Џони е ѕвер....Има страшен потенцијал и мислам дека за 2,3 години ќе биде еден од најдобрите стопери во светот.Страшен е !Еванс детето, детето, ама им го кажа вицот и ќе им го каже на ОТ. Нека мислат дека ќе извадат жива глава на Олд Трафорд, додека прават такви тактики подобро нека се молат Цезар да е во тип топ форма за наредниот дуел.
Ибракадабра?:kesa:
Аха Кики влегува во страшна форма и мора да добива повеќе топки.Едноставно незапирлив е,а и на домашен терен и голче ќе им даде.Човек на натпреварот дефинитивно Кристијано Роналдо!
Кога е во прашање Интер, Цезар е мен оф д меч.Ејј, не ми се верува дека изигравме 0-0.
Стварно не ми е јасно како може такви шанси да пропуштаме, можевме комотно 1-3 да победиме.
Разочаран сум од овој натпревар.
Човек на натпреварот дефинитивно Кристијано Роналдо!
Аха се случи тоа и што си мислев...О'Шеј е многу спор,а Ибра неколку пати го искористи тоа и ако имаше подобри центар шутеви ќе беше лошо но поминало.Се надевам дека Рафаел ќе се опорави до следната па тој ќе игра таму.Супер игра прикажана од наша страна не забележав некоја поголема аномалија. Малце Бербатов заебаваше па и Ошеј по десната страна беше несигурен. Другиве изиграа на ниво, направија шанси кои за жал не ги искористивме, особено онаа на Гигс па и Бербатов што имаше една шанса можеше да шутира, а тој одбра да подава. Сепак и Цезар ќе кажам уште еднаш си ја заврши работата, а тоа се виде уште од почетокот кога му ја одбрани на Роналдо топкана со глава што ја удри. Највеќе импресионираше Парк. Целата душа на терен ја остави и го испотепаа и пак играше. Сега да кажувам требаше не требаше не сакам поради тоа што ништо нема со зборење да променам. Сега треба да погледнеме кон наредните мечови, а тоа е финалето со Тотенхем во недела и после тоа од поинтересните мечови е реваншт со Интер и одма после тоа Ливерпул ќе го почастиме на Олд Трафорд со голови. Уште една добра околност Видич колку што знам се враќа во тимот и за финалево па и за реваншот со Интер.