Примерите од блиската историја се 93,94,2001 и 2004 година. Македонците сами себе си се душмани.
Референдумот за независност...хммм, ај да не ширам дискусија на тоа како реагираа некој од нашите “водачи“ и се противеа, како седеа на интонирањето на Македонската химна во парламентот.
Која победа над Англија?
Има Македонци кои во “недостиг“ на спортски успеси, стануваат Срби или Хрвати.
Не ја злоупотребувај смртта на Тоше!
Ајде да збориме за односот кој го добиваше додека беше жив, дали требаше да загине за да почнеме да го цениме како сега?
Јас реков дека постојат повеќе аспекти за да се дојде до заклучок.
Ама ти ко што гледам, само од политички гледаш.
Нерешеното во Англија за мене е победа....значи таа победа.
Жив ќе се изедам, зошто не навивам за некоја екипа од соседството, па душа да ти вадам тука.
Кој си ти некого да наречеш предавник, само затоа што навива за друга спортска екипа. Јас незнам со кое право вие влегувате во вакви авантури на мозокот. Што има врска спотрот со патриотизмот, кога и оној што навива за Арсенал и оној што навива за Партизан, заедно одат на градски да се радуваат на успесите на македонската фудбалска репрезентација, или тагуваат на поразите. До кога ќе ги слушаме овие твои глупости.
Ете Јас не ја слушам ниту Цеца, нит Гергана, ама слушам Дугме, Вањак и Јагоде. Бујрум направи ми го ќејфот, и изглупирај се за да докажеш, колкав предавник сум Јас.
Смртта на Тоше, Јас ја наведов како пример...за разлика од партијата чии интереси ги застапуваш, која тоа го искористи и злоупотреби за да собере некој глас + на изборите.
Популистички патриотизам.
И сеа ти на мене ќе ми продаваш бубрези ?
Паметиш кога пишував Јас пред изборите дека ДПМНЕ ја злоупотребуваат смртта на Тоше во партиски цели?
Паметиш дека устата пена ти фати за да докажеш оти тука нема ништо неморално.
И сеа ти на мене морал ќе ми продаваш. Бога ти?