- Член од
- 25 февруари 2006
- Мислења
- 254
- Поени од реакции
- 28
Читам денес весник, дел од опозицијата се вратила на обврските со парламентот...не им е дојдено да протестираат у имена комунизма и ЗЗ...па така си швирнале во Вашингтон, малку Америка да ја видат...
Опозициските пратеници Весна Бендевска од СДСМ, Јован Манасиевски од ЛДП и Флора Кадру од ДПА се во парламентарната делегација што од неделата престојува во Вашингтон, САД, иако ја бојкотираат работата на Собранието. Со опозициските пратеници во Вашингтон престојуваат и пратениците Влатко Ѓорчев и Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ. Делегацијата престојува по покана од Комисијата за помош во демократијата на претставничкиот дом на Конгресот. Потврда за присуството на опозициските пратеници во САД вчера добивме од еден од членовите на делегацијата. Но, не можевме да добиеме одговор зошто пратениците од опозицијата не го бојкотирале престојот во Вашингтон. Во минатиот парламентарен состав имаше жестоки реакции кога пратеници на ДУИ патуваа во странство во период кога партијата протестираше и го бојкотираше Собранието. Тогаш куриозитет беше дека некои пратеници на ДУИ во Собранието земале пари и за патни трошоци иако не доаѓаа во парламентот.Евроамбасадорот Ерван Фуере и американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ испратија пораки дека опозицијата треба да се врати во парламентот. Фуере завчера по средбата со новиот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски, изјави дека бојкотот ја подрива работата на институциите во Македонија, а, од друга страна, и ги одвраќа странските инвестиции од земјата.-Ова е болест што мора да биде искоренета од Македонија и не смее повеќе да имаме бојкотирање на државните институции - рече тој. Според него, промовирањето инклузивен политички дијалог, во кој ќе бидат вклучени сите страни, е еден од најдобрите показатели дека постојат здрава демократија и добропоставени институции на системот.
Амбасадорката на САД, пак, одговарајќи на прашањето на ТВ „Алфа“ дали и какви последици може да има тоа што новата Влада се гласаше без опозиција рече:
- Не сум сигурна што може да произлезе од тоа, меѓутоа луѓето гласале за претставници во парламентот и тие треба да бидат во парламентот. Главното прашање е опозицијата да се поттикне да се врати во Собранието. Но, наспроти укажувањата од амбасадорите и патувањето во странство, мали се шансите опозицијата да се врати во Собранието. Не само поради почетокот на собраниската ферија, туку и поради, според партиски извори, фактот дека „за танго се потребни двајца“, како и неопходноста власта „да ја крене рачната“. Андреј Жерновски од ЛДП укажува дека досега секој став и сугестија од евроамбасадорот сериозно ја земале предвид. Но, потсетува на изјавата на Фуере со која го осуди усвојувањето на новиот собраниски деловник без општ консензус и присуство на опозицијата. Зашто, токму соработката со опозицијата и носењето закони со консензус е еден од осумте услови за добивање датум за преговори за зачленување во ЕУ.Сето тоа има смисла ако и другата страна се однесува исто кон тие сугестии. ЛДП ќе се врати во Собранието тогаш кога Владата ќе овозможи функционирање на демократијата во државата и ние тој став ќе го браниме пред нашите пријатели во Брисел - рече тој.Претседателот на НСДП, Тито Петковски, смета дека во овој момент не постојат услови за враќање на опозицијата во Собранието. Парламентот е распуштен до 25 август и дотогаш има доволно време за консултации и со опозицијата и со власта - вели тој.Стојан Андов од ЛП смета дека некои околности го прават беспредметно присуството на опозицијата во парламентот. Тој останува на својот предлог власта и опозицијата претходно да ги договорат условите за враќање на сите парламентарни партии во Собранието.Сериозни недоразбирања може да се надминат само со договор - вели тој.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера ја изрази својата загриженост по последните изјави и реакции од СДСМ со кои, како што рече портпаролот Александар Бичиклиски, заговараат и работат за поткопување на државните институции и системот на Република Македонија.Дејствување надвор од институциите не е правиот начин за легитимна политичка борба во нормална држава. Затоа, почитувани социјалдемократи, ве молиме поради интересите на државата, а не на вашата партија да не излегувате надвор од правилата на демократијата и да не го уривате имиџот на Република Македонија - рече тој.