Хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески (05.10.2008)

  • Креатор на темата Креатор на темата maca_kaka'
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тешко ке се дојде до карти. Цела Македонија...ма како Македонија, цел Балкан ке бара карти за на стадион.

Со сета почит кон Тоше, али грк(иња) да ни пее сред Скопје...и тоа во негова чест ?

Да ти се плукнам во муабетов. Ме растажи темава и ми врати милион тажни моменти, за еден ваков пост да ме извади од патики!
Тоше ги сакаше сите и сите имаат право да го испоштоваат на тој концерт. Ама не, вие мора се` да посерете и да ја пикнете дури и тука политиката.
Не ми се верува уште.
Боби, бриши ме и мене (неможев да преќутам!) и сите вакви постови, за да остане темава таква каква што заслужува. Јас ако го направам тоа, ќе треба и да банирам.
Ајт.:uvo:
 
Таму сум.
И покрај тоа што ќе бидам таму и ќе присуствувам на концертот, НИКОГАШ нема да си опростам што не отидов на последниот концерт на Тоше. НИКОГАШ.:cry:
 
Ќе бидам во Скопје тогаш така што можно е да се појавам на концертов, може да се договориме и неколку кајганџии да отидеме заедно. :)
 
Тешко ке се дојде до карти. Цела Македонија...ма како Македонија, цел Балкан ке бара карти за на стадион.

Со сета почит кон Тоше, али грк(иња) да ни пее сред Скопје...и тоа во негова чест ?
Боже сенешто има. Од кога бе мешаме политика и музика??? Како не тии е срам да уништуваш спомен на една ѕвезда со вакви глупави и излишни коментари. Гоелма работа ако Ана Виси дојде и пее. Музиката си е музика за Тоше немаше граници ни јазични бариери.

Мило ми е и горда сум на она што ќе се случува на стадион. Концертот минатата година беше нешто незамисливо убаво и неповторливо. Сепак таму ќе сум и оваа година. И нема да понесам пакетче палома туку ќе бидам горда што толку истакнати музичари ќе дојдат да му оддадат почит на нашиот Тоше, па пееле и на грчки.
 
Абе ако Ана Виси ја пее песната Чија си тогаш ке ја пее или на македонски или на српски дека грчка верзија не постои.А Маца убаво си има пишано дека Анан ке пее со Леонтина.Ако малку размисливте сигурно дека Ана нема да пее на грчки а Леонтина на српски:tapp:А и ако решила да пее на грчки иако ич не ги сакам ке бидам задоволен.
Жал ми е дека нема да сум на концертот дека сум тогаш во Бугарија ама да сме здрави и живи би требало да има пак нели традиција ке прерасне.А ако идев не ко россонерка пакетче палома него цела кутија ке ми требаше.
И сеуште неможам да го прифатам податокот дека го нема.:cry::cry::cry:
 

Мило ми е и горда сум на она што ќе се случува на стадион. Концертот минатата година беше нешто незамисливо убаво и неповторливо. Сепак таму ќе сум и оваа година. И нема да понесам пакетче палома туку ќе бидам горда што толку истакнати музичари ќе дојдат да му оддадат почит на нашиот Тоше, па пееле и на грчки.


Што се запнавте за паломата.
Иако не сум емотивна личност мислам дека на мене, а и на поголемиот број лица ќе ни се насолзат очите во одреден момент.
Една манифестација како Златна Бубамара каде дадоа извадок од негов настап сите почнаа да плачат или кога го прикажаа новиот негов спот за англиската песна повеќето гарант заплакале.
Овој концерт сигурно дека ќе е тажен. Промоција на нов албум ... а него го нема. Документарен филм ... а него го нема. Песните негови во изведба на други музичари ... него го нема.
Премногу сум горда и го ценам, знам дека секогаш срцето ме боли кога ги гледам неговите перфектни изведби и ги слушам неговите песни и солзи ми навираат, а како ли ке е на неговиот концерт...

А мене ми е мило што Ана Виси ќе пее. Таа е одлична музичарка со светска кариера, големо чудо ако е од Грција. Мило ми е што прифатила да е дел од овој настан. А сите оние кои искрено го ценеа Тоше ќе ја дочекаат со аплауз неа на сцената.

Има голема веројатност на овој концерт премиерно да биде изведен дуетот на Тоше со неговиот внук Кристијан за песната ,,Малечко" т.е ,,little thing" . Сето тоа зависи од дали ќе е во можност Кристијан тоа да го изведе, затоа семејството Проески размислува дали да го дозволи тој настап.
 
јас одам 10000000000% ! откажав и турнеја Србија,и све,само за да одам на тој концерт! и ако знајт некој кај имат карти уште од сега нека кажит ве молам,зш не сум од Скопје па да им кажам на роднините да ми купет
 
Таму сум. Морам да одам. За жал не бев на неговиот последен концерт затоа сега морам да одам. Во чест на нашиот ангел Тоше.
Тоше Секогаш Сме Со Тебе и Ти Си Во Нас. Во Нашите Срца.
 
Таму сум.
И покрај тоа што ќе бидам таму и ќе присуствувам на концертот,НИКОГАШ нема да си опростам што не отидов на последниот концерт на Тоше.НИКОГАШ.:cry:

П.С. Без разлика што Ана Виси е гркинка,заборавете го тоа.Ова е за Тоше,не за политика.И јас не ги љубам нашите соседи,ама на таа вечер,политиката е најмалку битна.

Исто :( А пак коа ќе ми текне зашто не отидов....уфф
Инаку ќе бидам таму, нема шанси да пропуштам овој пат за ништо на светот...иако воопшто не е исто
 
Не пропуштам ни за жива глава. И да се разболам или што и да ми се случи јас сигурно ќе одам. Инаку последниот концерт на Стадион беше прекрасен :)
 
Колку и да се трудиме да бидеме рационални,свесни и се тоа така натаму и да не ја критикуваат Ана Виси..Сепак ќе се најде некој простак што ќе ја исвирка кога таа ќе се појави на сцена,што уште еднаш ќе го докаже нашето ниво на култура и интелигенција..
Ана е феноменална пеачка,го кажувам тоа затоа што до пред некои си 3 години слушав грчка музика (поп и рок,не она народното нивно лаик),воедно ја слушав и неа..Можам да кажам дека имаат феноменални пеачи со извонредни гласовни можности,тема што е далечна со политиката колку што јас знам?!
За Тоше,се`! значи ќе идам,и ќе пеам заедно со Ана,затоа што на Тоше не му пречеше што таа е гркинка,не ми пречи ни мене :)




п.с. малце ја претерав нели? :baeh:
 
Го потврдувам моето присуство...ќе биде посебно и со емоции
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom