Мртов уморен, ама ќе пробам да склопам два-триесет редови
На Кале стигнав 5 и кусур, уште свиреше првиот бенд, некои деца панкеришта
No Control, ама ме бендисаа како свиреа.
Е после нив, бендот поради кој брзав рано, рано да стигнам на Кале Last Act Of Defiance. После година дена ветувања на Лу дека ќе му ојдам на свирка најпосле му ојдов на свирка. За сите што не знаат само да кажам дека Лу и неговата гитара владејат, како и момците од бендот.
Е после со девојката на Лу ојдовме во бекстејџ кај што чув интересни мислења и информации. Најбитно е тоа што ми го кажа водителот Сашо, со кого летово седевме заедно на маса во Момир: со две пива Лашко, гратис енерџи дринк (СО 4% АЛКОХОЛ)
Бај д веј Зевсус и неговата весела дружина ги затекнав таму
ама тие само по пивото, не и по музиката, хахаха
Еден од организаторите спомна дека е многу задоволен од тоа како се одвива фестивалот и покрај заебот со временските неприлики (студ) и за единствено потфрлање го спомна гурманскиот дел. Пивофестот во Прилеп има добар момент во тоа што можеш да седнеш на маса и да ти донесат овал со 100 ќебапчиња па да се изнакркаш и да испиеш многу пиво попат. „Лесковачките“ роштиљи не се баш најорганизирани овојпат, ама ќе им се прости
Јас му спомнав да биде од 3ти до 6т септемви 2009
по мене би било таман. А кој термин ќе биде Пиволенд 2009, има време да се договорат организаторите.
Настапот на Dedicated For Life го проследив од бекстејџ, и можам да кажам дека се направи навистина голема шутка, што е за секоја почит. Одличен настап на ДФЛ.
Потоа се префрлив напред за да уживам во она за што дојдов, а тоа е ПИВОООО, и тоа многу пиво.
Почнувајќи од темно Лашко, со гратис BANDIDOS ICE (вкус на швепс, енергија на стандарден енерџи дринк, алкохол ко стандардно пиво) извонредно со еден збор кажано. Ах и темното Лашко ми се допадна, башка што е 50 денари
со 100 ден две пива и Бандидос. ОдлиЌно што би рекол Сусаро.
Потоа пробав XX темно, ама ми беше некако тешко, Бушавка си зема светло и и’ го пробав и ме бендиса многу, а моето некако го бутнав низ грло, 120 денари го платив, нема да го фрлам, хахахахахаха
Ретро Кабаре... извонреден бенд на млади музичари кои одлично свират, и ги имаат преработено некои од најпознатите македонски шлагери го ска-панк варијанта и звучеа одличноооо!!!
На Лот Лориен, заминав нагоре по Калето накај ди-џеј стејџот каде што ме пречека некое културно уметничко друштво, па се вративме назам и заземавме некоја потивка позиција каде што ги набљудувавме луѓето и се муабетевме на раат.
Е за Џака пак тргнавме накај среде. Машала бенд имаше човекот, плус другарчињата од Легијата... плус верни фанови... машала, не верував дека може да направи вака добра свирка, мада малку ми уништи впечаток тоа што си ја рекламираше свирката наредниот викенд во еден скопски клуб.
Иии... вториот дел од вечерта. Hypertech на грамофони. d&b фучеееееее
Народ, масовно на вториот стејџ пред тебе, масовно позади тебе, масовно надоле по Пиволенд... Jungle is Massive
Одлична атмосфера, позитивни вибрации, топлина, во сетот на ди-џејот, во танцот на луѓето... јас играв само по мајца, што на само 10 степени не памтам да ми се случило долсега во животот
Малку бед ми напраи другар ми Бобо кој реши да си иде одма после настапот на ЛЕТ 3. Кутриот тој, не знае дека ЛЕТ 3 секогаш се враќаат на бис, и додека овие имаа фуриозен настап тој ме чекаше во кола...
Крај на една прекрасна вечер.
п.с. Во меѓувреме во муабети со драги луѓе ни паднаа идеи, следната година, целото Кале да биде Пиволенд, да има повеќе штандови, повеќе простор за скара, повеќе простор за пиварите, повеќе простор за одмарање, повеќе од се