Хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески (05.10.2008)

  • Креатор на темата Креатор на темата maca_kaka'
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Too good to refuse. Со картите до кај стигнавме,колку пари се и каде ке се продаваат???
 
Too good to refuse. Со картите до кај стигнавме,колку пари се и каде ке се продаваат???
Сеуште не се знае. Кога ќе се дознае ќе биде објавено на www.tosefans.com и на hi5.tosefans.com (се надевам дека не направив грешка со тоа што ги постирав линковиве). Исто така ќе се објави и во сите медиуми и на голем број веб-сајтови. Значи кога ќе излезе официјалната информација ќе дознаете веднаш :)
 

Значи немаше песна навистина која нема даја запее подобро и од оригиналот!:(
 
Идам без да размислувам што како, што и да ми излезе јас идам:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Ми се оди пошто не му бев на последниот концерт лани и ми е многу мака :nesum: Па не знам ке видиме, може да одам сеа...
 
колку што слушнав на концертот ке биде поставен најголемиот видео бим на балканот и се очекува краток документарец да биде промовиран и веројатно
повеќето песни ке бидат прикажани како на златна буба мара:(
знам дека се ке биде прекрасно организирано
но..него ке го нема...само стари слики, стари настапи, песните ке ги пеат други пејачи..

и никој од нив нема да ни ја даде таа енергија како што успеа лани тоше, никој нема да ни кажува колку не сака..колку сме прекрасни..никој нема да не разигра и развесели цели 3 часа, никој нема да не направи горди...никој:cry:

ме растажи сеа...ама така е....
 
Дали ќе ги собере сите што сакаат да отидат... Уште нема никакви информации за картите?
 
Одам без разислување.....секогаш одев само на неговите концерти и не сум била на други...што значи-ОДАМ!!
ТЕ САКАМ ТОШЕ <3
 
ајааааа
не да ја пртеравте со ана виси,многу ми е гајле дали ќе пее она или не,битно е што се праи вакво нешто во чест на тоше и што ја продолжуваат традицијата на тоше односно парите одат во хуманитарни цели.
таму сум сигурно.
 
а каде ке биде колку пари е карта ?


едит: на стадион било само кој да прочита.... ок ок
 
ееее па ајде да организираме кајганџиско одење да идеме онака од форум стите тогетхер стронгер.... може?
+ роднини пријатели етц етц
 

Во исчекување на конференција за печат по повод големиот хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески, белградски Блиц донесува нови детали, кои им ги откри менаџерката Љиљана Петровиќ.

Концертот Те сакаме сите ќе биде одржан на 5-ти октомври на Градскиот стадион во Скопје, со учество на 20-ина изведувачи од балканскиот регион. Меѓу другите ќе настапат: Биља Крстиќ, Леонтина, Жељко Самарџиќ, Гоца Тржан, Иван Плавшиќ, Тони Цетински, Нина Бадриќ, Синтезис... Сите тие ќе отпеат по една негова песна...

Ова ќе биде првиот во низа концерти кои ќе се одржат секој 5-ти октомври. Овој пат ќе учествуваат познатите пејачи кои соработуваа со Тоше, како и оние со кои требаше да сними дует, но не стигна да го исполни ветувањето – вели Љиљана Петровиќ, и напоменува дека со хрватската пејачка Нина Бадриќ требаше да сними спот и да одржи 11 заеднички концерти.

За техничките перформанси на концертот веќе пишувавме, па еве неколку други детали врзани за песните кои ќе бидат испеани на 5. октомври.

Српскиот пејач Жељко Самарџиќ ќе ја пее Цреша (Још и данас замирише трешња), додека Биља Крстиќ ќе ја пее Јовано, Јованке, која ја имаат отпеано во дует. Леонтина ќе настапи со Чија си, а Иван Плавшиќ, музичар и новинар кој од мали нозе е инвалидизиран, ќе ја отпее Соба за тага.

Балканските телевизии кои ќе го пренесуваат овој концерт на екранот ќе имаат број за донации. Собраните средства, со помош на Меѓународната фондација Тоше Проески ќе ги одреди приоритетите во тие држави, во кои ќе бидат уплатени донации – вели Петровиќ.

исто така директен пренос ќе има на Пинк, засега немам информација дали некоја македонска ТВ куќа ќе врши пренос
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom