули, дека не се замара дали ќе иде во затвор, перверзно заболена особа. И да, таквите кога ќе им кажеш ќе те кастрираме брат ако ПИПНЕШ некое дете, да видиш како процентот на злоставување ќе се намали, зашто педофилите во суштина се кукавици луѓе. Заслужува да си добие кастрација. Детето си добило “душевна“ кастрација и трауми за целиот живот, а он си добива физичка, реална кастрација. Ете ти, правдата Е задоволена.

Тој иако го прекршил законот сепак си има свои права, како на пример да не биде користен за заплашување на другите потенцијални педофили; и да добие казна каква што заслужува, соодветна на злоделото. Инаку зошто да немаме и бесења на плоштади и сечење раце на крадци и што ти не? Извини ама таквите мислења преовладувале во некои помалку цивилизирани општества и треба еднаш засекогаш да останат зад нас.

Луѓето од Месопотамија си биле и поцивилизирани од нас и кај нив многу подобро функционирал законот. Кое црно право да не биде користен за заплашување? Па не викам дека тоа е главната намена. Тоа е само споредна појава, едноставно од психолошка гледна точка луѓето ќе се плашат, а не дека државата со тоа намерно ќе ги заплашува (иако и не сум против тоа). А ако сакаш да кажеш дека мене ми се заостанати мислењата, извини што јас само мислам на животот на злоставуваните. Зашто ниеден педофил никогаш не се покајал за тоа што го направил, они уживаат во тоа и со тоа што ќе ги кастрираат, ќе ги спречат пак некогаш воопшто да пробаат да злоставуваат некое дете. Ти реков јас погоре што се однесува до еднаквоста.

А за тоа како ќе му се надомести тоа што му е "уништен" животот на детето, сигурно не со телесна казна на злосторникот. Имаме и полоши деликти од педофилија, како на пример убиство. Што викаш како казна за тоа да им го предадеме на семејството виновникот и тие нека го казнат како што сакаат, онака јавно. Нека го сечат, нека го колат што сакаат нека прават. Можеби за тебе тоа би било праведно, но дали би било хумано или цивилизирано?

За мене нема поголем деликт од педофилијата, иако не викам дека нели убиството е убава работа. И во никој случај јас не викам дека ако некој убие некој треба да се предаде на семејството на убиениот. Па и педофилот да го предадеш на семејството на жртвата, сигурно нема да го погалат. На детето ти никогаш нема да му го надоместиш изгубеното детство и однапред пропаднатиот живот. Така што да, кастрацијата си е таман. Такви животни не ни заслужуваат никакви права и слободи, затоа што уживаат во тоа, а убиството може да биде од неколку аспекти, може во афект да биде, може со умисла и за тоа може слободно во затвор и да скапе што се однесува до мене.

Погледни ми го аватарот. Девојката носи вага. Можеби ќе сфатиш што таа симболизира и со тоа еден од главните принципи на правдата.

А ти као мене ме знаеш? Ми ги знаеш размислувањата по другите теми во животот па за да знаеш дали јас знам што симболизира вагата или не?
 
Ја мислев дека Полска се поцивилизирани од ова.

Знам дека е одвратно и гнасно тоа што педофилите го прават и нема никакво оправдување. Ама ова не е начин да се казнат.
Побогу, 21 век сме, демек напредок, демек цивилизација. Ај ако не да почнеме да им сечеме раце на крадци, да бесиме убијци и да камшикуваме жени кои извршиле прељуба.
Знам дека не е исто, ама истиот принцип на казна е.

Државата треба да биде праведна, судот треба да биде поинтелигентен од осуденикот. Со тоа што ги казнуваат на нехуман начин, наводната правда се симнува на исто нечовечно ниво како и осуденикот.
Едноставно е: ако убиеш убиец, и самиот си убиец, без оглед на твоите мотиви (истерување на правдата и бла бла бла).

Нели се залагаме за подобро општество?Епа некој треба да почне да работи на истото. Нека измислат поправни програми, нека напредуе малце психологијава. Нека најдат начин да го поправат багот во системот на престапникот, а не да го убијат самиот престапник.

Ако го кастрираат, кое добро? Ќе се чувствува ли подобро злоупотребеното дете? Ќе ги снема ли неговите трауми?
Океј, ќе го спречат педофилот повторно да нападне дете, ама за тоа има и друга алтернатива: затвор.
 
Меч со две острици... сепак и затворот е начин за решавање на тие кои посегнале кон оваа крајна девијација а и кастрацијата, но во никој случај рехабилитација... ќе излезе "рехабилитираниот" педо и ќе најде некоја доволно луда за да ја ожени, ќе има деца и што добивме... од еден лудак уште еден или неколку нови генетички пореметени фрикови (деца), @Vone кажал убаво, ако има евентуална рехабилитација таа ќе биде плаќана со наши пари, е не може.
 
Кај е кажано дека педофилијата е генетски наследна?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom