Од 1 јануари пластичните ќеси забранети за употреба!

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ПРЕСЕЧЕ
Од 1 јануари пластичните ќеси забранети за употреба!

Наредбата е донесена вчера и стапува во сила од 1 јануари 2009 година, а за секој трговец кој нема да ја почитува, следува казна во износ од 6.000 евра. Исклучок се ќесите со носивост поголема од 5 килограми, кои купувачите ќе мора да ги платат

Министерството за животна средина вчера донесе наредба со која се забранува употреба на пластични ќеси. Оваа одлука ќе стапи во сила од 1 јануари 2009 година, а трговците кои нема да ја почитуваат наредбата ќе платат казна во висина од 6.000 евра. Исклучок се ќесите со носивост поголема од 5 килограми, кои купувачите ќе мора да ги платат.
- Забраната за употреба на пластични ќеси е детерминирана од проблемот со прекумерна употреба на пластичните ќеси кои станаа наше секојдневие, но и нивно неправилно одлагање. Целта ни е да се избегне создавање на ваков вид отпад кој има огромно штетно влијание врз животната средина со оглед дека нивното распаѓање трае повеќе стотици години, а ако горат, поради хлорот содржан во нив, се ослободуваат канцерогени материи. Од друга страна езерските и речните крајбрежја се затрупани од пластични ќеси и доаѓа до задушување на животинскиот свет во нив. Исто така, тие можат да бидат и причина за поплави поради затнување на атмосферската канализација, вели Неџафи Јакупи, министерот за животна средина и планирање.
Во иднина граѓаните ќе треба да се преориентираат на употреба на платнени или други видови торби од траен материјал, кој може повеќекратно да се користат. Според министерот Јакупи, една од причините за донесување на ваквата наредба е и тоа што во Македонија не постојат доволен број капацитети за собирање и рециклирање на ќесите, а од друга страна, како што вели, граѓаните покажуваат негрижа за нивно собирање и одлагање на определени места.
- Во насока на зачувување на животната средина, Министерството во своите наредни активности ќе обезбеди и поддршка за правните лица кои вршат собирање и селектирање на пластика и отпад од пакувања. Сметаме дека со спроведувањето на оваа наредба ќе се зголеми свеста кај граѓаните и трговците, а наедно ќе влијаеме на производителите и увозниците да дадат свој придонес преку увоз на биоразградливи ќеси, ќеси кои се рециклираат и кои можат повеќекратно да се употребуваат, како и платнени торби, додава Јакупи. Тој вчера напомена дека ваквата забрана е донесена во согласност со меѓународните процедури, но и дека успешно се спроведува во сите земји од Европската унија.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Конечно :helou:

Само ова требаше маалку побрзо да се изведе, ама и вака е добро и убаво смислено, останува уште во пракса да се изведе.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.595
алелуја...имало Господ!
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Конечно упм.Браво Грујо.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Ова беше последното од низата еколошки закони...браво само уште да се спроведат на дело...ова е веќе ЕУ :vozbud:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.487
Поени од реакции
7.978
Јас ќе почекам да го осетам мирисот па ќе мрчам или ќе фалам.
Сега за сега некако чудно ми е.
Додуша јас и онака нон стоп носам ранец :) Ќеси зимам за да групирам предмети во него, да не барам мемори стик пола саат меѓу паштети, чоколадо, и јогурт, пенкала итн. итн.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Оу јеаа, работат со полна пареа луѓево. Нема алкохол и цигари за малолетници (ИМА!), нема плукање, нема фрлање отпад, нема ни канти додуше, нема алкохол после 7, има скапо парно, има помалку место за непушачи отколку за пушачи (НЕМА), нема ќеси... Вртоглаво итаме кон Европа. Кај и да е и ќе се овозможи склопување хомосексуални бракови и на нашите Европски Македонци тоа нема да им пречи (ЌЕ ИМ ПРЕЧИ).

Се средивме, уште ќесите ни останаа. Освен што се палите колку се ова европски закони, не ве ли малку иритира што некако почнаа да ги исполнуваат европскиве норми по важност...од позади? Браво за немањето ќеси, ме интересира како комшијата што нема кола, има 70 години и најблиската продавница не му е дури ни блиску ќе ги довлечка глупите хартиени ќеси и како некоја тип топ средена женска што едвај ја намолиле да иде до продавница ќе ги носи производите во оние платненине карирани торби.

Не дека ми е песимистички настроен денов и ме иритираат часовите посветени на ќеси, ама има други битни работи што треба да се средат пред некој човек да треба да си ја плати ќесата ебате тоа.
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Ќе идеме у продавници као баба ми со цекерот платнен. :pos:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
И у што ќе повраќаме сеа бе? У торби? Или у хартивче? А мора у нешто, не смееш на улица, 50 евра казна по ново за пљук, за повраќање помножи со количината на течност исфрлена од оралната шуплина.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
И у што ќе повраќаме сеа бе? У торби? Или у хартивче? А мора у нешто, не смееш на улица, 50 евра казна по ново за пљук, за повраќање помножи со количината на течност исфрлена од оралната шуплина.
Агррр, знаев дека нешто ми фали!!! Ако ве интересира, а не ве, баш во неделата повраќав у ќеса! Ама очигледно требаше у ташната на мајка ми или у куферот! фаца1
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Овој закон и не ми смета баш, со оглед на тоа дека навистина треба нешто да се направи во поглед на загаденоста. Сепак не ми се допаѓа помислата да треба од дома со мене да влечам торба, бидејќи ете на враќање од некаде ми текнало да купам нешто. Да средат што побрзо во продавниците да имаат некои алтернативи.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Затоа луѓе повраќајте, уринирајте, пушете, фрлајте кај сакате до 1 јануари, после тоа правете го истото скишум.:pos2:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Алелуја, ова е најпаметната одлука што ја слушнав последниве години од кога сум жива. :)
Сериозно, редно беше. Уште да се спроведе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom