H
HITCH
Гостин
АУУУУУУ ЗБЕГА А?! ЕПА АЈ.......... МИСЛАМ ДЕКА ЈА УТНАВТЕ РАБОТАТА... Сакате да кажете нешто ама ко да не се разбирате... Тој само ти рече дека комуњариве не ги бива, а нивните поддржувачи или симпатизери како сакаш кажи молчат пред фактите...Какви докази бре...што збориш, не си ми некако јасен.
Кои се тие докази што ти ги поставуваш, па после твојот пост си замислуваш дека сите треба да молчат и да ти аплаудираат.
Што уствари се замислуваш ти дека си на форумов ?
Судија некој....џелат ?
Ти си обичен член на "Кајгана" исто како и Јас.
И исто како и Петко или Трајко.
Правилата на форумов подеднакво важат како за мене, така и за тебе.
Твоите аргументи се валидни исто како и моите.
Незнам од кај ти правото секогаш твоите наводни докази да ги воздигнуваш до граница на некој Манифест или Устав.
Разликата меѓу мене и тебе е што ти незнаеш да водиш дискусија на ниво.
И мислиш дека секогаш си ти во право.
Ако...биди си.
Јас разбирам човек да има цврст став...и тоа е во ред.
Но неможам да ти ја разберам арогантноста и вулгарноста во изразувањето, спрема секој член на форумот кој ќе се дрзне да спори нешто со тебе.
Неможам да го разберам ниту анимозитетот кој владее во тебе, спрема секој кој се коси со твоите ставови.
Дрскоста...која во некои ситуации е доблест, но некогаш може да те направи и магаре.
Сврти се малку наназад, и ќе видиш со кои зборови се обраќаш ти спрема неистомислениците.
Сврти се...и ќе ја видиш твојата дрскост....кога пред изборите му се закани на еден член на форумов, оти ќе му пуштиш инспекција во дуќанот доколку продолжи да пишува против власта.
Чувството на ПАРТИСКА моќ, е запрепастувачко кај македончето.
Му ствара виртуелна реалност во главата.
И после ти ќе ми збориш тука за обединување на Македонецот.
А како тоа ти сакаш да го обединиш народот ?
Со стап по глава и по уши на секој со различен политички став од твојот ?
И сеа пази еден момент.
Покрај твојата негативна репутација што си ми ја дал, и си напишал "лоботомиран полтрон".
Има уште неколку позитивни во знак на моја подршка.
И тоа не од "лоботомираните полтрони" како што ги викаш.
И не од оние со кои имам исти политички гледишта.
Туку од оние кои ја сваќаат поената на една демократска дискусија.
А тоа значи дека луѓето разбираат дека начинот на комуникација и култура, ја прави позитивна или негативна некоја личност.
А не политичката наклонетост.
А ти продолжи да се демаскираш.
И не уште една.
Уште десет негативни репутации додели ми.
Ми чуе мене дали ќе ми свети црвено...или зелено.
Со тоа само ја докажуваш твојата немоќ и беда.
И за на крај.
Ако веќе морам да избирам меѓу Киро Глигоров и Ванчо Михајлов или Тодор Александров.
Со гордост би го избрал Киро.
За бугарски крвници нема место во македонската историја.
Колку биле вие упорни да го протуркате тоа низ задната врата.
Јасна ми е вашата цел...како и на многумина на форумов.
И немој уште еднаш да си ме нарекол другар.
Тој збор за мене има големо значење.
А ти не си достоен да ме неречеш така.
За тебе во иднина можам да бидам само Господин.
П.С. НЕМОЈ ДА ГО БИРАШ КИРО НИ НИВ НЕ ГИ БИРАЈ АМА КИРО ЕПТЕН ЈА УТНА РАБОТАТА