Заплетканоста ќе ја побараш на некое друго место-на пример, почни од самиот себе.
дали постои нешто што еден од тие три бога го знае а другите не, или нешто што еден од нив го може а другите не, или нешто што едниот го има а другите го немаат?
Заедничка „особина„ од тројниот Бог е нивната природа/суштина, т.е. тие се Богови, што значи дека се неограничени, непојмливи, без можност за нивен конечен „опис„, дека се духови, дека се совршено едноставни и неделиви ...
Нивните поединечни особини се следните:
- Бог Отец е безпочетен, неограничен, долготрпелив, многумилостив, промислувач/планер на создавањето на духовнито и материјалниот свет;
- Богот Син е роден, има свој почеток (раѓање) во духовниот Свет, од Отецот ја наследува божествената природа, преку Него, Богот Отец ја реализира намерата за креирање на духовни и материјални категории; Богот Син се отелотвори преку Исуса Христа и не повика на спасение;
- Богот Свет Дух исходи/излегува од Отецот, ностител е на благодатната несоздадена енергија, животодател е на оние категории кои Отецот ги создаде преку Синот, и Кој ја раководи Црквата создадена од Синот и во неа ја дели благодатната енергија.
Она кое Отецот го наумува, Синот го реализира а Светитот Дух им дава/одзема живот на матералните/живите битија.
Трите Боги се единствени, неслиени, рамноправни, без хиерархија, без потчинетост ,туку се наоѓаат во личноста релација-непрекидно советување и промислување на нешатата во Вселената. Ја задржуваат својата улога во Светот, без мешање во работата на останатите двајца, туку се наоѓаат во апсолутно складно делување, кое ги чини единствени-делуваат како еден Бог. Она кое еден од Нив го знае, го знаат и другите двајца. Она кое едниот го наумил, другиот го „практикува„ а третиот го довршува.
Она кое го имат трите лика, тоа е нивната божественост, а нивните поединечни особини се во функција на особините од другите два лика-се надополнуваат еден со друг и одтаму призлегува нивната „компактност„.
Осеќам ќе биде занимливо
Не се ни сомневај во „занимливоста„-Бог е неограничен, а за него знаеме само онолку колку Он сака да ни открие...
П.С. Се надевам само дека ќе ме дополниш во она кое го пропуштив во постот...(Ха-ха-ха!)