Точно така. Затоа Руни беше под огромен психолошки притисок кога игравме со Евертон. Фановите го исвиркуваа, незнам дали има некоја поголема причина или едноставно љубомора затоа што не е повеќе во Евертон. Но Руни им покажа колку го сака Манчестер. Го бакнуваше амблемот пред нив и им даде до знаење дека живее за Јунајтед. Поради психолошкиот притисок, Фергусон беше приморан да го повлече од игра, затоа што знаеме колку е Руни темпераментен и тешко поднесув пораз, тешко поднесува кога ја губи топката, тешко поднесува неправди од судијата. Јас сум голем фан на играта на Руни. Многу пати сум кажал дека е посебен.Неверојатен мајстор за дриблање, постигнивање на голови, прилично брз за контранапади, и неверојатно борбен. Често пати знае да трча на секое делче од теренот и е играч кој мислам дека може да игра на секоја позиција. (освен голман
). Не го имам како голман видено, а можеби и таму е добар. Руни е непроценливо богатство на Манчестер кој допрво ќе биди уште подобар. Фудбалер кој го сака од срце клубот, па затоа не му паѓа на памет ниту на Реал, ниту на Интер, ниту на Милан.... и да не ги споменувам сите "идиоти" од клубови кои наводно сакаат да купат некоја звезда од Манчестер, а всушност сакаат само да предизвикаат внатрешни немири и психолошки пореметувања на играчите. Никој не го побарал Руни, не дека Руни не вреди туку дека е со целото срце идуша приврзан и верен на својот матичен моментален клуб, Манчестер Јунајтед. Тој е вистинска гордост на клубот, "хемиски катализатор", и "
локомотива која може да влечи еден куп вагони". Да ни е здрав и жив и уште долго да му служи на Манчестер.