Темата е името? Грција можеше да прифати какво и да е име, но не - сакаше по нејзино.
Значи, се одолговлекува, за да преговара со нас. А ние, ако само им одиме по меракот, не преговараме, туку само ги следиме.
Е па ако тие сакаат да се реши целосно проблемот, ќе мора да ја признаат Македонската нација, јазикот, писмото, културата, историјата и Република Македонија како таква.
Самите си бараа екстра преговори. Да не сакаа толку да си тераат по свое, ние ќе бевме Република Македонија (Скопје) - последниот предлог на Нимиц, кој тие го одбија, иако не смееја според договорите и ќе бевме во НАТО.
Е тоа е моќта на Грција - прават како сакаат, кршат договори што ги потпишуваат и никој ништо не им може. Ставаат вето, го попречуваат НАТО во развојот и пак никој ништо не им може.
Моќта на Грција е реална.
Но, Македонската нација е исто така реална. И не може никој да ја негира, освен самата таа. Тоа им е и целта.
Но ако ние сме Македонци, секогаш и секаде, никако нема да можат да ја избришат, освен со војна (па дури ни така). А уште една војна апсолутно не му е од интерес никому.
Па, ако нема војна, што сте се уплашиле? А ако има војна, ќе изгинете како Македонци (ако се држите како Македонци). Па тогаш, што сте се уплашиле?
А ако ви е страв од тоа да ве тапшаат по глава, што барате во државава? Емигрирајте во ЕУ, па вие тапшајте ги Македонците по глава. Тоа мода која трае со векови, но види чудо - не нè ништи сè уште и никогаш нема.
Македонската нација опстанува. Кој има проблем со тоа, негов проблем. Ќе мора да се соочат со нас, кога-тогаш. Од криење и негирање ништо не се прави.