Усвоените одредби во законот, според извори во владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се во согласност со Уставот, Рамковниот договор и принципите на ВМРО-ДПМНЕ.
Законот не предвидува употреба на албанскиот јазик како втор службен јазик на целата територија на РМ. Прифатено е претседателите на собраниските комисии од редот на Албанците да претседаваат на албански јазик.
Внатре во Собранието пратениците Албанци да можат да ги добиваат законите и другите материјали освен на македонски и на албански јазик. Новина со законот е во единиците на локална самоуправа граѓаните што се над 20% до подрачните единици на министерствата да можат да добија одговор, освен на македонски и на нивниот мајчин јазик.
Со законот не е прифатено командите во рамките на полицијата и одбраната да се издаваат и на албански јазик, министрите на официјалните настапи не можат да употребуваат албански јазик, односно ќе зборуваат само на македонски јазик.
Не е прифатено седниците на Собранието да се водат на албански јазик.
Освен овој закон со бадентер, усвоен е и Законот за територијална организација на локалната самоуправа. Со измените општините Другово, Зајас и Вранештица, кои според постојниот закон годинава требаше да се приклучат кон општина Кичево, ќе останат самостојно да функционираат до 2012 година, по што ќе и се приклучат на општина Кичево.