Книги кои ве натерале да плачете

  • Креатор на темата Креатор на темата nicole_l
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Мене лично ме расплакале ,,Девојката со портокали"-Јустејн Гордер, ,,Тристан и Изолда" и ,,Тунел"- Петре М. Андреевски. :( :cry:
 
Тврдина на Селимовиќ. На секоја ебана реченица ми идеа солзи. Затоа и ја баталив, не ми се допаѓа такво нешто.
 
Шиндлеровата листа.
Ама не плачев дур ја читав (зошто тогаш се концентрирав на буквите :icon_lol: ), туку после, од кога ја дочитав и седнав да размислувам за неа и си направив свој филм во глава, толку реален што убив од плачење.
 
“Чекори за сеќавање“...
Читави плачев. Додека не ми се замати видот од солзи не трепнував.
 
Сум плачела на 3 книги до сега.:kesa:

Сите книги се од Николас Спаркс. Човекот навистина го бидува за љубовни романи. Јас му симнувам капа. Тоа се ,,Чекори на сеќавање" ,,Страници за нашата љубов" и ,,Порака во шише"

А порано си велев мене книга да ме расплаче нема шанси, ама ете имало приказни кои можат да ме трогнат. Пред се тука ми се допаѓа што не се книги за идеална љубов и нема големи идеализирања и превеличувања, туку тоа се реални љубовни приказни како во секојдневниот живот, кои Спаркс толку добро ги вклопил во книги што е зачудувачки.

Плус за оние кои не сакаат книги да читаат за сите обие 3 бестселери има и филмови. Самите филмови се сместени во листите на најромантични филмови воопшто. Вреди да се погледнат ,,The notebook" ,,Message in a bottle" и ,,A walk to remember". Па и додека ги гледав филмовиве плачев :)
 
Убав избор Росонерка, ама покрај тоа што ги прочитав книгите што ги имаш наведено, а ги гледав и филмовите некако само кога ја читав „Страници на нашата љубов“ ме растажи.

Имам пуштено солзи на „Богородичната црква во Париз“ поради Квазимодо и неговиот несреќен живот. Повеќе ме погодуваат сурови животни приказни отколку љубовни истории. Исто така ме растажиле и ми предизвикале гнев настани од „Папата Јована“. Сигурно има уште ама не можам да се сетам сега, ако ми текне подоцна ќе се надополнам.
 
Во принцип мразам да плачам и тоа прави да ми биде непријатно.Но повторно, емоциите исто така многу многу не се присутни во мене, па и тоа ретко се случува.
Имам плачено на книга, сепак, Stealing heaven од Marion Meade.Најтрогателната приказна на која што сум налетала, не поради големината и силата на љубовта, туку поради кршењето на духот на девојката која што ја сметам за хероина и и се восхитувам од истата причина.

Тажно.:(
 
“Чекори за сеќавање“...
Читави плачев. Додека не ми се замати видот од солзи не трепнував.

Пред да ја прочитам оваа книга не верував дека некогаш ќе пуштам солза на книга... Но се деси.... На оваа прв пат а потоа на „На прв поглед“ и „Порака во шише“. И двете негови...
 
Хмм...најмногу сум плачела на Пиреј од Петре М. Андреевски.Тие што ја имаат прочитано-знаат зошто, а тие што не-им ја препорачувам.:pipi:

Сум ја читала. Додека ја читав на неколку пати ми навиреа солзи во очите, ама не плачев.

Исто и филмот The Notebook сум го гледала, ама не плачев само ми се насолзуваа очите по малку :). Стварно добар филм, кој не го гледал, да го гледа! Сега сакам книгата да ја прочитам.
„Страници на нашата љубов“ од Николас Спаркс така беше? :)
 
Досега не сум пуштил солза ниту на книга ниту на филм... може не сум ја нашол вистинската сеуште... единствено имам просолзено од учебникот по физика кога ме погодија во око.

Ајде препорачајте некоја книга :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom