30 дена притвор за Заев

Статус
Затворена за нови мислења.

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Citam edna kniga za poranesnit jugoslovenski sluzbi, i nivniot sud i egzekucija i pocnuva denesnava politika nasa da mi nalikuva na nejze samo vo blaga forma,
Далеку сме од блага форма...уште смртна казна фалеше пред да се докажи дека е виновен обвинетиот :je:
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
sto ke ti e sud koga ima koj da presudi:violent1::violent1::violent1:,,Presunpcija na nevinost,,

Jas predlagam Stecaj na site makedonski sudovi.
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
Ги има и тоа на купче, ем на глава им е се ова што се случува денес ем кукаат секој ден за даноци и други зголемени давачки и ем на крај краишта плукаат по СДСМ и бакнуваат плакати на ДПМНЕ :tapp: А најтрагично е кога за секоја нивна глупост или неуспех шо би рекле прилепчани курле му е крив.

Хехе колку ми смешен , но сите не кукат и се жалат .

За сите не е среќен живот да возиш мерцедес.
-----------------
Сите плачете по Тоше Проевски .
Ангел бил не ти знам што бил...

По преслушувањето на голем број од песните заклучив дека сите песни имаат една заедничка работа.

"Во името на љубовта , мирен живот и спокојство се одкажува од сите материјални добра. Најважно му е спокојство искреноста и вистината"

Се чудев зошто “Цреша“ ми е најмолинена песна.

Благодарение на оваа тема и случувањета со Заев го пронајдов клучот .

Во “Цреша“ е опишен раздорот на Македонците во секаков смисол е опишен Македонскиот народ .

Сите скитаме ,а патиме за мир и храмонија.
Ние сме народ на кој му треба малку да биде среќен.
------------------------------------------------
Наптените души кој штрајкуваат некој наивно си немат врска ни со Заев ни со политика .

Не се среќни со тоа што ќе влезат во тргоскиот и ќе купат нешто среќни се тоа што имат право да влезат во ваков објект. На едно место лукзуз и беда сепак хармонија.....
//Само од оваа страна го оправдувам
Прости меѓу оваа група “организаторите тешка и душа"

Оваа што е меѓу ------------------ не сакам да се гледа како политка бидејки се работи за великан и симбол на Македонија.

Што не оправдувам начино на кој е започнан цел обејкт тајноста и глупостите на Заев ...
Можеше и без нив.

Бидејки сакаме единство на Макдонците едните тврдат дека е виновен другите тврдат дека не е.
Ги разбирам тие што викат не е ...

Но во демократска држава дека опозицијата тврди дека е свесна и чесна .
Место да бара прекин на секакви постапки кој се законски.
Ако се тие толку чесни и искрени нека бараат ЈАВНО ИСПРАШУВАЊЕ ЈАВНА ПОСТПКА пред камери на МТВ па сите да знаеме за случајот.



Да ги видеме фактите и доказите тогаш ќе кажам има надеж за правна Држава .

Оваа е моето одјавување во оваа тема доколку има некој од синте ако ми одговоре како што треба би се приклучил повторно .
Уште еднаш се извинувам што го спомнав Тоше Проевски , но така можев да ја објаснам ситуација.
Благодарам на Разбирањето .
Мене ми е тешко кога гледам дека Браќа се карат за политичка партии бидејки пред блиско минато се бореа Браќа едни на Српската стрна други на Буграската страна ,а резлутатот го знаеме.

Кога си надовор од Македонија ги сваќаш вредностите на татковината
дрво без корен не постои.
Поздрав пријатна дискусија....
Koj ме свати нека му е со среќа , а кој не нека талка во водите на раздорот
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
so li nema da mu tekna na taj prost narod

PS: Nemam nisto protiv gradonacalnikot ama epten izreagiruva narodo...
Da placam za nekoj ' tret ' covek glupo mi e
Се гледа колку го почитуваш своите сограѓани (она болдираното)

ОД кај знаеш колку и што им значи овој човек на тие кои плачат за него, можеби им помогнал многу? има политичари кој сакаат да му помагаат на народот...
 
Член од
30 мај 2008
Мислења
830
Поени од реакции
27
Mislam deka na site im stana jasno deka Zaev e golem covek i deka pred se nema nikakva vina,ili mozebi ima?Sto e na pogresnata strana.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Заев најверојатно овие денови ќе биде пуштен на слобода. Најверојатно до понеделник, освен ако не се изврши уште некој политички притисок за негово понатамошно задржување.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Заев најверојатно овие денови ќе биде пуштен на слобода. Најверојатно до понеделник, освен ако не се изврши уште некој политички притисок за негово понатамошно задржување.
......mislam deka zabranija vnesuvanje na kofi za voda vo Sutka??? :)
 

ben

Член од
22 јули 2008
Мислења
70
Поени од реакции
0
Разговор со сведоците-
Фамилија Цуреви
„откако заврсила цела дискусија и откако судиите им доказале дека двапати зеле пари и откако тие признале судијата им рекол дека може да одат на трети спрат и да си земат пари за автобуска карта, еден од фамилијата рекол „Ама ние сме од Струмица ни рекоа дека не следува и пари за јадење“ !
Судијата им рекол како не ви е срам да помислувате на вакви работи ЗАЦРНИВТЕ 6 ФАМИЛИИ МАРШ НАДВОР !!!“
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.407
Поени од реакции
591
Разговор со сведоците-
Фамилија Цуреви
„откако заврсила цела дискусија и откако судиите им доказале дека двапати зеле пари и откако тие признале судијата им рекол дека може да одат на трети спрат и да си земат пари за автобуска карта, еден од фамилијата рекол „Ама ние сме од Струмица ни рекоа дека не следува и пари за јадење“ !
Судијата им рекол како не ви е срам да помислувате на вакви работи ЗАЦРНИВТЕ 6 ФАМИЛИИ МАРШ НАДВОР !!!“
Така е другар судија :salut:Веднаш да го ослободиш Македонскиот Нелсон Мандела и неговата дружина , и веднаш пикни ги говедава шо земале пари на двапати ! Па уште и пари за ужинка ти бараат ! Они ќе зацрнуваат невини Фамилии ...
П.С Не сум знаел дека опозицијата сеуште прислушува , па не части со овакви пикантерии т.е "вистини" :star:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Така е другар судија :salut:Веднаш да го ослободиш Македонскиот Нелсон Мандела и неговата дружина , и веднаш пикни ги говедава шо земале пари на двапати ! Па уште и пари за ужинка ти бараат ! Они ќе зацрнуваат невини Фамилии ...
П.С Не сум знаел дека опозицијата сеуште прислушува , па не части со овакви пикантерии т.е "вистини" :star:
Не бе...грешка си.
Таа со големите уши, беше аболирана.
И не беше од опозицијата, туку од дпмне.
А за награда грујо ја прати јабана (Мајка Блгариа), печалба да оди.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Кој го затвори Заев.

Личната судбина на Зоран Заев, младиот и харизматичен струмички градоначалник, на искушение во притвор, се претвара во типична одредница на македонското општество во една деликатна историска фаза.

Дали во истражен затвор е сместен невин човек, чесен и успешен политичар? Дали Заев е политичка жртва или тој и неговите соработници се огрешиле од законот и таму им е местото каде што се наоѓаат?

Кој го апси Заев? Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ поради политичка пресметка, или тоа е вообичаена процедура во држава каде што функционира правото, а независните судови и професионалната полиција си ја вршат работата како што тоа е практика во развиените демократии.

Одговорите на овие прашања би биле вистински патоказ каде оди Македонија. Но, дали е можно при ваква атмосфера и при вака поделена јавност и вакво судство да се дознае вистината. Јас мислам - не. Но, едно е сигурно. Ако навистина во прашање е политичка пресметка со жртвување на еден млад и успешен човек и ако затварањето на Заев е плод на омраза и суета, тогаш Македонија влегува во трагична фаза на своевидна диктатура каде што допрва ќе почнат страшните работи. А тоа би значело не само збогување со европеизацијата, туку многу извесно и со сопствената татковина, бидејќи тоа може да биде најава за длабока економска и политичка криза. Најмалку поради судбината на еден невин човек, туку поради примамливоста за злоупотреба на власта која од ден на ден прераснува во масовна практика.

По големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со ДУИ и по двотретинското мнозинство во парламентот, политичката пресметка во Македонија на изненадување продолжува со жестоко темпо што е налудничаво по триумфот на Никола Груевски. Да се има апсолутно мнозинство во парламентот и да се има таква голема поддршка во јавноста и личен висок рејтинг требаше тоа да значи четири години спокојно владеење и остварување на амбициозната програма. Меѓутоа, очигледно на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ не им доволно тоа, тие сакаат нокаутираната и грогирана опозиција целосно да ја отстранат од политичката сцена. Тоа не ќе да е на добро. Владеењето без опозицијата редовно завршува лошо. А често и трагично. Кога реализацијата на амбициозната програма гарантира уште еден мандат, далеку е од здравиот разум потребата за заострување на односите на политичка сцена. Освен ако програмата не е Потемкиново село и шарени балони, па вниманието треба да се сврти кон политичките противници. Барањето непријатели насекаде е стара фобија на ВМРО-ДПМНЕ. Омразата, зачната уште од почетокот на транзицијата, е веќе зла крв преточена во специфична политичка криза со назадување на демократските процеси за што веќе има сериозни забелешки од Европската унија и од граѓанскиот сектор на Република Македонија. Провинцијализмот, примитивизмот, политичката некултура и, што е најлошо, стравот цветаат во Македонија. Во таков амбиент нема успешни реформи. Нема иднина.

Само еден збор критика, па макар и најдобронамерна, е повод за сатанизација на докажани личности во јавниот живот на Македонија од страна на загарите на Никола Груевски и мегафоните на власта. Тие ги жигосуваат луѓето кои критички ги опсервираат потезите на власта. Ним им е малку да и' пеат оди на власта. Во Македонија стана храброст да се фали власта и критикува слабата опозиција.

Доминира злоупотребата на државната моќ и државните институции во партиски цели. Власта е без контрола. Опозицијата е немоќна. Македонија нема критична маса да го сопре самоволието на власта. За ниту едно прашање не се остава простор да се дочека вистината и неа единствено да ја утврдат и соопштат надлежните институции. Така е и случајот со Заев. Тој, како и многу други пред него, е осуден прво од медиумските приврзаници на власта. Тоа се виде кога камерите стигнаа пред полицијата да го снимат и овековечат апсењето на струмичкиот градоначалник. Тоа се виде уште подобро кога уредникот на ТВ Сител, „кој прв дознава“, ја соопшти одлуката за притвор на Кривичниот совет пред тоа да го направат судот и судиите.

Повеќе сознанија и факти многу кажуваат за „случајот Заев“. Првото апсење на Заев и неговото испорачување пред судот, пред ТВ-камерите предизвика цела лавина реакции на неговите симпатизери, а исто така предизвика и огорчување кај власта по одлуката на судијата да нема притвор. Одлуката на судијата Реџепагиќ да нема притвор и Заев да се брани од слобода предизвика шок во владејачките кругови. Министерството за правда очигледно не ја доживеа таа одлука на судијата како победа на демократијата и на судската независност, туку како пораз. Судството во Македонија влезе во затворен круг на целосна контрола преку поставување партиски активисти во Судскиот совет, во Врховниот суд и во Уставниот суд, а таква ориентација нескриено се наметнува и за Советот на обвинители. Судиите во македонските судови се под постојан притисок.

Затоа „случајот Заев“, како и некои пред тоа, стануваат исклучително важни дали ќе добијат правна и праведна разврска. По разрешувањето на „непослушни“ јавни обвинители, по притисокот врз Кривичниот совет и двете последователни жалби на Обвинителството, по притисоците на Министерството за правда врз судиите тешко е да се поверува дека некој судија сега може слободно и непристрасно да му суди на Заев. Притисокот е извршен. Создаден е амбиент на страв и бесправна држава. Заев е во притвор со образложение да не го повтори делото. Многумина се прашуваат дали тоа значи ако Заев е на слобода може да изгради уште еден таков центар или некој значаен објект во Струмица или, пак, се мисли да не направи „пак“ некаков криминал. Ако се мисли на уште еден значаен објект, тогаш тоа политичките противници не можат да му го простат. Нема град во Македонија каде што на имот кој е предмет на денационализација не се изградени објекти со амин на државните институции. Со масовно непочитување на законот и со толеранција на властите, тој станува неприменлив во практиката или се применува само селективно за политичка или некоја друга пресметка.

Секој нормален човек во Македонија се прашува како е можно во центарот на еден град да се гради импозантен објект од темел до покрив и тоа да трае со денови, со месеци, а некогаш и со години, и никој да не ги применува законските ограничувања ако станува збор за бесправна изградба. Секаде каде што владее правото, уште кога ќе го удриш првиот копач, ќе ве уапсат. А кај нас, откако сето тоа ќе биде изградено, ќе се отвораат политички случаи и да се собираат политички поени. Стратезите за рејтинзи и имиџ на Владата и на премиерот Груевски добро пресметале дека по секое филмско приведување со лисици на рацете рејтингот расте рапидно и на Владата и на премиерот. Понатаму, судбината на кривичните пријави, односно на луѓето што биле грубо омаловажени пред јавноста не е битна. Ослободувањето од обвинение по два или три месеци притвор во Македонија не го намалува рејтингот на тие што направиле вакви недела. Невини луѓе во затвор никого не вознемирува освен нивните најблиски. Веќе има доволно трагични случаи на невини луѓе кои се ослободени од прогон по спектакуларните апсења. Живеат повлечени од јавноста и осрамотени иако не се огрешиле од законот. Во Македонија за тоа уште никој не одговарал. Што не значи дека еден ден тоа нема да се случи. Нарушувањето на човековите права не застарува.

Извор Утрински Весник.
Автор Ерол Ризаов.
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.407
Поени од реакции
591
Зашто ова ми личи на Пинг-понг , се убедивме ли во нешто :nesum:
Каде е вистината овде , во текстовите на Ризаов и сличните на него , во изјавите на Б.Ц. и сличните на него ?
Дајте му шанса на градоначалникот пред судот да проба да си ја докаже својата невиност . Доколку е во право , тогаш , пред вистината нели и боговите молчат , а не па `злобниците` кои се на власт ! А доколку се докаже дека имало злоупотреба , тогаш соодветно нека биде казнет !
И тоа е тоа :star:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
НЕ гледам портокалови мои да се буните за блокадите во Чаир или пак тие се демократски па гукнете бре
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Зашто ова ми личи на Пинг-понг , се убедивме ли во нешто :nesum:
Каде е вистината овде , во текстовите на Ризаов и сличните на него , во изјавите на Б.Ц. и сличните на него ?
Дајте му шанса на градоначалникот пред судот да проба да си ја докаже својата невиност . Доколку е во право , тогаш , пред вистината нели и боговите молчат , а не па `злобниците` кои се на власт ! А доколку се докаже дека имало злоупотреба , тогаш соодветно нека биде казнет !
И тоа е тоа :star:
Моментално има две вистини.
Едната е дека Заев е толку глупав, и знаејќи дека власта ги демне на секој чекор градоначалниците од опозицијата, ја злоупотребил својата функција, и се стекнал со противправна имотна корист.
А другата е дека Груевски со Јанкуловска анд компани, ја злоупотрбиле нивната функција, во цел на политичка елиминација на противникот, од кого во иднина гледаат некаква закана.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom