- Член од
- 25 септември 2007
- Мислења
- 1.436
- Поени од реакции
- 45
Парламентарните избори ги забавиле реформските проекции. Светска Банка го објави годинашниот извештај - Дуинг бизнис, ранг листата на 181 земја во светот беше соопштена директно од Вашингтон, преку конференциска врска со Скопје.
На врвот од листата најреформски земји - Азербејџан, Албанија, Киргистан, Белорусија.
„Јас ја посетив земјата и тимот ја посети земјата кон крајот на минатата година и ако некој ме прашаше која земја мислам дека ќе биде топ реформаторска во светот во следниот извештај, ќе кажев Македонија. Но, тоа беше пред да се случат изборите и политиката“, изјави Симеон Џанков, Светска Банка.
Поради напредокот во условите за почнување бизнис, регистрација на имот, добивање на кредити, даночна политика, надворешна трговија, Македонија годинава забележа скок за 8 места и сега се наоѓа на 71-то на ранг листата.
„Подобра од другите земји, од Србија којашто е на 94-то место, Хрватска е на 106-то место, подобри сме и од Грција којашто е на 96-то, од Полска, од Чешка“, рече Зоран Ставревски, потпретседател на Владата.
Земјава ја нема на листата на оние што направиле посериозни реформи за заштита на инвестициите, добивање на дозволи за градба, вработување.
„За реформите треба многу време, многу е важно земјата да продолжи со реформите. Македонија во последните две до три години направи поголеми напори, како на пример подобривање на условите за почнување бизнис и за регулаторниот амбиент“, изјави Маркус Репник, директор на Светска банка за Македонија.
Најдобри услови за водење бизнис има во Сингапур, Нов Зеланд, САД, Хонг Конг.
За разлика од годинава, лани Македонија беше рангирана на 4-то место, како една од водечките најреформски земји во светот.
A1

ama ozbilno malce pooptimisticki gledate na rabotite