Црвенковски подготвува државен удар

Член од
25 февруари 2006
Мислења
254
Поени од реакции
28
Уште не ми се верува дека имаме ваква издркотина од човек за претседател...

Претседателот Бранко Црвенковски деновиве ќе иницира средби со лидерите на СДСМ и ДПА Радмила Шекеринска и Мендух Тачи и ќе спроведе неколку мерки со цел да ја врати опозицијата во Парламентот.

Во оваа насока тој најавува план од три точки за овие две партии повторно да учествуваат во работата на законодавниот дом. Црвенковски рече дека ќе го помилува струмичкиот градоначалник Зоран Заев и нема да го потпиш е законот за употреба на јазиците кој доби поддршка и од меѓународната заедница, како и законите за работни односи, енергетика, експропријација, лобирање и адвокатура кои беа изгласани во Парламентот без партиите од опозициијата. Тој жали што нема ингеренции во однос на новиот собраниски деловник, бидејќи посакува измени и во него.

Шефот на државата почувствувал дека треба да реагира во моменти кога Македонија се соочува со опасност да не добие датум за преговори за членство во ЕУ поради актуелните политички случувања. На опозицијата и порача да се врати во Парламентот бидејќи политичките битки не се добиваат со бојкот.

-Чувствувам морална одговорност да направам обид овие проблеми да се решат. Доколку СДСМ заедно со своите коалициони партнери од опозицијата гарантира прекин на бојкотот на Собранието и на другите институции подготвен сум да го искористам своето уставно и законско право и да ги помилувам градоначалникот на Струмица Зоран Заев и неговите соработници кои се наоѓаат во притвор. Притоа на раководството на СДСМ сакам да му порачам дека со бојкот политички битки не се добиваат, а и на СДСМ како политичка партија вакви методи не му доликуваат.

Доколку ДПА гарантира прекин на бојкотот на Собранието и другите институции подготвен сум да не го потпишам указот за законот за употреба на јазиците и на тој начин да овозмо- жам повторување на собраниската процедура, овој пат во присуство и на опозицијата. Сакам да го потсетам и раководството на ДПА на ставот дека во оној момент кога било кое од седумте прашања важни за правата на Албанците ќе биде на дневен ред во Собранието, тие ќе се сфатат и ќе учествуваат во работата на Парлементот, вели Црвенковски.

Тој вели дека е свесен за ризикот да биде обвинет поради ваквите предлози, но е подготвен да го прифати.

Од друга страна Претседателот на Собранието Трајко Вељановски вчера упати писмо до Црвенковски во кое го повикува да се произнесе по законите кои беа изгласани во Собранието. ДУИ пак го повика Црвенковски да го потпише законот за употреба на јазиците и да се обиде опозицијата на друг начин да ја врати во Собранието.

Лапсус Претседател

Знае ли Црвенковски што ќе стори доколку СДСМ не се врати во Парламентот? Ќе го амнестира ли Заев или ќе потпише аболиција за него и неговите соработници.

Шефот на државата на вчерашната прес-конференција најпрвин најави помилување на струмичкиот градоначалник доколку опозицијата и натаму се реши да го бојкотира Собранието, не забележа дека погреши и во следните одговори рече дека ќе потпише аболиција. Колку за појаснување, помилувањето следува по веќе изречена правосилна пресуда, а со аболицијата, се запира натамошна судска постапка. Го осуди ли Црвенковски, Заев пред судот да го стори тоа?

Инаку аболицијата како мерка на Црвенковски не му е непозната. Во 2003 година кога поранешниот Претседател Борис Трајковски ги аболираш е од гонење за нарачување и извршување на прислушувањето во 2000 година, екс-министерката за внатрешни работи Доста Димовска и началникот на петтата управа во МВР, Александар Цветков, Црвенковски рече дека се оневозможува целосно расветлување на еден од најголемите скандали и се попречува објективна судска постапка.

Сега пак Црвенковски рече дека иако тогаш се противел станувало збор за легитимен потег на Трајковски. За неговата аболиција на Заев вели дека можеби ќе предизвика негативни реакции, но почувствувал морална одговорност да реагира на таков начин.

Со ова постои можност да продолжи серијата помилувања на Црвенковски. Тој пред извесно време помилува и двајца прилепчани кои беа осудени на затворска казна поради полнење на кутии во полза на СДСМ за време на локалните избори.

ПОΣО KANEI AΨTO TO ΠΟΛOI

Претседателот во последно време носи златен часовник за кој би сакале да знаеме која е неговата цена и која марка е. Своевремено Љубомир Фрчковски, како министер за надвореш- ни работи носеше златен саат Картие Паша, кој има цена помеѓу 15.000 и 20.000 евра. Се пишуваше: му го купиле Грците како благодарност што Македонија го прифатила името ФИРОМ. Претседателот има плата од околу 1.000 евра месечно. Со таа плата човекот купил скап, златен саат. Колку чини тој?!


Бранко - главен уредник

На начин кој сигурно не му доликува на еден шеф на држава, Црвенковски вчера одлучи наместо коректно да одговори на прашањата на новинарите, вербално да се пресметува со нив.

На прашање на новинарот од Сител дали тој се сомнева во исправноста на одлуките на судската власт бидејќи најави аболиција за Заев, Црвенковски исто како и Шекеринска пред неколку дена, одговори дека не се сомнева, но и дека е недозволиво одлуката за притвор на Заев да биде објавена во дневникот на една приватна национална телевизија.

Ова е необично совпаѓање на една шефица на партија и на Претседател на држава по повод објавувањето на веста за решението на Кривичниот совет, со кое на Зоран Заев му се определи мерка притвор.

Имено, веста како ексклузивна и сеуште официјално непотврдена ја објави Сител во дневникот во 18:00. Решението на Кривичниот совет беше готово во законскиот рок во 16:00 тој ден и испратено до МВР на понатамошно постапување.

Тоа што во 18:00 часот Сител ја имал веста, во новинарството е ексклузива. Трката по ексклузивна информација е работа на секој новинар. На Шекеринска и на Црвенковски им пречи што се работи за ексклузива на Сител.

Со ова Претседателот на државата и шеф на партија се мешаат во уредувачката политика на национална телевизија.

Но Црвенковски не остана само на Сител. На вчерашната прес конференција се обиде да игра улога на уредник и на Дневник. На прашање на новинар на Дневник дали ќе поднесе оставка од претседателската функција со цел да ја претрка власта во намерите да го смени законот за избор на претседател и тој да се бира во Собрание, Црвенковски одговори: -Не знам дали за ова прашање постои новинарски интерес или пак ова е желба на власта. Не се повлекувам, ќе ја извршувам функцијата до последниот ден од мандатот. Новинарот на "Дневник" не реагираше на циничното однесување на Црвенковски.

Вечер
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
А Вечер е Вмровски весник исто колку што е и Утрински комуњарски весник. Така да не ме чудат мегусебните спротивни обвинувања и препукувања. Тие ке ги има секогаш.:salut:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ostajte ja Nacka, blada kako i naFremeto, koga kenjase protiv DFUI i drkaxse na Ljubco. Sega drka na Gwujo i kenja protiv DPA.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
323
Поени од реакции
21
Тоа е бате гарфилд, секакви има на планетава :D
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Бранко Црвенковски ја суспендира Македонија за да ја врати СДСМ.
 
P

Princ

Гостин
Претседателот на државата НЕ МОРА да ги потпише законите кои ги носи владата. Да мораше, не ќе се ни најдеа пред него. Значи тој одлучува посебно за секој закон дали ќе го потпише, негово право. Ако проценил дека со непотпишување на два закона ќе ја среди политичката состојба кај нас, нека му е.
А дека заеба работа со Заев, заеба.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Pretsedatelot vo MKD nema nikakva uloga. Ako dva pati ne go potpise ukazot za zakon, a Sobranieto pak go izglasa istiot zakon, togas zakonot stapuva vo sila so celo pravno dejstvo, zosto Makedonija e parlamentarna demokratija, a ne pretsedatelska avtokratija.

Neka jade trici BC kolku saka, ama nema nikakva vlast coekot :je:
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Тој ако е издркотина сигурно ти си му го изнадркал! Да ти е*ам културата
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Добро, а каде е тука државниот удар?
Во насловот само....:pos:
Абе да се утепа чоек од смеење.
Црвенковски подготвува државен удар.:pos::pos::pos:
Неможам да се соземам од смеење.
Уште што нема човек да се изначита во вечер.
Ебате тимбаците ебате.
Па и авторот е анонимен.:pos:
Пази богати.
Од срам и нетреба да излезе од анонимност.
Државен удар.:pos::pos:
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
И јас два пати читам и никаде не гледам државен удар, а бе ове новинарите... бетер од курвите пред МРТВ се.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Можеби удира на државна.........Болница !:pos2:
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Па сега кога едни пишуваат за „Груевски го руши парламентот“ други ќе го пишуваат ова. :D

Македонска Реалност.
 
Член од
30 мај 2008
Мислења
830
Поени од реакции
27
Sto se nema da se izmisle,a G-dinot Pretsedatel si raboti spored Ustavot.Toa e vo necija korist,proturanjeto na edna izjava na Pavle Trajanov(glasnogovornikot na Gruevski) na golema vrata,pa ke vidime naskoro kako ke se odvivaat rabotite?A neli site znaeme kako!
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Sto se nema da se izmisle,a G-dinot Pretsedatel si raboti spored Ustavot.Toa e vo necija korist,proturanjeto na edna izjava na Pavle Trajanov(glasnogovornikot na Gruevski) na golema vrata,pa ke vidime naskoro kako ke se odvivaat rabotite?A neli site znaeme kako!
Павлос Трајопулус е секоја недела во Грција,дури се топори пред новинарите на една ТВ,со изјави дека одел малку да се одмори од напорната работа во фабриката на Гвујо.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom