Оваа игра со Бугарски пасоши не е ни малку наивна. Тука не се работи за празен стомак, мерак за шетање без граници. Кај повеќето што ги знам, приказната е сосем поинаква:
Завршил средно училиште и сака да студира. Е сега, Бугарија нуди многу поволни услови за студирање, дури и стипендии...????
Најголемиот дел, можеби и сите, набрзо доаѓаа со Бугарски лични карти. Добро, велеа дека така морало, за да можат да добиваат стипендии, бенефиции.
До тука ги разбирам.
Ама кога завршија и се вратија, на основа на личната карта си земаа и пасоши. Сакале да шетаат, и тое е ОК. Ама, набрзо почнаа премногу да ја глорифицираат Бугарија, нејзините предности, култура...Почнаа шират муабет како лесно се добива Бугарски пасош. Инфекцијата започна.
Тогаш веќе се јавија гладните, а Бугарите со широки раце ги пречекуваа и делеа државјанства и пасоши.Јаничарите ја завршија работата.
Сега прашање е дали имаме корист од 250000 Македонски Бугари, и дали ќе гласаат за Македонците во Бугарија, сигурен сум, НЕ, еве зошто:
1. Како може еден јаничар одроден, кој шета по Македонија, го јаде овој леб и го труе народов дека ние у ствари сме Бугари, ама не сме се разбудиле, да гласа за Македонци во Бугарија, нема теорија.
2. Оние другите, кои ги земаа пасошите после и кои се пишаа Бугари за да шетаат без визи во Европа, не им е гајле за Македонија, а камоли за Македонците во Бугарија.
Најголема добивка , за жал има Бугарија. За жал, пак добро не обработија. Ако ја следите проблематикава подолго, ќе видите дека сега за бугарски пасош се чека и до 4 години, порано беше експресно брзо. Значи, критичната маса потребна е достигната.
Ние уште не се изборивме да се признаат Македонците во Бугарија, а потрчавме да се прогласиме за Бугари. Чист автогол, самоубиство од заседа.
Сега ајде некој нека спомне Мекедонци во Пирин. Ќе рипне Бугарија и ќе рече: ние имаме 250000 Бугари во Македонија, има 250000 Грци ( многу Егејци се изјасниле како Грци -потпишале изјава во Атинската канцеларија за врски за да добијат Атинска виза, Атињаните сигурно ќе ги искористат и тие списоци), има 400000 Албанци, па Турци, па Роми , па Власи...
Кои Македонци,кои сте вие, каде сте, колку сте ????
Вршиме колективно самобришење на свеста и историјата, и криви ни се и Бугарија, и Атина и други.
Веќе стварно немам идеја како овој народ конечно да се освести , да се исправи и да каже : ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ.
Додека се освестиме, отиде името, отиде народот....
Дај да не се заебаваме, ако има Македонци, дајте идеи да се освестат јаничарите, оти кога ќе завршат 90 минути утакмица, после не е битно дали си имал шанса или не. Победникот добива 3 бода.Сите го слават шампионот.