Книги кои ве натерале да плачете

  • Креатор на темата Креатор на темата nicole_l
  • Време на започнување Време на започнување
Мене „Пајажината на Климентина“ и после више не заплакав :(

Се сетив...„Солунските Атентатори“. Колку имам плачено на оваа книга и пак да ја читам пак има да плачам...ептен се соживувам со неа
 
Нема такви,едноставно не внесувам емоции во тоа што го читам иако се внесувам целосно додека читам,али без емоции
 
Не сум некоја плачка...но кога се работи за некоја книга или филм, со тажна содржина, односно со содржина што ќе допре до мене...не можам, а да не се воздржам од плачење. Сум плачела на мн. книги...но ќе издвојам само неколку, каде навистина се соживеав со приказната и со дејствието. „Хари Потер“(5,6 и 7 дел, на крајот), „Чекори за сеќавање“, „Порака во шише“, „Белото циганче“, „Срце“, „Децата од павловата улица“, „Ромео и Јулија“, „Тристан и Изолда“...и уште мнооогу други!:smir:
 
децата од павловата улица........

само заборавив кој е автор...
 
Порака во шише....на крај е ептен тажна си се изнаплакав
Чекори за секавање(од истиот автор на порака во шише) ја читав во авотбус вракајки се од Блеград...несвесно си почнав да плачам и сите околу мене се чудеа што ми е:kesa:
 
На многу книги ми се имаат насолзено очите на последната беше СЕДУМ ДЕНА ЗА ВЕЧНОСТ на неа сериозно плачев
 
Мене шестиот дел од Хари Потер(Harry Potter and the half-blood prince),коа умре Албус Дамблдор!
 
Прва книга на која сум плачела веројатно е Малечката Фадета-Жорж Санд(во шесто), потоа на Чичко Горио-Балзак и:
Клетници - Виктор Иго.... Не да липам, ама пуштив солзи :smir:[quote/]
 
На многу книги ми се имаат насолзено очите на последната беше СЕДУМ ДЕНА ЗА ВЕЧНОСТ на неа сериозно плачев

Марк Леви на интересен начин ја долови ситуацијата, јас не плачев, но бев на раб да заплачам зошто ми делуваше толку не-фер ситуацијата помеѓу нив двајца.
Како мало дете.:kesa:
 
На Пиреј. Мислам дека нема ум ни срце шо можи да ги издржи тие описи и тие емоции во толку простодушни реченици.
 
Имам плачено на Пиреј, Трите ќерки на Г-ѓа Ли Јанг и Крпен живот, иако не ми е јасно сеуште за последнава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom