Никој од тебе не бара почит, а и твојата почит мене ништо не би ми значела.
Си ги помешал лончињата нешто.
Пред се и се, треба да бидеш ЧОВЕК со минимум општа култура за да би разговарал со мене.
Културата не се учи во партијата.
Но како што гледам тебе партијата ти е појдовна точка во твоето ниво на комуникација со сите на форумов.
Со твоето ниво на култура што го поседуваш, муабет можеш да си правиш само со некој достоен на тебе.
Мене ми е испод секое ниво во иднина да губам живци на такви створења како тебе.
Се разбира доколку во иднина ти текне дека пред се треба да бидеш човек, а после симпатизер или член на партија, повели со дискусија... но таа да биде на ниво.
Во меѓувреме те ставам во ист кош со битушанецот, лионмк и уште два/троица папагали на кои не вреди да се трошат зборови.
Човек пред очи да ви ги постави доказите вие и натаму ќе се правите слепи и ќе ги браните засраните партиски интереси.
Ти го кажувам тоа што го мислам, за сите до еден овде што агитирате постојано..да не ве именувам нема потреба, и онака сите ја укапираа причината поради која сте дојдени овде.
Нема што да те погодува било која навреда, бидејќи за она за кое се залагате треба и да очекувате таков однос.
Па уште ќе продаваме морал и принципи, газејќи секакво ЧОВЕЧКО совесно размислување.
Што се замислувате, дека ќе не правите глупави при здрав мозок, дека ќе не понижувате и убедувате дека и мислите добро на земјава?
Не другар, вие само за вашето добро си гледате и ниту милиметар повеќе.
Црвенковски и СДС од 2005 до сега тотално ги сменија цврстите (ко пудинг) ставови во врска со името, ви постираме нивни изјави документирани по весници, а вие се правите на луди и ја префрлате топката.
Б.Ц. потпишува Грчки петиции за нивната Црква додека истите не ја признаваат нашата, уво не ви чуе.
Глигоров што не бил во својот живот само за да профитира, дали се само болни амбиции или уште пониски пориви во прашање ќе покаже времето како што почнаа веќе да им паѓаат маските полека.
Кога била Македонија окупирана тој се пишал БУГАР за да биде адвокат, доаѓаат комунистите од СФРЈ зема Српска лична карта и ја спроведува Српската политика кон Македонија, кога им треба на Грците самиот се декларира како СЛОВЕН кој нема никаква врска со Македонците, па доаѓа време кога треба да се излезе на референдум и наместо јасно да стои дефинирано “Дали сте за НЕЗАВИСНА Македонија“ им се наметнува, натура, присилува поточно, граѓаните да им дадат право повторно да ја врзат Македонија со Србија каде што би можеле да си ги задржат своите позиции на Српски вазали.
Тоа ли се Македонските ДРЖАВОТВОРЦИ?
И ред други работи, па ајде покажете доблест и признајте како изградени слободоумни личности дека оние што ги застапувате овде и ревносно браните, се најбедните анационални суштества кои светов ги знае.
Имаш НУЛА кредибилитет за било кого да “сместуваш“ во некакви си трули кошеви според твоите партиски критериуми.