Zlobnica, нема потреба да се караш со нив едноставно тоа што ги постираше студиите е повеќе од доволно. Кој повеќе го интересира повеќе ќе ги побара целите публикации бидејќи тоа што ти го постирање се само абстрактите (сижеата) од публикациите. Во комплетните публикации кои обично се не помали од 3 страни со ситен текст се наведни точни бројки и условите во кои се вржени испитувањата исто така се земени во предвид и некои фактори кои би можеле да влијаат односно да се одразат на резултатите на истражувањето, и од таму да им се одговорат прашањата со тоа што ја ги интересира со бројките односно колку грама канабис ако колку често се пуши каков ефект има.
Исто така злобница како медицинско лице би требао да ти е јасно дека уживателите на психотропна супстанца ретко се во состојба да ги согледаат односно да ги прифатат како точни резултатите до објективни научни исптиувања кои ги даваат истите резултати од повеќе различни центри. Најверојатно не морам да ти кажува дека во нивниот мозок е врежано дека нема жанси нешто што им принесува задоволство да биде штетно по здравјето.
А јас си стојам на збор дека марихуаната не е штетна по здравјето.
Манга стој си ти на тој збор ама научните истражувања кои од различни центри спореведени од различни научници ги даваат истие резултати кажуваат дека марихуаната е штетна. Дали ти тоа сакаш да го прифатиш или не тоа е твоја работа, ама ако ти си зацртал во главата и си убеден дека небото е зелено неможе никој да ти докаже ниту со експерименти кои ти лично би ги извел дека небото е сино.
Инаку само колку за информација публикации има еден куп во светов, но тие што се научно релеватни, напишани од релевантни биомедицински центри во светот се на
www.pubmed.com. Секоја публикација во биомедицинската област која ја нема на гореспомнатата страница, значи дека не се смета за научно релевантна и не е публицирана до ситражувачка група или центар кои нависитна се компетентни.
Ти буни се колку сакаш и не го признавај тоа, ама пак ќе ти го повторам примерот со бојата на небото.