Посебон: Игравме како Бразил
Манчестер Јунајтед синоќа го победи Квинс Парк Ренџерс со 1-0, Родриго Посебон ја споредува играта на Црвените Ѓаволи со играта на Бразил.Младиот Посебон синоќа доби шанса да заигра во тимот на Манчестер Јунајтед во натпревар од Карлинг Купот против Квинс Парк Ренџерс. Иако англискиот шампион победи минимално со 1-0 со голот на Тевез од пенал, Посебон е презадоволен од играта.
"Времето не беше како во Бразил, но играта што ја прикажавме беше како Бразил" - изјави Родриго Посебон.
"Ја додававме топката и многу добро ја држевме во нашите нозе. Требаше да бидеме трпеливи и да го чекаме голот".
"Карлос Тевез го изведе пенал одлично, и ние сите сме среќни поради победата".
Според Сер Алекс Фергусон, Посебон е еден од најголемите таленти, но фудбалерот уште на почетокот од сезоната беше повреден по еден старт од Погатец во дуелот против Мидлзбороу.
"Го вадам од главата она што ми се случи против Мидлзбороу, па добро е што менаџерот ми даде шанса повторно во првиот тим".
"Ова натпреварување е важно за младите фудбалери, бидејќи менаџерот го користи за да не стекне со поголемо искуство".
"Неверојатно е да тренирате со толку големи играчи секој ден".
"Секоја минута ја користам да научам нешто. Моето внимание е комплетно насочено на тренингот".
"Многу е добро тука, но убаво е кога ќе се добие можност да ги покажеш своите квалитети" - изјави Родриго Посебон.
Арсенал и Манчестер Јунајтед во четвртфиналето од Лига Купот
Фудбалерите на Арсенал се изборија за пласман во четвртфиналето на англискиот Лига Куп откако што во двобојот на Емирати го победија Виган со 3:0.
“Тобџиите“ настапија со вториот состав, но и “децата“ на Венгер беа пресилни за Виган. Погодоците ги постигнаа Џеј Симпсон (42,46) минута и Карлос Вела (70) минута. Интересно, просекот на годината на тимот на Арсенал е 19.
“Многу се гордеам на овие играчи и на квалитетот на изведбата која ја покажаа на овој натпревар. Тоа е најкомплетната млада екипа која некогаш сум ја имал. Тоа е одлична работа за иднина бидејќи клубот е во сигурни раце“, рекол по натпреварот Арсен Венгер.
Место во четвртфиналето избори и Манчестер Јунајтед со победата над КПР од 1:0. Единствениот погодок го постигнал Тевез во (76) минута од белата точка.