Тевез: Останувам во Јунајтед и ќе се борам за моето место
Карлос Тевез го прекина молчењето, во како што вели тој најтешката сезона во неговата кариера, и откри дека не планира да го напушти Манчестер Јунајтед
Медиумите започнаа да шпекулираат околу идината на Тевез, откако Аргентинецот го загуби местото во првиот тим на Јунајтед, а клубот сеуште не го направиле неговиот престој перманентен.
Напаѓачот вели дека нема намера да го напушти Манчестер и планира да се бори со Руни за место во стартниот состав,
“Сезоната се покажува дека е многу покомплицирана од другите и тешко обезбедувам место во првиот тим.” – рече Тевез.
“Конкуренцијата со Кристијано Роналди, Вејн Руни и Димитар Бербатов е неверојатна.”
“Овој клуб ја има најтелентираната напаѓачка линија. Ние разговаравме. Нема шанса да посакувам да го напуштам клубот.”
“Инсистирам, јас сум смирен, имам доверба во тренерот и тој во мене. Во овој спорт неопходно е да се биде трпелив, и јас ќе бидам.”
“Секогаш сум има предизвици во мојата кариера и мојата цел е сега да се вратам во најдобрата форма.”
“Има само 11 места во првиот тим и за напаѓачите е најтешко обезбедувањето на место.”
“Јас сакам само да му демонстрирам на тренерот дека треба да бидам во тимот. Никој неможе да се сомнева во мојата работа во Манчестер Јунајтед.”
“Минатата сезона пристигна овде по проблемите во мојот претходен клуб и на крајот сепак испадна успешна сезона.”