Не знам колку ќе ми го прочитате постов ама ајде ...да се обидам.
Дечки уствари што се замарате со вакви работи?!
Што се замарате со догми?!
И тие 11-те правила се чиста измислица. Има докази за тоа колку да сакате.
Се интересирав многу за окултизмот пред неколку години (4-5) и прочитав што имаше да се прочита и сфатив дека исто како и верувањето во Бога се е врз база на догма, т.е. bullshit.
Сте прочитале bullshit литература од LaVey...голема работа. Се тоа се луѓе кои немале попаметна работа да се занимаваат, па седнале да го тупат за нешта за кои нема логична (па и догматична) потреба да се дава човечка димензија.
Ете и да е вистина. Реално да постојат тие два света. Како свесно човечко суштество, склоно кон логични заклучувања, неможеш да ги оспориш нештата само затоа што не си ги видел, така што атеизмот не е најдобро прибежиште. Луѓето сме right smack in the middle. Според догмата, Луцифер бил љубоморен на човекот бидејќи ја добивал љубовта од Бога, ... е сега се поставуваат милион прашања. Зошто луѓето да го сакаме Луцифер, ова она...па зошто да го сакаме Бога, кој не оставил на милост и немилост на Луцифер оти Адам и Ева го прекршиле заветот...
Мислам дали гледате дека се вртиме во круг со детали исцрпени од роман за деца?!
Треба еднаш да се сфати. РЕЛИГИЈАТА НЕ СМЕЕ ДА ИМА ПРАВИЛА НА ЖИВОТ! Религијата поставува одредени вредности, животни вредности, за почит, љубов и сл., но не „Не какајте овде“, „Не ја клецајте неа“, „Не јади мрсно во петок“ и сл. глупости.
Затоа секоја чест на БУДИЗМОТ! Закон религија која ти овозможува крај краева и да веруваш во Исус, Алах или било што, што ти го нарекуваш Бог. Тоа е начин на живот како да дојдеш до Бог, кој нема човечка форма и се доживува, а не гледа, чита, и сл.