BJK
\m/ Master of Puppets \m/
- Член од
- 21 јуни 2008
- Мислења
- 470
- Поени од реакции
- 23
Здружението на Турците кои живеат во САД во следните три години ќе донира 150 илјади долари за емигрантската организација на Македонија во САД, пишува денеска грчкиот весник „Катимерини“.
Договорот за донација бил постигнат во Вашингтон меѓу емигрантските организации „Турска коалиција за Америка“ и „Обединетата македонска дијаспора“.
Весникот коментира дека ваквото зближување меѓу Турција и Македонија доаѓа откако меѓународниот посредник Метју Нимиц го претстави „новиот пакет идеи“ за решавање на спорот меѓу Атина и Скопје во врска со уставното име на Македонија.
И покрај официјалните тврдења од грчка страна дека пакетот го опфаќа само прашањето за името на Македонија, во предлозите на американскиот дипломат било третирано и прашањето за „македонскиот идентитет и јазик“.
Дипломати во Атина сметаат дека до крајот на месецов врз грчката страна ќе биде извршен силен притисок за постигнување договор со Скопје. Тие стравуваат дека доколку не биде постигнат напредок во решавањето на спорот со името во скоро време, би можело да се очекува Вашингтон да преземе активности за надминување на постоечкиот безизлез.
Поддршката за Скопје од турското лоби во САД воопшто не е случајна. Тоа се случува откако македонскиот премиер Никола Груевски го отвори прашањето за имотите на македонските бегалци од Грција, а Турција им овозможи на македонските граѓани пристап до нејзините архиви за да можат да ги пронајдат документите и нотарските акти, кои би можеле да им помогнат при добивање на нивните барања, наведува „Катимерини“.
izvor:a1