Како го разбирате светото тројство?

  • Креатор на темата Креатор на темата neo_wmaster
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Многу време се мислам како може и таткото и синот и светиот дух да биде еден Бог. Од тука излегува дека синот ја оплодил Марија и се родил синот. Изгледа многу глупо. Ке може некој од верниците овде да ми го објасни ова. Поздрав и фала однапред.
 
Дедо боже
Исус
Дух
 
- Бог Отец-беспочетен, прапричина за сите нешта;
- Бог Син, роден од Отецот, преку Кого се се случило и настанало, поради спроведување на волјата од Отецот;
- Бог Свет ДУХ, Кој излегува од Отецот, Кој на дел од творенијата им дава живот и од Кој доаѓа благодатната нестворена енергија.

Трите Богови се три лика, три личности, кои еден во однос на друг се совршено складни во намерите и релизацијата од тие намери па затоа делуваат како еден Бог. Секој од нив има свои ексклузивни особини, кои се непреносливи на другите два лика, а заедничка особина им е нивната божествена природа/суштина, која е непренослива на нивните творенија.
 
Мики:aplauz::zver::pos:

Ова ти е брилијантен обид:pos: да политеистичката природа на христијанството ја објасниш како монотеистичка..само нешто се заплетка!:pos:
 
Прво Јованово Послание 5/7
Зашто тројца се Кои сведочат во небото: Таткото, Словото и Светиот Дух; и Овие Три се едно..
Мики:aplauz::zver::pos:

Ова ти е брилијантен обид:pos: да политеистичката природа на христијанството ја објасниш како монотеистичка..само нешто се заплетка!:pos:
Бог не е физичко суштество па за него да зборуваш за "составување" или "разединување"..за него не важат физичките закони, па оттука не зборме за повеќе личности туку за еден..проблемот е во нашето ограничено сваќање на просторот и времето.
Се работи за еден Бог во три објави..сингуларитет во плуралитет
 
- Бог Отец-беспочетен, прапричина за сите нешта;
- Бог Син, роден од Отецот, преку Кого се се случило и настанало, поради спроведување на волјата од Отецот;
- Бог Свет ДУХ, Кој излегува од Отецот, Кој на дел од творенијата им дава живот и од Кој доаѓа благодатната нестворена енергија.

Трите Богови се три лика, три личности, кои еден во однос на друг се совршено складни во намерите и релизацијата од тие намери па затоа делуваат како еден Бог. Секој од нив има свои ексклузивни особини, кои се непреносливи на другите два лика, а заедничка особина им е нивната божествена природа/суштина, која е непренослива на нивните творенија.

дали постои нешто што еден од тие три бога го знае а другите не, или нешто што еден од нив го може а другите не, или нешто што едниот го има а другите го немаат?
 
Три личности, три лика..тоа прашај го МИКИ, тој ги спомна...
што е до мене бројот на ликови е =0 или некој викаат празно множество.
 
Три личности, три лика..тоа прашај го МИКИ, тој ги спомна...
што е до мене бројот на ликови е =0 или некој викаат празно множество.
Тогаш ќе оставам Мики да ти објсани...
 
Нешто налик на шизофренија.
Па пошто си составен од дух, душа и тело размисли дали во себе гледаш три личности или една..и дали се работи за шизофренија..
 
Па пошто си составен од дух, душа и тело размисли дали во себе гледаш три личности или една..и дали се работи за шизофренија..
Ама си ситничар!...човекот мислеше на мултиперсоналити личност, ај да го поправам.
 
Мики:aplauz::zver::pos:

Ова ти е брилијантен обид:pos: да политеистичката природа на христијанството ја објасниш како монотеистичка..само нешто се заплетка!:pos:

Заплетканоста ќе ја побараш на некое друго место-на пример, почни од самиот себе.

дали постои нешто што еден од тие три бога го знае а другите не, или нешто што еден од нив го може а другите не, или нешто што едниот го има а другите го немаат?

Заедничка „особина„ од тројниот Бог е нивната природа/суштина, т.е. тие се Богови, што значи дека се неограничени, непојмливи, без можност за нивен конечен „опис„, дека се духови, дека се совршено едноставни и неделиви ...
Нивните поединечни особини се следните:
- Бог Отец е безпочетен, неограничен, долготрпелив, многумилостив, промислувач/планер на создавањето на духовнито и материјалниот свет;
- Богот Син е роден, има свој почеток (раѓање) во духовниот Свет, од Отецот ја наследува божествената природа, преку Него, Богот Отец ја реализира намерата за креирање на духовни и материјални категории; Богот Син се отелотвори преку Исуса Христа и не повика на спасение;
- Богот Свет Дух исходи/излегува од Отецот, ностител е на благодатната несоздадена енергија, животодател е на оние категории кои Отецот ги создаде преку Синот, и Кој ја раководи Црквата создадена од Синот и во неа ја дели благодатната енергија.

Она кое Отецот го наумува, Синот го реализира а Светитот Дух им дава/одзема живот на матералните/живите битија.
Трите Боги се единствени, неслиени, рамноправни, без хиерархија, без потчинетост ,туку се наоѓаат во личноста релација-непрекидно советување и промислување на нешатата во Вселената. Ја задржуваат својата улога во Светот, без мешање во работата на останатите двајца, туку се наоѓаат во апсолутно складно делување, кое ги чини единствени-делуваат како еден Бог. Она кое еден од Нив го знае, го знаат и другите двајца. Она кое едниот го наумил, другиот го „практикува„ а третиот го довршува.
Она кое го имат трите лика, тоа е нивната божественост, а нивните поединечни особини се во функција на особините од другите два лика-се надополнуваат еден со друг и одтаму призлегува нивната „компактност„.

Осеќам ќе биде занимливо:vozbud:

Не се ни сомневај во „занимливоста„-Бог е неограничен, а за него знаеме само онолку колку Он сака да ни открие...

П.С. Се надевам само дека ќе ме дополниш во она кое го пропуштив во постот...(Ха-ха-ха!)
 
Заплетканоста

Она кое Отецот го наумува, Синот го реализира а Светитот Дух им дава/одзема живот на матералните/живите битија.

Значи дур не науми нешто Отецот, Синот не прави ништо.
Даи нешто сепак и самиот Син може да науми па да оствари или не?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom