Идеална возраст за брак

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Индивудална работа.
Ставовите многу се менуваат кога си во посериозна врска :)
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Штознам која е идеална возраст,за секој различно.Сега сум 24 па уште 2-3 години може да рипнам в тавче :toe:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Па не знам дали има нешто такво, како идеална возраст за брак, ама знам дека идеална возраст за бременост е од 27-32 негде, па најверојатно и тоа е најсоодветно за брак. Имам некое размислување дека не сакам да брзам со сериозна обврска како бракот, сакам пред тоа да завршам школо со сите степени на образование што мислам да ги поминам, да си најдам работа, и секако да бидам доволно зрела за сопруг и деца. Иако, откако ќе стапам во брак не мислам првите 2-3 години одма да имам деца, би сакала да прошетам, да видам се, да се изнаживеам, па после да се посветам на семејство. Како и да е, после 25 години, секако.
 
I

indigo child

Гостин
ова ти сериозно??
П.С мое мислење.. 24/25 најтаман!
Зошто да не?
Спред мене твоите 24-25 ми се смешни.
Ко прво, неписмени ќе останат и двајцата. Во денешно време со факултет луѓе работат на шалтер у банка и земаат 500 евра плата. Со 500 евра не се издржува семејство.
Ко второ, не се созреани. Само за да се запознаат и да не прилагодат еден на друг им требаат 2-2.5 години. Што значи, би се фатиле на 22? На 80% од мажите уште им работат тинејџерските хормони на таа возраст.
Ко трето, шо ќе видам ја од животот ако уште на 25 мењам пелени по дома? Сакам да почнам да заработувам, да се прошетам малку, дали со дечкото, дали со другарките, не е битно. Да видам свет, шо би рекле, а не да се затворам дома до 3985749 обврски и да клацкам деца на 25.

Нешто во одбрана?

А да ! Забораив да кажам дека и асална работа не се наоѓа баш така лесно, шо значи ќе потрае тоа после факултет неколку години...
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496

26-27 за женско.
29-30 за машко.
Perfetto ! xD

ова ти сериозно??
П.С мое мислење.. 24/25 најтаман!
А колкава разлика има од 25 до 26, чудо едно.
--- надополнето: Jul 14, 2011 8:00 PM ---
Зошто да не?
Спред мене твоите 24-25 ми се смешни.
Ко прво, неписмени ќе останат и двајцата. Во денешно време со факултет луѓе работат на шалтер у банка и земаат 500 евра плата. Со 500 евра не се издржува семејство.
Колку години имаш?

Многу објективно гледате. Не е финтата до годините. Финтата е во карактерот на луѓето. Некој горе убаво рече, ако имаш сериозна врска се менува мислењето.

Аха, еве гледам, цела Македонија зема 2.000 евра плата па издржуваат семејство. Иди бре, луѓе со 12.000 денари издржуваат семејство. Ако некој зема 30.000 на 20 години кој му гарантира на тој некој дека за година, две, пет, ќе зема појше?

Ко второ, не се созреани. Само за да се запознаат и да не прилагодат еден на друг им требаат 2-2.5 години. Што значи, би се фатиле на 22? На 80% од мажите уште им работат тинејџерските хормони на таа возраст.
Пак многу објективно. Од кај го избаци ова 2-2.5 години? Правило е тоа? Јас знам луѓе кои беа во врска десет години, раскинаа, и по нови врски од некој месец се исповенчаа со други луѓе. Ти со некој можеш да бидеш 100 години, па пак можеш да не го познаваш.

Ко трето, шо ќе видам ја од животот ако уште на 25 мењам пелени по дома? Сакам да почнам да заработувам, да се прошетам малку, дали со дечкото, дали со другарките, не е битно. Да видам свет, шо би рекле, а не да се затворам дома до 3985749 обврски и да клацкам деца на 25.
Е ова ти е веќе субјективно. Као демек кога ќе се венчаш почнува пеколот? Аманте бе, дај нека не ви ја полнат главата разни натписи по интернет. Од кај знаеш, може поубаво ќе ти биде да клацкаш деца?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
некаде после завршување на факс...и добра работа...значи некаде 25-26...а женскиве почнаа пак на 14....
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
Pa zavisi od mnogu okolnosti... zrelosta na dvajcata, serioznosta, podgotvenosta za bracna zaednica... idealno spored mene 23-24 za devojki i 27-28 maski ,a i ako se ukaze dobra prilika zasto da ne i porano :D
 
S

Shellshock nam67

прво факултет после брак оти после книга нема да ти се фати :pos:
--- надополнето: Jul 14, 2011 9:55 PM ---
26-27 за женско.
29-30 за машко.
Perfetto ! xD
значи кај да е треба да се женам по твојава логика уште 2 години имам слобода :pos:
 
I

indigo child

Гостин
Колку години имаш?
Мала сум, не ме читај уопште.

Многу објективно гледате. Не е финтата до годините. Финтата е во карактерот на луѓето. Некој горе убаво рече, ако имаш сериозна врска се менува мислењето.
Во секоја тема се генерализира. Сегде се генерализира.
Јас знам луѓе шо и на 17 години биле психички многу посозреани за брак отколку некои на 40 со две деца.
Знам парови кои и да ми речат со нивните 20 дека ќе се зимаат, ќе им го оправдам бракот, пошо знам дека ги бива и дека се паметни и знам дека нема да имаат никакви пречки у тоа, знам и такви +30 за коишто ќе се фатам за глава ако чујам дека се женат/мажат.
Значи, генерализирам.
Повеќето мажи пред 25 не се ни обидуваат да имаат сериозна врска. Сакаат да „имаат провод“.
Ќе повторам, не сите, повеќето. Пак генерализирам.
Аха, еве гледам, цела Македонија зема 2.000 евра плата па издржуваат семејство. Иди бре, луѓе со 12.000 денари издржуваат семејство.
Драга моја, јас не сакам да се издржувам со 12.000 денари годишно.
Сакам да идам секоја година на одмор на море, во хотел со доручек, ручек и вечера, а не да готвам додека сум на одмор и да се туткам у еднособен апартман со 2 деца.
Сакам да се возам у пристојна кола, сакам да живеам во пристоен стан/мала куќа, сакам да имам пари да идам еднаш-двапати месечно на шопинг и да не му ја мислам дали да ги запишам децата во странство на факулетет или не.

Ако некој зема 30.000 на 20 години кој му гарантира на тој некој дека за година, две, пет, ќе зема појше?
Ако ти денес си жива, кој ти гарантира дека и утре ќе бидеш? -.-
Ако јас зимам 30к на 20 години (шо чисто сумњам дека постои вакво дете, со свој интелект да зима толкави пари на 20 години, ама ај, колку да ти докажам поента), тоа значи дека ја немам кај да ги трошам парите, пошо иам 20 години. Моите ме издржуваат и живеам кај нив у куќа, веројатно студирам сеуште. Тие 30к би ги тргала на страна и би си ги трошела на шетање и излети по Европа. Нормално, не сите. Во тој случај би била расипник.
Таман додека да стигнам 26, би имала прошетно добар дел од Европа, завршено факултет, со стабилна работа од 30к и мала заштеда на страна. Спремна за да клацкам деца по дома и би ми било голем мерак.

Работата е многу подруга ако си машко. If I were a boy, би собирал пари да отворам сопствен бизнис од кој би имал поголеми приходи од 30к у иднина, за ко ќе ми биде Тина жена, да и напраам 2 деца и да ја носам на одмор секоја година и да не се секира дека ќе треба да живее на кредити цел живот, ко шо праеле нејзините.

Гаранција, не можеш да имаш во никој случај. И татко ти Рокфелер да е.

Пак многу објективно. Од кај го избаци ова 2-2.5 години? Правило е тоа? Јас знам луѓе кои беа во врска десет години, раскинаа, и по нови врски од некој месец се исповенчаа со други луѓе. Ти со некој можеш да бидеш 100 години, па пак можеш да не го познаваш.
Моите се земале после 6 месеци врска и „уште функционираат“ (се караат секој ден али се гура некако). Знам друг пар кој се земал после 3 години врска и функционираат многу подобро од моите. Ја знам братучетка ми која има врска од веќе 11 години и врската и функционира беспрекорно. Чисто сумњам дека ко ќе се земат нешто ќе се смени.
Има и такви што раскинале долгогодишни врски. Има и такви шо се разведуваат бе. И сеа шо да праам ја? Да си речам: Па шо, и онака има и полоши од мене шо и после 2 месеци се земале, па после се развеле и виделе дека грешат, голема работа, еден брак.
Мислењето ми е многу субјективно, не објективно. Мене ми требаат 2 години најмалку (3 е супер) за да бидам сигурна дека тој е тој со кој треба да си го поминам животот.

Е ова ти е веќе субјективно. Као демек кога ќе се венчаш почнува пеколот? Аманте бе, дај нека не ви ја полнат главата разни натписи по интернет. Од кај знаеш, може поубаво ќе ти биде да клацкаш деца?
Јас не го реков тоа. За мене, поголема радост од дете во животот нема.
Мене и сега би ми било поубаво да клацкам деца отколку да седнам и да учам глупости, ама разумот ми вели: Поубаво е Тино децата да ти живеат без проблеми, без караници дома, без нервирања за кредити, без стегања дали треба да му купиш *вметнирандомименкакојасинтибисакалдајаимаибидалживотзанеа* на син ти и без страв дека утре ден ќе се разбудиш без спокој во себе и ќе бидеш неспособна да им пружиш љубов и внимание на своите деца, пошо ќе бидеш зафатена со доучување на средно/факултет за да најдеш работа.

А, да. Извини за многуброjните цитати.
И да, имам 16 години. <3
 
Kajgana Shop

На врв Bottom